Мисијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Северна Македонија, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професијата „преведувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.
Целите што ЗПРМ си ги зацр
та се:
да ја промовира професијата преведувач;
да промовира комуникација и ширење на знаење за користа од работата на преведувачите;
да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика, и за професионална оспособеност;
да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите;
да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и поврзаните професии; и
да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.
ЗПРМ е професионално здружение основано согласно Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни професори и преведувачи. Основачи на ЗПРМ се Ирена Кацарски-Ќимова, Христина Дојчинова, Бојан Кицуровски, Љубица Арсовска, Рајна Кошка Хот, Огнена Никуљска, Мирјана Алексоска-Чкатроска, Зорица Николовска, Огнен Чемерски и Владимир Димитријевич.
Членството во здружението е отворено за сите преведувачи и членови на поврзаните професии (терминолози, лектори, уредници, професионалци од сродни области).
Имаме повеќе категории членство: активен член, придружен член, студент, доживотен член, почесен член и уште неколку можности за различни правни субјекти.
Сите членови на Здружението се обврзуваат дека ќе ги почитуваат и ќе постапуваат според Статутот, Програмата, Кодексот на професионално и етичко однесување, Стандардите за преведување, Препораките за тарифирање и сите други правила и прописи на Здружението што ќе се усвојат на основачкото собрание или на други собранија, како и добрите практики на преведувачката професија.