15/09/2025
Од 4 до 10 септември 2025 година се одржа Еразмус+ обуката „Leadership in Youth Work“ во Стара Загора, Бугарија. Нашата организација ја претставија четири учесници.
На обуката учествуваа 33 младински работници, лидери и тренери од 9 земји 🌍: Бугарија, С. Македонија, Италија, Турција, Словачка, Хрватска, Полска, Србија и Данска.
Преку интерактивни методи на неформално образование 💬, споделување добри практики и креативни задачи🎨, учесниците ги развиваа своите лидерски вештини и пристапи во младинската работа 💡. Целта на проектот беше да се поттикне младинското лидерство, да се зголеми квалитетот на младинската работа и да се поттикне граѓанскиот активизам 🤝.
Проектот остави силно влијание врз младите учесници, создавајќи позитивни промени на локално и меѓународно ниво 🌟