13/10/2025
🚶♀️🚴♂️ Група од 13 граѓански организации упатија заедничко барање до сите кандидат(к)и за градоначалници/чки на Град Скопје, општините во Скопје, Битола и Кочани — да ја поддржат и потпишат Декларацијата за развој на урбана мобилност која е еколошки, родово и економски одржлива.
Истражувањата на ЦИКП покажуваат дека:
🚍 Жените почесто пешачат и користат јавен превоз, кој често е нередовен и небезбеден.
🚗 Мажите почесто користат автомобили.
♿ Лицата со попреченост и родителите со колички секојдневно се соочуваат со непристапна инфраструктура.
Со потпишувањето на Декларацијата, кандидат(к)ите се обврзуваат дека, доколку бидат избрани за градоначалници/чки, ќе работат на:
✅ Развој на безбедна и пристапна велосипедска и пешачка инфраструктура
✅ Урбанистичко планирање со родова перспектива
✅ Правично субвенционирање со фокус за ранливите групи
✅ Кампањи и едукација за безбедно и одржливо урбано движење
✅ Намалување на автомобилскиот сообраќај
✅ Квалитетен, редовен и инклузивен јавен транспорт
🌍 Заедно можеме да изградиме градови кои се позелени, побезбедни и попристапни за сите.
#ОдржливаМобилност #ЗелениГрадови #РодоваЕднаквост