NVO Zdruzenie Alternativa

NVO Zdruzenie Alternativa ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА ХУМАНИ СИСТЕМИ – АЛТЕРНАТИВА

08/04/2026

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Во петокот, на 27 март, во просториите на Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, се одржа исклучително...
28/03/2026

Во петокот, на 27 март, во просториите на Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, се одржа исклучително значајна и конструктивна работна средба помеѓу тимот на НВО Алтернатива и раководителите на службите во Центарот.

Овој состанок претставува важен чекор во процесот на операционализација на нашата улога како лиценциран давател на социјалната услуга советување во заедницата, согласно потпишаниот Управен договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Во суштина, не станува збор само за воспоставување соработка, туку за усогласување на системски процеси – начин на упатување, координација, следење и поддршка на корисниците – со цел да се обезбеди навремена, континуирана и квалитетна психо-социјална грижа за оние на кои им е најпотребна.

Средбата се одвиваше во атмосфера на отвореност, професионалност и заедничка одговорност кон системот на социјална заштита.

Изразуваме искрена благодарност до тимот на Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје за нивната подготвеност за соработка, јасната ориентација кон решенија и поддршката во овој процес.

Веруваме дека ова е почеток на силно партнерство, во кое институционалниот систем и лиценцираните даватели на услуги функционираат како комплементарни делови на една поширока структура – насочена кон заштита, поддршка и развој на луѓето и заедницата.

#СоцијалнаЗаштита #Партнерство #Советување #СистемскиПристап

Заедно во сеќавањето. Заедно во поддршката. 🖤🕯️
18/03/2026

Заедно во сеќавањето. Заедно во поддршката. 🖤🕯️

27/02/2026

🤝 Потпишан Меморандум за соработка со АЛТЕРНАТИВА ГРУПАЦИЈА

Со цел унапредување на поддршката за младите и учесниците во нашите програми, потпишавме Меморандум за соработка со АЛТЕРНАТИВА ГРУПАЦИЈА, организација фокусирана на личен развој и промоција на менталното здравје.

Соработката ќе опфати:

🔹 Обуки, тренинзи и академии за различни целни групи
🔹 Менторство, практична работа и стажирање
🔹 Заеднички проекти и размена на знаења согласно европски стандарди

Ова партнерство ја зајакнува интегрираната поддршка за личен и професионален развој.

✨ Уште еден голем чекор во 2026 година! ✨НВО Алтернатива се стекна со уште едно значајно признание и силна институционал...
13/02/2026

✨ Уште еден голем чекор во 2026 година! ✨

НВО Алтернатива се стекна со уште едно значајно признание и силна институционална поддршка – нашата претседателка Тина Дамеска официјално потпиша Управен договор и Решение за доделување средства како лиценциран давател на социјалната услуга СОВЕТУВАЊЕ од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
По две години посветена работа на развој на стандарди, протоколи, процедури и исполнување на сите законски критериуми, во 2025 година ја добивме лиценцата.
Во 2026 година – ја започнуваме со официјална финансиска поддршка за спроведување на услугата.

Со ова, НВО Алтернатива официјално ќе обезбедува советување за:
🔹 Подготовка за брак, семејство и родителство
🔹 Брачно/партнерско советување и семејна медијација
🔹 Психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство
🔹 Психо-социјален третман и специјализирани форми на советување за ранливи групи

Овој чекор значи дека како експертска организација ќе можеме системски да ги поддржиме Центрите за социјална работа и пошироката заедница во Република Северна Македонија.
Продолжуваме да ја градиме Алтернатива како професионална, одговорна и сигурна експертска колевка за системска и семејна пракса за оние на кои им сме најпотребни.
Горди. Одговорни. Посветени. 💜

🌟 МОЌНА РОДИТЕЛСКА ЕНЕРГИЈА ВО ПРИЛЕП, БИТОЛА И ШТИП! 🌟Со огромна благодарност и гордост споделуваме дека успешно ги реа...
13/02/2026

🌟 МОЌНА РОДИТЕЛСКА ЕНЕРГИЈА ВО ПРИЛЕП, БИТОЛА И ШТИП! 🌟

Со огромна благодарност и гордост споделуваме дека успешно ги реализиравме мотивационите родителски форуми:
📍 29 јануари – Прилеп
📍 29 јануари – Битола
📍 4 февруари – Штип

Во три основни училишта, со силна поддршка од директорите, стручните служби, наставниците, образовните медијатори и обучените локални фасилитатори – заедно создадовме простор за дијалог, доверба и нов почеток во поддршката на родителството.

Овие активности се дел од проект поддржан од Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ UNICEF MK, а спроведен од експертскиот тим при НВО Алтернатива, со системски и на докази базиран пристап во работа со родители.

✨ Во секој град присуствуваа ~50 родители од различни заедници.
✨ Вкупно ~150 родители беа информирани.
✨ Повеќе од половината доброволно се пријавија за учество во родителските групи кои веќе започнаа во февруари и ќе траат до јуни.

💬 Родителските програми се насочени кон:
✔ подобра комуникација родител–дете
✔ позитивно и поддржувачко родителство
✔ јакнење на родителските вештини
✔ меѓусебна поддршка и споделување искуства

Енергијата, интересот и довербата што ја видовме во овие три града ни потврдија дека кога вистински и системски училиштето, родителите и заедницата работат заедно – се создава вистинска промена.

🙏 Благодарност до сите кои активно се вклучија и ја поддржаа иницијативата.
Горди сме што можеме да придонесеме кон посилни семејства и посилно општество.

#Алтернатива #Родителство #ПоддршкаНаРодители #ПозитивноРодителство #Образование

✨ Алтернатива Тимски Kick-off 2026 ✨Се собра повторно силата, срцето и експертизата на нашето алтернативно семејство 💜💛С...
24/01/2026

✨ Алтернатива Тимски Kick-off 2026 ✨

Се собра повторно силата, срцето и експертизата на нашето алтернативно семејство 💜💛

Се дружевме, се смеевме, игравме, зборувавме, споделувавме идеи и желби — и најважно: се поврзавме меѓусебно уште подлабоко 🤝💥
Во воздухот се чувствуваше: раст, визија, стратегија и припадност — и јасно „како секој од нас може да придонесе“ за тоа што го градиме заедно 🚀

Вечерта ја заокруживме со заеднички омилен момент:
✨ „Со еден збор – како си заминуваме?“
И зборовите беа… 🔥
ентузијазам, исполнетост, сплотеност, изчекување, возбуда, припадност, радост, гордост, енергија, колегијалност, чувство како дома, надеж и оригиналност 🌟

2026? ЈА ТВОРИМЕ ЗАЕДНО! 💣
И едвај чекаме уште вакви дружби, уште повеќе луѓе, уште поголем тим — уште поголемо семејство 💜💛
Затоа што кога ќе се спојат знаење + енергија + срце…
се случуваат големи работи.

#Раст #припадност

WOW! Каков почеток на 2026 година! ✨По скоро две години интензивни подготовки, документи, протоколи, процедури и комисии...
13/01/2026

WOW! Каков почеток на 2026 година! ✨

По скоро две години интензивни подготовки, документи, протоколи, процедури и комисии, со голема радост споделуваме дека Психолошкото советувалиште при НВО Алтернатива од денес, 13.01.2026, е лиценциран давател на социјалната услуга СОВЕТУВАЊЕ при Министерството за социјална политика, демографија и млади на РС Македонија. ✨✨✨✨

Советувалиштето ќе обезбедува:
🔹 Примарни услуги – подготовка за брак, семејство, родителство и планирање на семејство
🔹 Секундарни услуги – брачно/партнерско советување, советување при развод, семејна медијација и психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство
🔹 Терцијарни услуги – психо-социјален третман на жени жртви на насилство и други специјализирани форми на советување

Ова е значаен чекор кон достапна, професионална и системска психо-социјална поддршка за семејствата и ранливите групи во нашата заедница.

Горди. Благодарни. Подготвени. 💜💜

PublicHealth SocialProtection

Кога системот се усогласува околу децата и семејствата 💜🍀На 18 декември, во Општина Карпош  се одржа работна средба со о...
24/12/2025

Кога системот се усогласува околу децата и семејствата 💜🍀

На 18 декември, во Општина Карпош се одржа работна средба со обучените фацилитатори и директорите на основните училишта, посветена на спроведувањето и понатамошниот развој на програмата „Родителство за целоживотно здравје“ (РЦЗ)

Средбата ја потврди високата мотивираност на фацилитаторите за работа со родители, нивната доверба во процесот и во стручната поддршка од страна на АЛТЕРНАТИВА што ја следи имплементацијата на програмата.

🔆Најважно: Позитивниот фидбек од родителите и видливите ефекти кај семејствата јасно укажуваат дека ваквите активности имаат реално и долгорочно влијание.

Од системска перспектива, разговорот беше фокусиран на одржливоста на програмата, значењето на континуираната супервизија и стручна поддршка, институционалната видливост и вреднување на ангажманот на фацилитаторите, како и усогласување на следните чекори меѓу сите релевантни чинители.

Ваквите средби се клучни затоа што создаваат простор за заедничко учење, усогласување и градење решенија кои не остануваат на ниво на проект, туку стануваат дел од системот.

sustainableimpact

🔥🌱 ВТОРА КЛУЧНА АКТИВНОСТ УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА! 🌱🔥Обука на фасилитатори за родителска поддршка – во партнерство со УНИЦЕФ...
22/12/2025

🔥🌱 ВТОРА КЛУЧНА АКТИВНОСТ УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА! 🌱🔥
Обука на фасилитатори за родителска поддршка – во партнерство со УНИЦЕФ

Во рамки на проектот „Системска поддршка за родителство во образовниот систем“, ја реализиравме втората, стратешки клучна активност — интензивна тридневна обука за фасилитатори од три општини: Битола, Прилеп и Штип.

👥 18 внимателно селектирани психолози, педагози, образовни медијатори и претставници од локални НВО, номинирани од училиштата и заедниците, поминаа низ длабинска, практично ориентирана обука за спроведување на доказ базирани родителски програми за целоживотно здравје ( – PLH).

🎯 Фокусот беше јасен и моќен:
• јакнење на родителските вештини
• поддршка на семејства во социјално ранлив контекст
• превенција на рано напуштање на образованието
• унапредување на менталното здравје и благосостојбата на децата

🎓 Обуката ја водеа Габријела Бошков и Деспина Стојановска — врвни тренери при АЛТЕРНАТИВА, со долгогодишно искуство во системска семејна психотерапија, супервизија и национална и регионална имплементација на родителски програми.
Нивниот пристап беше:
✔️ длабоко професионален
✔️ системски и етички
✔️ интерактивен и практичен
✔️ фокусиран на квалитет, интегритет и резултати

📌 Оваа обука е темелот за следната фаза што следи во второто полугодие:
➡️ родителски форуми во училиштата
➡️ спроведување на 6-сесиски родителски групи во секое училиште
➡️ континуирана супервизија, мониторинг и евалуација

💜 Горди сме што инвестираме во луѓето кои се најблиску до децата и семејствата — стручните служби во училиштата и заедницата. Тука се гради вистинската, одржлива системска промена.

Продолжуваме силно, чекор по чекор —
со квалитет, одговорност и јасна визија за секое дете. 🚀


🤝 Алтернатива за првпат на годишната партнерска средба на УНИЦЕФ  – како развоен партнер 🤝🌍На 4 Декември во х. Александа...
18/12/2025

🤝 Алтернатива за првпат на годишната партнерска средба на УНИЦЕФ – како развоен партнер 🤝🌍

На 4 Декември во х. Александар Палас, НВО Алтернатива имаше чест да учествува на годишната партнерска средба на УНИЦЕФ Северна Македонија, заедно со институции, граѓанскиот сектор, младите и меѓународните партнери.

На средбата присуствуваа претседателката на НВО Алтернатива, Тина Дамеска, и потпретседателката, Анастасија Гајдаѕис-Саздов Anastasia Gkaitatzi-Sazdov, што воедно претставува и прво официјално учество на Алтернатива како развоен партнер на УНИЦЕФ UNICEF.

📊 Се осврнавме на заедничките резултати постигнати во 2025 година и на приоритетите за периодот 2026–2027, во контекст на завршување на тековниот и започнување на новиот програмски циклус на УНИЦЕФ (2026–2030).

🧩 Дискусиите беа фокусирани на клучните области:
🩺 здравје и исхрана
📚 образование
🛡️ социјална и детска заштита
⚖️ правда за деца
📊 следење на детските права
како и на меѓусекторските приоритети: рана интервенција, Европската детска гаранција, инклузија на децата Роми, зелени вештини и климатска акција.

💙 За нас, НВО Алтернатива, ова партнерство претставува значаен чекор кон зајакнување на системските решенија за децата, семејствата и заедниците, преку докажани, интердисциплинарни и одржливи пристапи.

Продолжуваме посветено да придонесуваме кон системи што се инклузивни, одговорни и насочени кон резултати – за секое дете.



🌍🤝 Координативен состанок за унапредување на Програмата за родителска поддршка во образовниот систем 🤝🌍По потпишувањето ...
16/12/2025

🌍🤝 Координативен состанок за унапредување на Програмата за родителска поддршка во образовниот систем 🤝🌍

По потпишувањето на партнерскиот договор со УНИЦЕФ, НВО Алтернатива официјално ја започна првата фаза од имплементацијата на заедничката партнерска програма.

📅 На 2 декември, во Скопје, во просториите на .room / Јавна Соба, НВО Алтернатива и УНИЦЕФ организираа стратешки координациски состанок со клучни институции од образованието, социјалната заштита и локалната самоуправа, со заедничка цел:
👉 унапредување на системската поддршка за родителите
👉 зајакнување на семејната резилиентност
👉 превенција на рано напуштање на образованието
👉 подобрување на благосостојбата и менталното здравје на децата

👥 На состанокот учествуваат претставници од:
• УНИЦЕФ
• Министерство за образование и наука
• Биро за развој на образование | Министерство за образование и наукај на образованиетo
• Завод за социјални дејности
• Центри за социјална работа
• Општини и ЗЕЛС
• Директори од неколку основни училишта
• Граѓански организации

📌 Фокусот е на Програмата за родителска поддршка, која ќе се пилотира во три општини (Битола, Прилеп и Штип) и ќе се спроведува преку обучени фасилитатори во училиштата, во тесна соработка меѓу секторите.

Овој состанок е важен чекор кон:
✔️ усогласување на постоечки програми
✔️ јакнење на меѓусекторската координација
✔️ создавање основа за одржлива и системска интеграција на родителските програми во образовниот систем

💙 Заедно градиме поддржувачка средина за децата и семејствата – таму каде што образованието, социјалната заштита и локалната заедница се среќаваат.

Address

Boulevard Jane Sandanski, 65
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when NVO Zdruzenie Alternativa posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to NVO Zdruzenie Alternativa:

Share