zborci.zborci

zborci.zborci Здружение кое има за цел да создава и промовира нови зборови во македонскиот јазик.

Ако се бориш за зборот - ти си веќе зборец!
Придружи се!

Драги зборци и зборки,Со задоволство ве каниме на 4.6.2026 во ,,Лабораториум”, на отворена дискусија на тема: „Од каде с...
31/05/2026

Драги зборци и зборки,

Со задоволство ве каниме на 4.6.2026 во ,,Лабораториум”, на отворена дискусија на тема: „Од каде сега феминативи?“ Ќе разговараме за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и на кој начин феминативите влијаат врз секојдневниот говор.

Дискусијата ќе се води во два правци.

Првиот правец е општествен. Ќе разговараме за тоа како зборовите ја создаваат, ја менуваат и ја обликуваат нашата реалност. Лингвистиката го препознава тоа, но и ние во нашиот секојдневен говор тоа го чувствуваме. Токму затоа, сакаме да отвориме разговор и за тоа како речниците денес ги третираат феминативите, кои форми се веќе присутни во јазикот и зошто одредени зборови полесно ги прифаќаме од други.

Вториот правец ќе биде практичен.

Зошто жените и девојките своите називи на професии ги добиваат во машка форма? Зошто дипломите се доделуваат со професионален назив во машки род, кога јазикот ни дозволува именките што означуваат вршители на дејство да ги менуваме по род?

Зошто кога велиме ‘домаќинка’ или ‘слугинка’ немаме двоумење, а кога ќе кажеме антропологинка, етнологинка или гинекологинка, тоа се доживува како нешто ново или чудно?

Ова се само дел од прашањата за кои ќе дискутираме. Како и секој наш претходен настан, и овој ќе биде организиран во духот на слободата, па можеби дискусијата ќе си земе свој автентичен правец.

Четврток, 4 јуни, со почеток во 19 часот.

На настанот ќе се обратат:

Проф. д-р Симон Саздов, Филолошки факултет „Блаже Конески“
Јана Коцевска, етнологинка и антропологинка
Татјана Б. Ефтимоска, македонистка и лекторка

Се гледаме!

***
Овој настан произлегува од школата која беше организирана во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи во партнерство со Македонското здружение на млади правници, со поддршка на Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

❌🏠
25/05/2026

❌🏠

17/05/2026

Светот на јазикот е неверојатен. Некогаш не сме свесни до каде одекнуваат нашите дела и како тие менуваат, инспирираат и наоѓаат начини да делуваат во други светови.

Таква е приказната на Сержи. Тој е Каталонец. Првпат се среќава со македонскиот јазик на Евровизија, кога ја слуша „Црно и бело“ од Калиопи. Тоа во него буди интерес и љубопитност, кои самиот ги преточува во неверојатен подвиг. Денес, шест години подоцна, зборува, пишува и чита македонски.

Ти благодариме, , за инспирацијата.

Ваквите приказни ни покажуваат дека сè што досега правиме вреди и дека без размислување треба да продолжиме да ја пишуваме, зборуваме и градиме приказната на македонскиот јазик, дома, во регионот и во светот.

Бидејќи јазикот навистина не познава граници.

05/05/2026

На овој прекрасен ден имавме прекрасна работилница со учениците од основното училиште „Љубен Лапе“.

Работилницата беше дел од поголем проект што нашиот зборопријател .pppp го спроведува во училиштето.

Учевме за зборообразувањето и неговата обликоменлива моќ, создававме нови зборови и патополочувавме.

Секоја чест за прекрасната група ученици, кои во неверојатно кратко време ја разбраа задачата и создадоа нови зборови што на овој значаен ден му ги подарија на македонскиот јазик.

Децата сакаат да учат. Децата имаат огромен капацитет. Нашата задача е да создадеме нови методи за претставување на постоечкото знаење.

Зборците, професорите, интелектуалците, сите што работат со јазикот и со младите, имаат одговорност да го направат учењето живо, игриво и разбирливо.

До следен пат, драги соклупници!

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Да го полеваме со љубов и внимание.Да го чуваме со создавање и разбирање!Д...
05/05/2026

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик.

Да го полеваме со љубов и внимание.

Да го чуваме со создавање и разбирање!

Денес, утре, за век и векови!

Да живее македонскиот јазик, да живее Македонија!

🇲🇰

КЕМ се наши големи зборопријатели и многу ги сакаме.Наредната недела го промовираат својот трет студиски албум. Секој чо...
03/05/2026

КЕМ се наши големи зборопријатели и многу ги сакаме.

Наредната недела го промовираат својот трет студиски албум. Секој човек или секоја група што создава знае дека воопшто не е мала работа да стокмиш три албуми за четири години во ваква општествена состојба. Тоа е чин кој помога во јакнењето на социјалната инфрастуктура и гради нови мисловни траектории.

За дополнително објаснување на зборот, неговото потекло и начинот на употреба, обратете се кај

Се гледаме на 9 мај.

💧
22/04/2026

💧

Повикот за избор на Зборотворба е отворен.Зборовите продолжуваат да играат со нашите мисли и да ја обликуваат нашата реа...
13/04/2026

Повикот за избор на Зборотворба е отворен.

Зборовите продолжуваат да играат со нашите мисли и да ја обликуваат нашата реалност. Од најраните облици на јазикот до денес, зборовите остануваат едно од главните средства со кои го разбираме светот. Според една од теориите за развојот на јазикот, тој се развивал заедно со потребата луѓето да зборуваат едни за други. Пред и зад грб, дома или на гости, сабајле или навечер, неважно, луѓето отсекогаш уживале да го коментираат животот. Како што заедниците станувале поголеми и посложени, така растела и потребата од поразвиен јазик.

Во таа смисла, секој миг на нашето учество во јазикот е важен. Независно од тоа од каде си и што правиш со својот живот, ти мислиш во зборови, зборуваш и озборуваш со нив. Од која страна и да погледнеш, учествуваш во менувањето на јазикот.

Затоа, сите зборови што сте ги мислеле, зборувале или озборувале, а се нови и креативни, и сметате дека носат во себе богатство, игривост или некоја идеја што може да ни ги промени животите, можат да бидат избрани за Зборотворба на годината.

Некои зборови ќе имаат предност пред други, а еве кои:

• Предност ќе имаат зборотворби за кои ќе се процени дека имаат шанса да фатат корен во секојдневниот говор, односно дека имаат употреблив потенцијал.

• Особено ќе се ценат зборови што нудат еквивалент на постоечки интернационализми, со исто или приближно значење.

• Креативните зборообразувања се добредојдени, но не како самодоволен јазичен експеримент, туку како зборови што прават добар спој меѓу звучноста и употребливоста во конкретен контекст.

Награди:

8000 денари
4000 денари
2000 денари + пакет интересни Зборци работи

Испрати ни го твојот збор на линкот во био!

,,Пулс” е најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија.Секој од вас што немал можност да го посети Кочани, ви пр...
16/03/2026

,,Пулс” е најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија.

Секој од вас што немал можност да го посети Кочани, ви препорачуваме да отидете во градот, да го посетите здружението на родителите, да ја чуете нивната приказна, да видите што навистина се случува таму и да изградите став за темата низ лично искуство.

Само така ќе знаете што се случи и што сѐ уште се случува во овој наш град на Истокот.

Секоја друга приказна и секое превртување на вистината е лага и пропаганда што сака да им ги исчисти гревовите на виновните. А виновни има многу, но обвинети недоволно.

Поддршка за родителите и за сите блиски.
Нека почиваат во мир.
Слава им!

„Соклупник“ е автентичен збор за нашето подрачје, бидејќи во земјите од поранешна Југославија во училиштата клупите се п...
22/02/2026

„Соклупник“ е автентичен збор за нашето подрачје, бидејќи во земјите од поранешна Југославија во училиштата клупите се предвидени за две деца.

Тоа значи дека покрај соученици, можеме да бидеме и соклупници.

Додека во Америка и во голем број западни земји, но и во Азија, во земји како Сингапур, децата во училиштата седат во клупи предвидени за едно дете.

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when zborci.zborci posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to zborci.zborci:

Share