05/07/2026
Тој не можеше ниту да стане. Ниту еден чекор не можеше да направи. А живееше во нечиј двор, пред очите на своите “сопственици” 💔
Ова е Аш.
Во јуни 2026 година беше затекнат на улица, но близу до дворот во кој живеел, во тешка здравствена состојба. Неговите шепи беа толку отечени и воспалени што едноставно лежеше, неспособен да стане.
Бидејќи Аш не е улично куче, го презедовме ние и му дадовме шанса која одамна ја заслужувал.
Направивме 4Д тест за најчестите медитерански болести, а резултатите беа шокантни. Аш е позитивен на три од четирите болести. Крвната слика и биохемијата му се многу лоши, а ветеринарот потврди дека долго време трпел силни болки.
Дополнително, кај Аш е откриен и тумор кој расте забрзано и за кој ќе бидат потребни хемотерапија и операции.
И покрај сè, Аш е неверојатно мирно, нежно и питомо куче. Не ја изгубил довербата во луѓето, иако токму тие дозволиле да дојде до оваа состојба.
Досегашните трошоци за неговото лекување изнесуваат 23.604 денари, а секој месец ќе бидат потребни уште околу 6.400 денари за терапија. Дополнително, неговото привремено сместување чини 75 евра месечно, а допрва нè очекуваат хемотерапијата и операциите.
Не можеме сами.
Секој денар и секое споделување значат нова шанса за Аш. ❤️
Начин на донирање:
PayPal: [email protected]
Patreon: https://www.patreon.com/daisyfamilyrescue
Сметка за донации:
Шепасти Ентузијасти Скопје
300000004398986
Комерцијална Банка АД Скопје
Со назнака за АШ
Ветуваме дека транспарентно ќе ве известуваме за секој чекор од неговото закрепнување.