16/11/2025
РУСКАТА КРЕАЦИЈА БУГАРИЈА
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Од уста не може да не’ одлепи официјална Софија, со обвинување дека во Македонија владее проруска номенклатура. Посебно сега, кога нели, конјуктурно е антируското расположение, откако Брисел и Вашингтон не успеаја да ја поделат Руската Федерација преку војната во Украина. Повеќе од јасно е дека во Украина не војуваат Русите и Украинците, туку НАТО и Руската Федерација! На крај, жалосно, но вистинито, Украинците ќе бидат само колатерална штета со шарлатанот Зеленски, а виновници за војната во Украина ќе останат Европската Унија и Соединетите Американски Држави...
Ама, во Софија забораваат дека Бугарија е руска креација после Руско-Турската војна 1877-1878 година и Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година, за Русија да излезе преку Македонија на топлите мориња! Затоа и се слави 3 март како Национален празник на Бугарија!
Во Софија, исто така, се заборава, дека Бугарија беше дел од Варшавскиот договор на чело со Москва, дека бугарскиот јазик е композиција на Русија!
Бугарија дури четири пати барала да стане шеснаесетта држава во поранешниот Советски сојуз на социјалистичките републики - СССР! Едногласно изгласале, јале рубљи, суверенитетот го гледале како “да имаат само за јадење и пиење“...
Денес, со замена на тези, да се слуша реториката на Софија, дека Македонија и Македонците се дело на Коминтерната и Москва, дека Македонија е производ на проруска политика и интереси, дека “антибугарската политика во Македонија е проруско масло“ е исто како филмот “Изгубени во вселената“ или приказаната за “Алиса во земјата на чудата“!
Но, за Софија и се’ е можно, како со рекламата за пивото “Со Скопско и се’ е можно!“
Е, затоа им требаат шарлатани во Македонија како Заев и Ковачевски, урнебесот во Софија, да стане “реалност“ во Македонија! Сепак тоа е невозможна мисија!
На вакви небулози, да им се приклучат софиски врховисти во Македонија како “етнички бугари” и да им држат лекции на Македонците дека се бугари е дијагноза за терапија.
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!
https://fb.watch/gKM8VAsAit/