Секој Студент

Секој Студент „Секој Студент“ е студентско движење. https://www.instagram.com/sekojstudent/?hl=en www.sekojstudent.org

Ние сме свесни дека знаењето е сила и моќ. Токму затоа е од суштинска важност за општеството таа сила и моќ да биде сконцентрирана во луѓе кои се изградени личности и карактери. Ако знаењето, а со тоа и силата и моќта, бидат во рацете на луѓе кои сето тоа ќе го злоупотребат тогаш тоа е еднакво на општествено самоубиство. Поради тоа „Секој Студент“ се стреми кон изградба на личноста и карактерот на

идните водачи (студентите).

Стивен Кови, авторот на „Седумте навики на најефективните луѓе“ објаснува дека ние како индивидуи треба да се изградуваме во четири основни области:

• Физичка добросостојба
• Емотивна/социјална зрелост
• Интелект
• Духовност

Наша желба е студентите да бидат изградени во сите споменати четири области. Особено сметаме дека треба да се посвети внимание на духовниот и интелектуалниот аспект бидејќи тоа е од суштинска важност за развој на личноста. Тоа што личноста го верува и како размислува, во најголема мера ќе ги обликува нејзиниот карактер, вредности и приоритети. Од тоа ќе зависи и какво ќе биде нејзиното влијание во и на општеството.

За остварување на целите организираме повеќе активности:
• семинари (за ефективно учење, за емоционална интелигенција)
• кафе дискусии
• трибини
• форуми
• спортски активности
• истражувања на Библијата (со цел да се разбере нејзината основна порака и да се согледаат принципите на кои се темели здрава личност и водач)
• лични менторства (правење на план за лична изградба и следење на прогресот)
• студентски викенди
• летни проекти
• разни обуки
• и многу други забавни активности кои го освежуваат, надградуваат и го прават незаборавно вашето студирање.

Понекогаш најгласните нешта се оние кои остануваат ненапишани. 🖋️Дали некогаш си почувствувал дека хартијата е единствен...
04/05/2026

Понекогаш најгласните нешта се оние кои остануваат ненапишани. 🖋️

Дали некогаш си почувствувал дека хартијата е единствениот простор каде твојата душа може да дише слободно?
Те покануваме на работилницата за пишување „Сè што остана недокажано“ – место каде што тишината ја претвораме во ритам, а мислите во поезија.

Дојди да ја најдеме твојата метафора.

🎙️ Водител на настанот: Дарко Трпковски

🎤 Модератор: Стојанка Ќупчева
🗓️ 09.05 | 18:00 часот
📍 Секој студент
👉🏻Резервирај си место на линкот во био.

Дозволи им на зборовите да оживеат.
Се гледаме!

Твојата стара книга е нечија нова авантура. ✨ По повод Саемот на книгата, организираме голема размена на книги во нашите...
21/04/2026

Твојата стара книга е нечија нова авантура. ✨
По повод Саемот на книгата, организираме голема размена на книги во нашите простории.
Донеси книга што ја сакаш, одбери нова бесплатно!
Локација: ул. „20 Октомври, бр.8“, кат 1.
Се гледаме во четврток и вторник во 18h . 🙌

#ЧитајПаметно

Што се крие зад црвените јајца и празничната трпеза?Оваа година ве покануваме на панел дискусијата „Велигден: Повеќе од ...
02/04/2026

Што се крие зад црвените јајца и празничната трпеза?
Оваа година ве покануваме на панел дискусијата „Велигден: Повеќе од празник“, вечер посветена во откривање на суштината на најголемиот празник во историјата на човештвото.

🕗 20:00 часот
📍 Секој Студент

Се гледаме!

По повод Денот на вљубените организираме презентација на темата „Петте јазици на љубовта“, според истоимената книга која...
06/02/2026

По повод Денот на вљубените организираме презентација на темата „Петте јазици на љубовта“, според истоимената книга која беше повеќегодишен бестселер на New York Times!
Ќе откриеме различни начини на кои луѓето ја покажуваат и ја доживуваат љубовта, и ќе видиме кој е твојот „love language“.

📅 10.02 (вторник)
🕖 19:00ч
📍 Секој Студент (линк во био)

Се гледаме таму!

Сесија се ближи… 🫣😬 и сите сме во онаа фаза: ‘ok, time to lock in’ 📚Без разлика дали си бруцош и првпат го чувствуваш пр...
18/01/2026

Сесија се ближи… 🫣😬 и сите сме во онаа фаза: ‘ok, time to lock in’ 📚
Без разлика дали си бруцош и првпат го чувствуваш притисокот или ветеран кој поминал безброј полагања – this one’s for you. 🤗

Нема погрешен избор туку за различни борби потребен e различен character.

Swipe → choose your character for the NEXT BATTLE. 🎮

Сесија се ближи… 🫣😬 и сите сме во онаа фаза: ‘ok, time to lock in’ 📚Ако си бруцош и првпат го чувствуваш притисокот – th...
18/01/2026

Сесија се ближи… 🫣😬 и сите сме во онаа фаза: ‘ok, time to lock in’ 📚
Ако си бруцош и првпат го чувствуваш притисокот – this one’s for you.
А ако си веќе поискусен студент – знаеш дека нема еден правилен начин на учење.

Некој учи со пишување, некој со flashcards, некој на глас, некој со задачи, некој со цртање.
Safe to say: секој има свој character. 🎮

Swipe → избери го твојот character.
Нема погрешен избор – важно е да го играш својот лик паметно. 💭✨

Христос се роди!Среќен Божиќ!
07/01/2026

Христос се роди!
Среќен Божиќ!

31/12/2025

Благодарни сме што ја поминавме оваа година заедно, се гледаме во следната 🤩

Предновогодишна прослава во Секој Студент 🎉Вечер каде ќе се присетиме на сè што остана зад нас оваа година, трудот, поло...
18/12/2025

Предновогодишна прослава во Секој Студент 🎉
Вечер каде ќе се присетиме на сè што остана зад нас оваа година, трудот, положените испити, малите и големите победи.
Подготви се за опуштено дружење, добра музика и празнична атмосфера како крај на уште една година.

🗓 23.12 (вторник)
⏰ 20:00ч

Се гледаме ✨

04/12/2025

Овој период од годината секогаш носи мешавина од замор и стрес со нестрпливо очекување на празниците. Но баш затоа е совршено време да застанеш и да си го олесниш остатокот од семестарот со паметни, мали чекори.

Расчисти го просторот околу себе, среди ги обврските што ти висат, постави една мини цел што ќе ти ја врати мотивацијата и запомни да направиш нешто што навистина те радува. Тоа не е луксуз, туку заслужена пауза.

Три недели може да звучат како ништо… ама се доволни да си создадеш подобар ритам и малку повеќе простор да уживаш во празниците што доаѓаат.

Ајде да го извлечеме најдоброто од ова време. ✨

Штип е полн со места што вреди да ги откриеш! 🌿Од Исар со неговиот поглед и историја, до мирните патеки во Суитлак и заб...
25/11/2025

Штип е полн со места што вреди да ги откриеш! 🌿
Од Исар со неговиот поглед и историја, до мирните патеки во Суитлак и забавниот Дино Парк 🦕.
Прошетај низ градот, посети ја и зоолошката „Бриони“ и уживај во сите мали моменти што го прават студирањето во Штип посебно. ✨

Address

20 Oktomvri 8
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Секој Студент posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Секој Студент:

Share