15/06/2026
🩶🫧🪞ПРОМОЦИЈА НА ФЕСТИВАЛСКИ КАТАЛОГ / ТУРА НИЗ ИЗЛОЖБАТА
📅 18 јуни | 🕡 18:30 ч. | 📍 Музеј на современа уметност | 🎟️ слободен влез | 📚 бесплатен примерок од Зборникот
❍ Промоција на фестивалскиот каталог/зборник текстови и тура со уметниците низ изложбата „АНАРХИЧНИ ТЕЛА: Согласност да не се биде едно“
❍ Ве покануваме на промоција на фестивалскиот каталог на , кој покрај документација од изложбата „Анархични тела“ содржи и избор на текстови од Рози Браидоти, Жак Рансиер, Бојан Манчев, Џек Халберстам, Пол Б. Пресијадо, Едуар Глисан, Дејвид Лојд и Саидија Хартман, за првпат преведени на македонски јазик во рамки на овогодишното издание на фестивалот.
❍ По промоцијата ќе следи тура низ изложбата во придружба на дел од уметниците и кураторот Славчо Димитров, како можност за непосредна средба со делата, процесите и концептите што ја обликуваат изложбата.
❍ Изложбата „Анархични тела: согласност да не се биде едно“ ги обединува делата на Дарко Алексовски, Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Христина Иваноска, Јован Јосифовски, Тереза Лазарев и Александра Петрушевска и Јане Чаловски, кои низ различни медиуми и пристапи го истражуваат телото како нестабилна, отворена и релациска форма на постоење.