25/03/2024
МИСИЈА - Моменталните состојби со храната на светско ниво се одликуваат со високо ниво на несигурност па како последица на ваквата состојба во подем се проблемите со исхраната кои претставуваат директен фактор за нарушената здравствена состојба. Водејќи се од овие причини дејствувањето на НУТРИ БАЛАНС ќе придонесе во спрвувањето и поддршката токму со проблемите во исхраната вклучувајќи различни старосни граници и категории (мајки, доенчиња, деца, адолесценти и постарите луѓе); спречување на недоволна исхранетост, прекумерната телесна тежина, дебелината и НЗБ поврзани со исхраната (дијабет и кардиоваскуларни заболувања); поддршка и заштита на исхраната во ургентни ситуации.
ВИЗИЈА - Основни цели на Здружението на нутриционисти и диететичари НУТРИ БАЛАНС Скопје се:
- Добро владеење, партиципација и политики насочени од и кон правилната исхрана (и навики) на луѓето
- Вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики за правилна исхрана на населението;
- Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог за правилна исхрана;
- Одржлив локален и рурален развој со цел подобро производство и процесирање на здрава храна и прехрамбени производи на здрава храна;
-Поддржан евроинтеграциски процес и зајакната регионална соработка со други здруженија и организации во доменот на дејноста;
- Да организира манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето на исхраната и здравата храна во главните општествени текови;
- Да организира и учествува на семинари и советувања на кои се разгледува прашањето на исхраната и здравата храна
- Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на исхраната и здравата храна, како и да учествува во следење на нејзината имплементација;
- Да организира и спроведува обуки за развој на капацитетите;
- Да организира и спроведува стручно и научно усовршување на членовите: организирање и спроведување на редовни предавања, советувања, стручни собири и слично;
- Грижа за превенција на болести на кои може да се влијае со правилна исхрана и животен стил;