18/05/2026
15.5.2026 петок
Парк Јане Сандански Аеродром
Манифестација,,Христијанските Вредности, Традицијата и Патриотизмот Столбови на Македонското Семејство".
Организатор Македонски Аманет Македонец за Македонец
Поддржувач Општина Аеродром
Има датуми кои ќе се паметатат цел живот..
Енергијата споделена за два часа, останува вечно да тлее во нас како спомен,како потсетник на изблив на чиста македонска емоција која на пиедестал ги крева и вреднува Традицијата, Патриотизмот и Христијанските Вредности.
Таков датум беше овој 15 ти мај, кој уште долго ќе се збори помеѓу жителите на Аеродром и Скопје,а преку социјалните мрежи уште долго ќе се гледаат прекрасните фотографии и видеа од оддржаната Манифестација насекаде низ Македонија, Европа и Светот.
Два часа Македонштина.
Манифестацијата започна со интонирање на Македонската Химна и песната Горда Македонка во изведба на Данче од Дани Бенд.
Потоа настапи сестраната уметничка од Куманово Љиљана Тричковиќ, рецитирајќи ја нејзината стихотворба,,Македонија" актерски ни го долови,,Благословот на Манданата"па ни ја запеа силно и ,,машки,, ,,Темен се облак зададе,,.
Котелот почна да врие, кожата да боцка, емоциите да излегуваат од нас...
Се обрати претседателот на Здружението,Дејан Гавровски, се заблагодари на сите поддржувачи и присутни, ја поздрави присуната претседателка на Совет на општина Аеродром ,Сузана Павловска, и ја покани почитуваната Благојка Филипчева на бината.
Таа во името на Македонски Аманет Македонец за Македонец на водителката и заштитен знак на Манифестацијата,од самиот почеток Ирена Спировска, и додели подарок,рачно изработена слика во знак на благодарност кон најдобрата водителка во Македонија.
Иста таква слика доби и Претседателот на здружението.
Идејата за оваа да ја пишеме мала церемонија беше на неуморната креативка, професор Благојка Филипчева.
Глас се слуша, мила мајко од далечина...
А таа е тука, на сцената...
Млада, енергична, права Македонка..
Стојне Николова..
,,АМАНЕТ "ечи во Паркот Јане Сандански.
Публиката во делириум.
Ти благодариме Стојне за одличниот настап и 5 песни отпеани на Манифестацијата.
Староста никогаш не е мерило за тоа колку можеш да делуваш, туку љубовта и ентизијазмот се мерилото.
Хорот,,Вања Лазарова"ги има во изобилство.
25 минутен настап за сите вкусови.
Разиграна и весела публика..
Сите ја чекаат кулминацијата...
И ја дочекавме...
Публика најмногу за сите години од кога ја организираме Манифестацијата,,Христијанските Вредности, Традицијата и Патриотизмот, Столбови на Македонското Семејство,а програмата трае веќе час и дваесет минути.
16 моми од Ансамбл,,Јонче Христовски,,од лични,полични, преку оро и три кореографии пренесуваат АМАНЕТ, ТРАДИЦИЈА, со лесен чекор,оргинална носија и горда насмевка порачуваат ОВА Е МАКЕДОНИЈА!!!
Да сте живи и здрави!!!
Tомислав Кузмановски заедно со неговиот брат и оваа година, четврта последователно, најпрофесионално го изработија озвучувањето и цела техничка поддршка.
До колку организирате нешто поголемо, озвучувањето доверете го на Томче.
Благодарност до Градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски за поддршката, и за поставената бина од службите на општината.
Има луѓе кои сакаш да ги видиш во публика затоа што им ја знаеш душата.
Чиста, отворена, хумана, човечка...
Е таква е душата на Мирјана Димитровски,и покрај не добрата здраствена состојба, дојде на Манифестацијата и си помина прекрасно, заедно со нејзината сестра и братучетка.
Ни ја наполни душата Мирјана.
Благодарам на сите кои ми честитавте за Организацијата.
Благодариме на сите присутни...
Благодариме на тие кои дадоа финансиска поддршка на оваа Манифестација и ни помогнаа колку што можеа.
Не се сите учесници исплатени се уште, меѓутоа до вторник со Господ напред ќе се заврши и тоа.
Бидете горди на Аманетот кој го оставаме...
Ве сакаме.
Ви благодариме што направивте да се чуствуваме среќно, што се чуствуваме исполнето, и што почуствувавме дека даденото од нас до последна капка сила, ни се врати назад.
Следната година е мал јубилеј.
Да се видиме во уште поголем број.
МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА!!!!