04/09/2026
🤝Координаторите на Програмските совети на трите работни групи на НКЕУ-МК во рамките на Кластер 1 – „Темели“ – РГ 3 „Правосудство и основни права“, РГ 4 „Правда, слобода и безбедност“ и РГ 6 „Антикорупција“ – одржаа подготвителен состанок за претстојната заедничка сесија.
Оваа сесија има посебно значење – со неа НКЕУ-МК го одбележува јубилејот од 75 одржани сесии, посветени на дијалогот за реформите и процесот на европска интеграција.
📌Подготовките продолжуваат, а 75тата сесија ќе биде уште една можност на едно место да се соберат релевантните институции, експерти и граѓански организации и низ отворена и аргументирана дискусија да се осврнат на постигнатото, но и на предизвиците што претстојат.