11/04/2026
Граѓанскиот активизам е начин на кој поединци или групи активно учествуваат во општеството за да поттикнат позитивни промени.
Преку граѓанскиот активизам, луѓето го користат својот глас за да влијаат врз одлуките, да ја зајакнат демократијата и да придонесат за подобра заедница.
https://www.facebook.com/share/p/1Doo9VeQLg/
ПРОМЕНИТЕ НЕ ЗАПОЧНУВААТ САМИ – ТИЕ ЗАПОЧНУВААТ СО ГРАЃАНИ КОИ СЕ ИНФОРМИРААТ, СЕ ВКЛУЧУВААТ И ГО КОРИСТАТ СВОЈОТ ГЛАС.
Денес ја започнуваме кампањата „Недела на граѓанско учество и застапување“, посветена на подигање на свеста за важноста на активното учество на граѓаните во развојот на заедницата и во процесите на донесување одлуки.
Преку серија инфографици и информативни содржини, во текот на оваа недела ќе споделуваме информации за улогата на граѓанските организации, граѓанското учество и можностите за вклучување на граѓаните во создавање позитивни промени.
📊 Погледнете го првиот инфографик и дознајте што е граѓанско учество и зошто е важно.
🤝 Заедно можеме да придонесеме за посилна и поактивна заедница.
💡Кампањата е активност на Програмата на ЖГИ Антико во рамките на проектот: „Гласот и учеството на жените и младите во креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество “, спроведена од Women Civic Initiative Antico и организациите партнери Секогаш Соживот и Adrion со поддршка на Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
@следачи
#ГраѓанскоУчество
#ГласотНаГраѓаните
#ЗаедноЗаПромени