Solar Macedonia

Solar Macedonia Macedonian association for solar energy – Solar Macedonia is scientific, educational and cultural association

12/05/2026

This link will take you to a page that’s not on LinkedIn

12/05/2026

Го најавуваме Зрак Солар ДООЕЛ како ислагач на СОЛАРНИОТ САЕМ и е компанија основана во 1997 година во Прилеп, со речиси три децении искуство во областа на сончевата енергија. Основната дејност на компанијата е производство на термални сончеви колектори, додека дополнително се занимава со трговија и инсталација на системи за греење и климатизација.

Нивните производи и решенија се присутни не само на домашниот пазар, туку и на повеќе европски пазари, вклучувајќи ги Чешка, Словачка, Италија, Хрватска, Србија, Бугарија и Косово, што претставува доказ за квалитетот и довербата што ја градиме со години.

Како компанија, обезбедуваат целосна техничка поддршка и сервис за нивните соларни системи, следејќи ги најсовремените стандарди и технологии во индустријата.

Зрак Солар е официјален дистрибутер за Македонија на брендот INOVA – современи топлински пумпи воздух-вода кои користат R290 разладно средство. Оваа пумпа е меѓу најефикасните на светскиот пазар, нуди високи перформанси, енергетска ефикасност и еколошки прифатливо решение за греење и ладење.

Со јасна ориентација кон одржлив развој и енергетска ефикасност, Зрак Солар нуди сигурни и долгорочни решенија за искористување на сончевата енергија – за домаќинства, индустрија и јавен сектор. Нивната мисија е да придонесат кон почиста животна средина и енергетска независност, преку иновативни и проверени технологии.

Зрак Солар – традиција, квалитет и енергија на иднината.

www.zrak.com.mk [email protected]

+389 75 983 711 | +389 75 208 579

Македонската Соларна Асоцијалци и оваа година Бизнис делегациски соработник на Интер Солар во Минхен каде нашите членки ...
11/05/2026

Македонската Соларна Асоцијалци и оваа година Бизнис делегациски соработник на Интер Солар во Минхен каде нашите членки кои ќе го посетат саемот ќе имаат бенефити од аспект на бесплатни влезници за посета, намалени цени за конференциски дел како и пристап на настани организирани за време на самиот саем.

Имавме чест да го пречекаме Австралискиот амбасадор во Северна Македонија, г. Питер Трусвел, заедно со г. Стеван Васиќ о...
08/05/2026

Имавме чест да го пречекаме Австралискиот амбасадор во Северна Македонија, г. Питер Трусвел, заедно со г. Стеван Васиќ од Секторот за политика – економија/трговија, и г. Зоран Костовски, Австралискиот конзул во Северна Македонија. Разговорите беа насочени кон најновите случувања во енергетскиот сектор во двете земји и разгледување на можностите за идната соработка.

Особено беше значајно да се дознае дека Австралија е една од глобалните лидери во инсталации на соларни панели на покриви за домаќинства и бизниси. Исто така, разменивме мислења за актуелните трендови во инвестициите во соларни проекти на големи електрани во Северна Македонија, како и за потенцијалот за комбинирани решенија од обновливи извори на енергија во станбени и деловни објекти.

Упативме покана за претстојната 5-та Годишна Соларна Конференција на 23 и 24 септември 2026 година во Скопје и Годишниот Соларен саем 4-7.6.2026 како и продолжување со дијалогот за идни можности.

Соларниот саем го најавуваме и во Netaville, информации за поволни кредитини линии и субвенција до 30 % за млади до 35 г...
06/05/2026

Соларниот саем го најавуваме и во Netaville, информации за поволни кредитини линии и субвенција до 30 % за млади до 35 години преку ГФФ програмата за инвестиции во соларна опрема за домаќинства. Се гледаме на Соларен Саем 4-7.6.2026 во Скопје Сити Мол !

Што ако најголемиот потенцијал за раст веќе е во вашата компанија — само не е доволно видлив?На Business Talks Vinica, з...
05/05/2026

Што ако најголемиот потенцијал за раст веќе е во вашата компанија — само не е доволно видлив?
На Business Talks Vinica, заедничка иницијатива на Здружението на извозници од Виница и Solar Macedonia, со поддршка од Швајцарскиот проект за модернизација и нивните соработници – бизнис советниците, не зборувавме само за предизвици — туку за тоа како компаниите реално можат да растат.
Преку дискусиите за финансии, пазари, луѓе и технологии, една порака беше јасна:
👉 Компаниите што напредуваат не се тие што имаат помалку проблеми — туку тие што знаат како да ги препознаат и да пристапат кон нивно ефикасно решавање.
Токму тука доаѓа улогата на бизнис советниците.
Не како теоретска поддршка, туку како партнери што помагаат да се:
✔ препознаат клучните слабости,
✔ донесат информирани одлуки, и
✔ постави јасен и реален план за раст.
Неколку компании веќе отворија конкретни разговори за соработка веднаш по настанот, што е јасен сигнал дека бизнисот има интерес и е спремен да користи советодавна помош, кога истата носи видливи придобивки.
💡 Ако сте член на Solar Macedonia и размислувате за следниот чекор за вашата компанија, можеби прашањето не е дали ви треба поддршка, туку каква поддршка ќе ви донесе најголем ефект.
📩 Разговарајте со бизнис советник. Понекогаш една добра анализа е разликата помеѓу пазарно опстојување и стратегиски раст.

Каталогот од бизнис-советници превземете го од следниот линк https://www.swisscontact.org/en/projects/modernisation-project
#Модернизација #РастНаБизнис #БизнисДијагностика

Со задоволство ве известуваме дека останува уште една слободна изложбена позиција на приземјето, што е доказ за големиот...
28/04/2026

Со задоволство ве известуваме дека останува уште една слободна изложбена позиција на приземјето, што е доказ за големиот интерес кон настанот. Дополнителни локации ќе бидат обезбедени според потребите. Ви благодариме за покажаниот интерес.

Македонската соларна асоцијација „Солар Македонија“ со особена чест го најавува 4-тиот годишен Соларен саем, кој ќе се одржи од 4 до 7 јуни 2026 година во Скопје Сити Мол.

Овој саем претставува одлична можност за компаниите и граѓаните да се запознаат со најновите технологии и практични решенија во областа на соларната енергија. На приземјето, првиот кат и надворешниот простор пред трговскиот центар ќе бидат поставени 30 изложбени позиции.

Посетителите ќе имаат можност за директна средба со производители и дистрибутери на современа соларна опрема, меѓу кои:

фотоволтаични, термални, воздушни и комбинирани колектори

батерии за складирање електрична енергија

топлински пумпи и системи за греење/ладење

решенија за громобранска заштита

роботи и машини за чистење панели

соларни сушари, електрични велосипеди, полначи и возила
и уште многу повеќе!

🔗 Линк за регистрација на излагачи и детали за настанот https://solar.org.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d1%81%d0%be%d0%bb-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d0%be/

📢 Соларен Саем 2026📍 Локација: Skopje City Mall📅 Датум: 4 – 7 јуни 2026Организиран од: Македонска Соларна асоцијација, С...
20/04/2026

📢 Соларен Саем 2026

📍 Локација: Skopje City Mall
📅 Датум: 4 – 7 јуни 2026

Организиран од: Македонска Соларна асоцијација, Солар Македонија-4то издание

Со оваа најава, Солар Македонија го претставува годишниот Соларен Саем 2026,настан посветен на најновите трендови и технологии во соларната енергија.

Што ќе најдете на саемот?
Посетителите ќе можат да разгледаат понуди од над 30 изложувачи, поставени на:

приземје
прв кат
надворешен простор пред трговскиот центар
Изложбена програма:

-фотоволтаични, термални и хибридни колектори
-батерии за складирање енергија
-топлински пумпи
-громобранска заштита
-роботи за чистење соларни панели
-соларни сушари и воздушни колектори -системи за греење, ладење, вентилација
електрични велосипеди, полначи и возила
и многу повеќе

🤝 Настанот нуди директна комуникација со производители, дистрибутери и експерти од индустријата – што е одлична можност и за граѓани и за бизниси. Влезот е бесплатен ! Линк за регистрација на излагачи: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScxa0jRYlOxPgqxa_Ls1jbkhKLjGQscLdPsYHF0Rw3p-hgXRw/viewform

Со задоволство ве информираме дека веќе се резервирани 75% од изложбените позиции, што сведочи за големиот интерес за ов...
16/04/2026

Со задоволство ве информираме дека веќе се резервирани 75% од изложбените позиции, што сведочи за големиот интерес за овој настан. Македонската соларна асоцијација „Солар Македонија“ со особена чест го најавува 4-тиот годишен Соларен саем, кој ќе се одржи од 4 до 7 јуни 2026 година во Скопје Сити Мол.

Саемот претставува извонредна можност за компаниите и граѓаните да се запознаат со најновите технологии и практични решенија во областа на соларната енергија. На приземјето, првиот кат и надворешниот простор пред трговскиот центар ќе бидат поставени 30 изложбени локации.

Посетителите ќе имаат директна средба со производители и дистрибутери на современа соларна опрема, меѓу кои:

фотоволтаични, термални, воздушни и комбинирани колектори

батерии за складирање електрична енергија

топлински пумпи и системи за греење/ладење

решенија за громобранска заштита

роботи и машини за чистење панели

соларни сушари, електрични велосипеди, полначи и возила

И уште многу повеќе!

🔗 Линк За регистрација на излагачи: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScxa0jRYlOxPgqxa_Ls1jbkhKLjGQscLdPsYHF0Rw3p-hgXRw/viewform

Голема чест беше за Македонската соларна асоција, Солар Македонија и претседателот проф. Илија Насов да бидат поканети о...
16/04/2026

Голема чест беше за Македонската соларна асоција, Солар Македонија и претседателот проф. Илија Насов да бидат поканети од Полската академија на науките да одржат предавање во рамките на програмата за постдокторски меѓународни студии на Институтот за машининство – ИМП.

Публиката ја сочинуваа студенти од Полска, како и од неколку други земји, што претставуваше уште поголемо задоволство да им се презентира темата „Филозофија на европските истражувачко-развојни и иновациски проекти и преглед на повеќе од десет успешно имплементирани проекти“. Учесниците покажаа голем интерес, активно поставувајќи бројни прашања и вклучувајќи се во дискусии.

Како резултат на успешно завршениот проект од програмата ЕУ FP7—во кој Македонската соларна асоцијација и Полската академија на науките (ИМП Институтот) беа конзорциумски партнери во областа на комбинирани соларни системи со топлински пумпи,настанот беше уште поатрактивен и влијателен.

Христос Воскресе  ! Ви посакуваме здравје, мир и радост со најблиските. Честит Велигден, да сте живи и здрави !
12/04/2026

Христос Воскресе ! Ви посакуваме здравје, мир и радост со најблиските. Честит Велигден, да сте живи и здрави !

Address

Veljko Vlahovik 18
Skopje

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Solar Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Solar Macedonia:

Share