Здружение на млади хемичари

Здружение на млади хемичари Официјална страница на Здружение на млади хемичари

♻️ „Мантилите не се за една употреба – знаењето продолжува!“ЗМХ донира бели мантили и заштитни очила на сите заинтересир...
23/03/2026

♻️ „Мантилите не се за една употреба – знаењето продолжува!“

ЗМХ донира бели мантили и заштитни очила на сите заинтересирани ученици или студенти на кои им се потребни.

Мантилите се кратко користени и во солидна состојба и подготвени за понатамошна употреба (потребно е само перење), додека заштитните очила се функционални и практични за лабораториска работа.

📌 Доколку сте заинтересирани, ве молиме да нѐ контактирате во порака или на меил за повеќе информации и договор околу преземање.

❤️Голема благодарност до колегите кои ја донираат својата опрема.
🤝Доколку сакате да се приклучите кон оваа иницијатива и да донирате лабораториска опрема или други корисни материјали, слободно контактирајте нѐ – секоја поддршка е добредојдена!

🔬✨Честит меѓународен ден на жените во науката!            Го славиме знаењето, посветеноста и инспирацијата на сите млад...
11/02/2026

🔬✨Честит меѓународен ден на жените во науката! Го славиме знаењето, посветеноста и инспирацијата на сите млади научнички💜

❓ За кого е наменето здружението?✅ За студенти и алумни кои сакаат да останат активно поврзани со хемијата – преку научн...
24/12/2025

❓ За кого е наменето здружението?
✅ За студенти и алумни кои сакаат да останат активно поврзани со хемијата – преку научно-популарни активности, дружење со останатите љубители на науката, но и професионално вмрежување.
Фокусот е на развој на истражувачки и комуникациски вештини и градење силна академска и професионална заедница.
Доколку сакате да бидете во тек со сите актуелни настани од областа на хемијата и да имате поисполнети студентски денови, со задоволство Ве очекуваме!

Повикот за нови членови е отворен до 01.02.2026.
📥 Пријавување: пополнете го формуларот на линкот во био: https://forms.office.com/r/uzgz25eMBY или скенирајте го QR-кодот!

Промоција на научно-истражувачки проект Проучување на дистрибуцијата и диверзитетот на биоактивни соединенија во ендемич...
13/12/2025

Промоција на научно-истражувачки проект

Проучување на дистрибуцијата и диверзитетот на биоактивни соединенија во ендемични растителни видови од прилепско-мариовската област

🌱 Дали знаевте дека во карпестите предели на Прилеп и Мариово се кријат растенија со единствен хемиски „потпис“? Оваа област е една од најважните жаришта на ендемска флора во Македонија. Проучувањето на фитохемискиот и хемотаксономскиот профил на ендемските растенија од Македонија е важен чекор кон разбирање на нивната биолошка специфичност, истовремено истакнувајќи го нивното медицинско значење.
🎯 Главната цел на ова истражување е да се направи анализа на хемискиот профил на низински ендемски растенија од прилепско-мариовскиот регион.
🔎 Што истражуваме?
•усогласеност на теренските податоци со литературните извори
•типови и застапеност на биоактивни соединенија
•поврзаност помеѓу хемискиот профил, таксономијата и географската положба
•биолошка активност на подготвени екстракти
•сознанија на локалното население за традиционалната медицина
📊 Инвестирањето во научни истражувања, мониторинг и заштита на овие ендемични видови не само што е биолошки важно, туку е и економски исплатливо, со јасен потенцијал за создавање нови производи кои можат да придонесат кон долгорочна економска одржливост.
👩‍🔬 Проектот е реализиран од тим од млади истражувачи од Институтот за хемија при ПМФ-Скопје, во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ за 2024 година, преку повикот објавен од страна на Македонското еколошко друштво.

👀🔬Како изгледа науката низ очите на студентите? Нашите колеги и членови, за време на нивните додипломски студии, активно...
27/11/2025

👀🔬Како изгледа науката низ очите на студентите?
Нашите колеги и членови, за време на нивните додипломски студии, активно учествуваат во научноистражувачки проекти и го споделуваат своето искуство.
Нивните приказни покажуваат како учењето станува подлабоко и поважно кога теоријата се среќава со вистинска истражувачка работа.

Ги споделуваме научните проекти на:
Анастасија Хаџисмилева
🧪Наслов: Еколошки пристап за екстракција на биоактивни соединенија од Hypericum perforatum со примена на длабоки евтектички растворувачи
Грант: Програма за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“, Македонско еколошко друштво

Благица Јанева
🧬Наслов: Утврдување на автентичност на овошни производи со PCR методи
Грант: Универзитетско студентско собрание на УКИМ

Теона Спасеска
🧪Наслов: Проценка на природни евтектички растворувачи како еколошка алтернатива за екстракција на биоактивни соединенија
Грант: Универзитетско студентско собрание на УКИМ

🧪На 22.11.2025, членовите на ЗМХ учествуваат во реализација на првиот ден од ,,Ноември месец на наука“, кој се одржа на ...
25/11/2025

🧪На 22.11.2025, членовите на ЗМХ учествуваат во реализација на првиот ден од ,,Ноември месец на наука“, кој се одржа на Институтот за хемија.

🔬Учениците од основните училишта изведуваа експерименти oд хемија, биологија, географија и математика со кои покажаа дека се вистински млади истражувачи. По натпреварувањето за најдобар експеримент следуваа интерактивни предавања, работилници и добро познатиот Хемиски спектакл.

Честитки за сите ученици за одлично изработените експерименти и ве очекуваме следната сабота (29.11)! ✨️

✍️Во периодот од 27-28 октомври, на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје се одржа 16тиот Студентски Конгр...
03/11/2025

✍️Во периодот од 27-28 октомври, на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје се одржа 16тиот Студентски Конгрес на Сојуз на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ), на кој и студентите од Институтот за хемија преку орални презентации ги претставија своите работни активности и истражувања.

Честитки за ангажираноста на нашите колеги и посакуваме што повеќе успеси и дружби од научен карактер👏🧪

Упатуваме благодарност и честитки и до успешната организација од страна на СХТМ.

Презентација на ЗМХ на денешниот настан ,,LabLinks-од вмрежување до откритија”, кој се одржа по повод Меѓународниот ден ...
11/02/2025

Презентација на ЗМХ на денешниот настан ,,LabLinks-од вмрежување до откритија”, кој се одржа по повод Меѓународниот ден на жените во науката.👩‍🔬 И благодариме на нашата колешка .yea за поканата.

🧪Честит Меѓунaроден ден на жените во науката👩‍🔬🔬 Жени во науката што го променија светот 💡                              ...
11/02/2025

🧪Честит Меѓунaроден ден на жените во науката👩‍🔬

🔬 Жени во науката што го променија светот 💡

🔢 Мери Картрајт – придонела за равој за теоријата на хаосот и нелинеарните диференцијални равенки.

⚛️ Марија Кири – првата жена што добила две Нобелови награди за истражување на радиоактивноста.

⚛️ Ирен Жолио-Кири – ги создала првите вештачки радиоактивни атоми.

🧪 Дороти Кроуфут Хоџкин – пионер во кристалографијата со Х-зраци и го утврдила составот на пеницилин и инсулин.

🧬 Розалинд Френклин – придонела во откривањето на двојната спирална структура на ДНК.

🧪 Френсис Арнолд – добитничка на Нобелова награда за хемија (2018) за насочена ензимска еволуција.

🌽 Барбара МекКлинток – ги открила „скокачки гени“ (транспозони) во пченката.

💊 Гертруда Елион – развила лекови за лекување на леукемија, маларија и СИДА.

🧬 Џенифер Даудна и Емануел Шарпентие – развој на техниката CRISPR-Cas за уредување на гени, Нобелова награда 2020

🏭 Маргарет Хачинсон Русо – првата жена со докторат по хемиско инженерство на МIT и ја дизајнирала првата комерцијална фабрика за производство на пеницилин.

👩‍🔬✨

На денешниот отворен ден на ПМФ, се одржа и кратка презентација за активностите и работата на ЗМХ пред учениците од гимн...
05/12/2024

На денешниот отворен ден на ПМФ, се одржа и кратка презентација за активностите и работата на ЗМХ пред учениците од гимназијата ,,Алгоритам”. Нашите колеги го споделија со нив студентското искуство и ги воведоа во нивното секојдневие на Институтот за хемија.

Во името на членовите на ЗМХ, ви благодариме за посетата и одвоеното време.⚛️

Денес наши членови, студенти на ИХ, имаа можност да бидат дел и да помогнат при реализација на првиот ден од ,,Ноември м...
23/11/2024

Денес наши членови, студенти на ИХ, имаа можност да бидат дел и да помогнат при реализација на првиот ден од ,,Ноември месецот на наука 2024г.” во организација на Сојузот на математичари на Македонија, заедно со СХТМ, МБД и МГД како коорганизатори.

Честитки на сите ученици за изработените експерименти и се гледаме следната сабота (30.11) 👋

.ukim.sk

Address

Ulica Sveti Kliment Ohridski 52b
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на млади хемичари posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение на млади хемичари:

Share