Rotaract Club Skopje

Rotaract Club Skopje Young adults taking action for positive change. Meetings every Tuesday 20:00

Основачката група за клубот беше формирана во јуни 1995 година, а официјалното одобрување и прославата за почеток на работата на клубот се случи на 9 март, 1996 година. Имаше специјална свеченост за РТК Скопје на 30 април, 1996 година во Фиренца, Италија во облaста 2070. Низ годините, во клубот членувале повеќе членови, а моментално имаме 15 активни членови.

Најзначајни акции

* Пролетта 2009 го

дина беше одбележана со акцијата ЖОЛТ АПРИЛ. Поттикнати од проблемот со кој се соочуваат лицата со оштетен вид во нашето општество, нашиот клуб ги избои скалите и приодните влезови на повеќе институции со жолта боја, која е лесно перцептивна за овие лица

* Најголемата акција на Ротаракт клуб Скопје е проектот ЧЕКОР КОН КУЛТУРАТА чија основна цел е зголемување на културната свест за дискреција и почитување на туѓата приватност кај граѓаните на Скопје преку поставување на жолти ленти. Овој проект е носител на наградата на Rotary International за најдобар проект на ниво на Европа за 2003 година.

* Проект за поддршка на борбата против точење на алкохол на малолетни лица, со поставување на плакати во скопските кафулиња, ресторани и диско-клубови

* Низ годините сме организирале бројни акции и проекти, како донација на нови пижами за пациентите на Клиниката за педијатрија во Скопје, акции за помош на раселените лица од кризните региони во нашата земја и за поддршка на раселените лица од кризата во Косово

* Нашиот клуб ја организираше првата Регионална конференција на Ротаракт клубовите од Југоисточна Европа, која се одржа во Скопје во септември, 1998 година



Традиционални акции

* На 1. декември секоја година, започнувајќи уште од 1998 година, организираме голема забава за активно промовирање на светската кампања за борба против сидата. Собраните средства ги користиме за печатење на брошури кои содржат информации за превенција од сида кои се дистрибуираат до средношколците низ Македонија

* На 31. октомври за Ноќта на вештерките ги посетуваме децата од Домот за деца со социјално воспитни проблеми и ја поттикнуваме нивната креативност преку цртање и изработка на фенери од тикви и најкреативните секогаш се наградуваат

* За Нова година, ги посетуваме децата од Домот за деца без родители, децата од Домот за деца со социјално воспитни проблеми и децата сместени на Клиниката за онкологија во Скопје на кои им подаруваме новогодишна елка и пакетчиња

* Дружење со лицата од Домот за стари лица преку рекреативни активности како што се прошетки во Градскиот парк

* Донирање на книги на библиотеките во нашиот град

* Организирање на забави, спортски турнири за да го
поттикнеме дружењето на младите од нашиот град

* Ротаракт клубот Скопје учествува на саемот за невладини организации со цел промоција на клубот и неговите активности

Со свечено примопредавање на претседателската функција од Елена Лошкова на Мартина Даскалова , официјално го започнавме ...
01/07/2026

Со свечено примопредавање на претседателската функција од Елена Лошкова на Мартина Даскалова , официјално го започнавме новиот мандат и го претставивме новото раководство кое ќе го води клубот во претстојната ротаријанска година.

Вечерта беше уште посебна со приемот на 4 нови членови во нашето ротаракт семејство. 🎉 Нивната енергија, ентузијазам и желба за придонес се дополнителен мотив за нови проекти, нови идеи и уште поголемо влијание во заедницата.

Му благодариме на досегашното раководство за посветеноста и постигнатите резултати, а на новиот тим и новите членови им посакуваме многу успех, инспирација и незаборавни моменти! ⚙️✨

Со голема радост го посетивме подрачното училиште во село Манастирец, каде што знаењето и детската насмевка живеат и пок...
17/06/2026

Со голема радост го посетивме подрачното училиште во село Манастирец, каде што знаењето и детската насмевка живеат и покрај малите бројки – само 11 ученици, меѓу кои и еден полуматурант.

Преку заедничка донација и соработка на Ротаракт клуб Скопје, Ротаракт клуб Камен Мост и Балкан Дентал Клиник, при Меѓународениот Балкански Универзитет , успеавме да придонесеме за подобри услови за учење и развој на овие вредни деца.
Веруваме дека секое дете заслужува поддршка, внимание и еднакви можности за успешна иднина. 💫🎈🧸❤️

✨ 30 години посветеност, пријателство и служба во заедницата! ✨Со голема чест го одбележавме јубилејот – 30 години Ротар...
16/06/2026

✨ 30 години посветеност, пријателство и служба во заедницата! ✨

Со голема чест го одбележавме јубилејот – 30 години Ротаракт клуб Скопје. Три децении исполнети со проекти, хуманост, лидерство и создавање позитивни промени во нашата заедница.

Особено сме горди на успешната хуманитарна аукција на слики, создадени од талентираните деца од ДСУРЦ „Наум Охридски“ во соработка со студентите од ФСС при Факултетот за ликовна уметност. Со нивната креативност и поддршката од сите присутни, покажавме дека уметноста има моќ да обединува, инспирира и да прави добро.

Голема благодарност до сите гости, поддржувачи, донатори и пријатели кои беа дел од оваа значајна вечер. Заедно продолжуваме да градиме подобра иднина и да го шириме духот на хуманоста.

💙 30 години традиција. Безброј дела. Уште многу успеси пред нас.

CommunityImpact

🎉 30 години заедништво, хуманост и дела со значење!Ве покануваме заедно да го прославиме нашиот 30ти јубилеј под мотото ...
26/05/2026

🎉 30 години заедништво, хуманост и дела со значење!
Ве покануваме заедно да го прославиме нашиот 30ти јубилеј под мотото UNITED FOR GOOD и да бидеме дел од посебна хуманитарна уметничка аукција со уникатни дела создадени од учениците од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“ со поддршка на уметници и студенти од ФЛУ.

📅 05.06.2026
🕔 17:00 часот
📍 Кафе Култура

Со вашето присуство ја поддржувате креативноста, хуманоста и заедништвото. Ве очекуваме!

💌
12/02/2026

💌

Спремни за нај љубовниот ден ♥️🙏🏼
2024-2-MK01-ESC51-VTJ-000261008

Save the date - Rotaract предновогодишна забава!🎄
🗓 12.12.2025
⏰ 20:00
📍 Atelje BarЗаедно со ,  и  ќе го прославиме крај...
02/12/2025

Save the date - Rotaract предновогодишна забава!🎄

🗓 12.12.2025
⏰ 20:00
📍 Atelje Bar

Заедно со , и ќе го прославиме крајот на годината со музика, забава и празнична атмосфера, која како и секогаш ќе биде со хуманитарна цел!✨

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotaract Club Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotaract Club Skopje:

Shortcuts

Share