Македонска развојна фондација за претпријатија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Македонска развојна фондација за претпријатија
Call Directions Website Contact the organization

Македонска развојна фондација за претпријатија www.mrfp.mk | Визијата на МРФП намалување на сиромаштијата и невработеноста

Нашите цели: Подобрен пристап до финансиски услуги; Промовирано претприемништво; Иновации вклучени во главните текови; Развиени партнерства за развој; Обезбеден институционален и организациски развој

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на втората информативна сесија за Вториот повик за г...
08/05/2026

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на втората информативна сесија за Вториот повик за грантови „Зелена младина, зелен раст - Акции за зелена трансформација“.
📅 14.05.2026 (четврток)
🕚 11:00 часот
📍 Мултикултурен центар – Кочани
📌 ул. Маршал Тито
📍 https://maps.app.goo.gl/gKrz9UrpZYkm54NR9

На инфо-сесијата ќе имате можност да:
✅ дознаете кои се целите на повикот
✅ научите како да аплицирате
✅ разберете кои трошоци се прифатливи
✅ и директно да ги поставите вашите прашања

💶 Поддршка до 15.000 евра за иновативни зелени проекти!
📧 Пријавете учество најдоцна до 13.05.2026 на:
[email protected] | +389 72 595 376

💚 Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведува МРФП во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.

🌱 Заедно можеме да создадеме почиста и поздрава иднина!
#ЗеленаМладинаЗеленРаст #ЕУсоТебе #зелениакции #иновативни

Денес ја одржавме првата информативна сесија за вториот повик за финансиска поддршка за грантови „Зелена младина, зелен ...
08/05/2026

Денес ја одржавме првата информативна сесија за вториот повик за финансиска поддршка за грантови „Зелена младина, зелен раст – Акции за зелена трансформација“. 🌱

Повеќе од 40 претставници на граѓански организации имаа можност подетално да се информираат за Повикот, условите за аплицирање и можностите за поддршка, како и да добијат одговори на своите прашања.

Благодариме на сите учесници за интересот, активното учество и посветеноста кон зелената трансформација и младинското учество во создавање одржливи заедници. 💚

🌿 Имаш идеја за зелена акција? Време е да ја реализираш!Ве покануваме на онлајн информативна сесија за Вториот повик за ...
05/05/2026

🌿 Имаш идеја за зелена акција? Време е да ја реализираш!
Ве покануваме на онлајн информативна сесија за Вториот повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација, каде Вашата организација може да дознае како да аплицира и спроведе иновативни зелени проекти во локалната заедница. 🌍💡
📅 08.05.2026 (петок)
🕚 11:00 часот
💻 Онлајн: https://us02web.zoom.us/j/82662381915 (Meeting ID: 826 6238 1915)

На инфо-сесијата ќе имате можност да:
✅ дознаете кои се целите на повикот
✅ научите како да аплицирате
✅ разберете кои трошоци се прифатливи
✅ и директно да ги поставите вашите прашања
💶 Поддршка до 15.000 евра за иновативни зелени проекти!

📧 Пријавете учество најдоцна до 07.05.2026 на:
[email protected] | +389 72 595 376
💚 Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведува МРФП во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.
🌱 Заедно можеме да создадеме почиста и поздрава иднина!
#ЗеленаМладинаЗеленРаст #ЕУсоТебе #зелениакции #иновативни

🌿ВТОР ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ: „Зелена младина, зелен раст - Акции за зелена трансформација“🌿Дали сте граѓанска организација к...
24/04/2026

🌿ВТОР ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ: „Зелена младина, зелен раст - Акции за зелена трансформација“🌿

Дали сте граѓанска организација која има иновативна зелена идеја што може да донесе вистинска промена во заедницата? Време е вашата идеја да прерасне во реална акција за почиста, позелена и поодржлива иднина! 💪💚

Преку проектот „Зелена младина, зелен раст“ објавен е втор повик за доделување грантови за акции за зелена трансформација.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање: https://tinyurl.com/2x24y3kf

👉 Целта е да се поддржат акции за спроведување иновативни зелени иницијативи кои ќе:
🌍 придонесат кон борбата против климатските промени
🌳 заштита на животната средина
♻️ унапредување на циркуларната економија
📅 Рок за аплицирање: 8 јуни 2026 година, до 16:00 часот

Право на аплицирање имаат организации регистрирани согласно Законот за здружeнија и фондации, кои се основани, имаат седиште и ја спроведуваат акцијата во oпштините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница, било кои општини од Југоисточниот плански регион, било кои општини од Југозападниот плански регион или општини во Североисточниот плански регион.

Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија (ЏА) и Центар за едукација и претприемништво Можности (ЦЕП Можности).




#ЕУсоТЕБЕ

Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатиј

🖤 Во спомен на Данило Митов (1960 - 2026) кој како вработен во МЦМС беше дел и од МРФП. Почивај во мир драг Дачо.
17/04/2026

🖤 Во спомен на Данило Митов (1960 - 2026) кој како вработен во МЦМС беше дел и од МРФП.

Почивај во мир драг Дачо.

🤝 Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство 🇲🇰🇳🇱 Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФ...
21/01/2026

🤝 Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство 🇲🇰🇳🇱

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

💬На средбата беше истакната улогата на холандската поддршка во развојот на МРФП и МЦМС, како и нејзиното долгорочно влијание врз институциите, организациите и лидерите во земјата.

🇳🇱 Амбасадорката Џанел изрази задоволство од одржливите резултати и беше отворена можноста за идна соработка.

📌Embassy of the Netherlands in North Macedonia

🔎 Прочитајте ја целата вест на следниот линк: 👇
https://shorturl.at/6atdw

Address

Никола Парапунов бб, 1060 Скопје, Македонија
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонска развојна фондација за претпријатија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Македонска развојна фондација за претпријатија:

Shortcuts

Share