Rotary Club Skopje Centar

Rotary Club Skopje Centar A strong mutual Fellowship and commitment to meaningful local and international service projects, is

Rotary International (RI), the world’s oldest organization of service clubs, includes more than 33,000 clubs in over 200 countries and areas. More than 1.2 million Members of this service clubs a global network of business and professional leaders who volunteer give their time and talents to society they live to serve. Service above self – the motto of Rotary, “Service Above Self” an example for t

he humanitarian
spirit of the organization. A strong mutual Fellowship and commitment to meaningful local and international service projects, is the main of the characteristics of Rotary worldwide.

25/03/2026

Донаторскиот настан се ближи. Ве очекуваме на инспиративна донаторска вечер посветена на книгата „Облеката и модата, од историјата до денес“.

Во видеото од овој пост можете да видите дел од вредноста и богатата содржина на ова значајно дело, кое заслужува да добие печатено издание и да остане како сведоштво за културата, историјата и модата кај нас и во светот

Со вашето присуство и поддршка, помагаме една важна културна приказна да остане запишана.

📍 Literatura.mk Superstore – Diamond Mall
📅 28.03.2026
🕖 19:30

Ве очекуваме. Бидете дел од вечер со убава цел.

✨ Кога модата раскажува приказна, таа станува култура. Кога заедницата се обединува, таа приказна продолжува.Rotary Club...
14/03/2026

✨ Кога модата раскажува приказна, таа станува култура. Кога заедницата се обединува, таа приказна продолжува.

Rotary Club Skopje Centar, клуб кој постојано придонесува за доброто на заедницата, организира донаторска вечер со цел – да помогнеме една значајна книга да добие своја печатена форма.

Станува збор за делото „Облеката и модата, од историјата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ, кое е редок и вреден труд што за прв пат во ваква форма, на македонски јазик ја раскажува досега недоволно раскажаната приказна за историскиот костим и модата во светот и во Македонија, нивниот развој, креативна енергија и културен белег...

Ова нема да биде класична промоција.
Ова е вечер на инспирација, култура и заедништво, каде секоја донација помага ова значајно дело да стане културно наследство за идните генерации.

Очекувајте интересна и инспиративна вечер, можности за донација и пријатни изненадувања за донаторите.

📍 Literatura.mk Superstore – Diamond Mall
📅 28.03.2026
🕖 19:30

Дојдете да бидете дел од вечер во која модата, историјата и хуманоста се среќаваат на едно место.

Вашето присуство може да помогне една важна приказна да остане запишана. 💫

Ново партнерство како важен чекор за заеднички придонес. 🤝Со огромно задоволство Ротари клуб Скопје Центар потпиша Мемор...
11/02/2026

Ново партнерство како важен чекор за заеднички придонес. 🤝
Со огромно задоволство Ротари клуб Скопје Центар потпиша Меморандум за соработка со Лионс клуб „Светлина“, дел од Дистрикт 132 и прв женски Лионс клуб во Македонија.
Овој чин претставува важен чекор кон заедничко делување, размена на искуства и реализација на хуманитарни и општествено одговорни иницијативи со уште поголемо влијание во заедницата.
Веруваме дека кога клубови со исти вредности ги здружуваат силите, се создаваат трајни промени и вистинска поддршка таму каде што е најпотребно.
Со нетрпение очекуваме успешна и инспиративна соработка! ✨

Инспиративна средба во духот на ротаријанството! ✨На состанокот на Ротари клуб Скопје Центар имавме чест да ни гостува M...
23/01/2026

Инспиративна средба во духот на ротаријанството! ✨
На состанокот на Ротари клуб Скопје Центар имавме чест да ни гостува Matjaž Novak, гувернер на Дистрикт 1912 – Словенија и Македонија.
Со големо задоволство го информиравме за нашите активности и успешни проекти преку кои, чекор по чекор, градиме подобро општество. 🤝💙

Традиционалната дружба на Ротари клуб Скопје Центар по повод Василица 🌟Со паричка за среќа и со срце полно заедништво, г...
15/01/2026

Традиционалната дружба на Ротари клуб Скопје Центар по повод Василица 🌟
Со паричка за среќа и со срце полно заедништво, ги негуваме вредностите и традициите што нè поврзуваат и нè прават посилни заедно. 🥮✨

🧡 Човековите права се основата на почитта. Нашата кампања завршува, но акцијата продолжува затоа што секоја жена заслужу...
10/12/2025

🧡 Човековите права се основата на почитта. Нашата кампања завршува, но акцијата продолжува затоа што секоја жена заслужува свет без насилство. ✋

Иако мнозинството се спротивставува на насилството врз жени, сепак бројките во ЕУ предупредуваат:
🔸 14% жени и 28% мажи веруваат дека жените треба да очекуваат сексистички и навредливи коментари ако јавно споделат мислење на социјалните мрежи
🔸 35% млади од 18 до 24 години и дури 51% лица над 65 години сметаат дека жените се барем делумно одговорни ако нивни интимни фотографии, споделени со доверба, подоцна бидат објавени без согласност.

Овие ставови се голем предизвик. За почеток треба да разбереме како родовите стереотипи влијаат врз нас – онлајн и офлајн.

Тие ја моделираат нашата секојдневна реалност, го ограничуваат изборот и создаваат дигитални простори во кои многу жени се соочуваат со страв, омаловажување и контрола.

Тоа треба да се смени. Заедно градиме почит – на интернет и насекаде. 🌎

🧡Поддржи ја кампањата и сподели го постот за поголема заштита од дигитално насилство.

‼️Deepfake содржината денес е една од најбрзо растечките форми на онлајн насилство. А 99% од жртвите се жени и девојки. ...
09/12/2025

‼️Deepfake содржината денес е една од најбрзо растечките форми на онлајн насилство. А 99% од жртвите се жени и девојки. 📈

Deepfake значи дека некој го искористил твојот лик, глас, тело за да ги злоупотреби за лажна содржина и да ги објави без твоја согласност. 😳 Тоа може да ти се случи тебе, на твојата ќерка, сестра, пријателка. 🤦‍♀️👩‍🦳👱‍♀️

И ова е насилство. Но може да го спречиме ако делуваме заедно. 🔗

Како да се заштитиме за 30 секунди?
5 совети за заштита од deepfake 👇
1️⃣ Постави ги сите профили на private
2️⃣ Отстрани или сокриј стари фотографии и видеа со јасно лице
3️⃣ Додај воден жиг на новите фотографии (Truepic, Adobe CAI)
4️⃣ Пријави лажна содржина веднаш 👉 на платформата + cybercivilrights.org
5️⃣ Барај од технолошките компании да блокираат deepfake порнографија со таг на нивните профили

📩Препрати го овој пост на секоја жена што ја познаваш. За тоа ти требаат само 10 секунди, а со тоа може да спречиш некоја да биде жртва на дигитално насилство. 🛑

🧡Поддржи ја иницијативата и придонеси за поголема свесност и побезбедна дигитална средина за сите жени.

UN Women

🌿 Ротари клуб Скопје Центар со нов хуман проект - Чист воздух за поздрави деца.Горди сме што го реализиравме овој проект...
08/12/2025

🌿 Ротари клуб Скопје Центар со нов хуман проект - Чист воздух за поздрави деца.

Горди сме што го реализиравме овој проект со донација на прочистувачи на воздух за Одделот за имунологија при Универзитетската клиника за детски болести.

👉 Дониравме 12 OurAir SQ 500 PLUS уреди во сите болнички простории и 1 голем прочистувач OurAir SQ 1750 за централниот простор. Во следните три години ќе обезбедуваме и редовна замена на филтрите.

Овој Оддел се грижи за деца со примарни имунодефицити и хронични респираторни заболувања, кај кои дури и минимално загадување може да предизвика компликации. Годишно таму се хоспитализираат околу 800 деца, а 10 пациенти со тешки имунодефицити примаат месечна терапија.

💛 Донираните прочистувачи значително го намалуваат присуството на ПМ честички, бактерии, вируси, алергени и штетни гасови – создавајќи побезбедна средина за лекување, побрзо закрепнување и подобра заштита за малите пациенти.

Заедно создаваме поздрава иднина за децата. 🌟

💔 Дигиталното насилство не е „само збор“: Избери почит и преземи акција! 🗣️ Зборовите се нашиот најмоќен алат. Тие имаат...
06/12/2025

💔 Дигиталното насилство не е „само збор“: Избери почит и преземи акција!

🗣️ Зборовите се нашиот најмоќен алат. Тие имаат сила да помогнат, но и да повредат. Изборот е секогаш наш. Но, едно е сигурно: јазикот на почитта создава култура на безбедност и прифаќање. Затоа, наместо омраза, да избереме да споделиме добрина и поддршка. 🤝

💻 Дигиталното насилство остава реални трауми. Во дигиталниот свет, секој клик, лајк и коментар остава трага. Она што за некого е „само збор“ или „само шега“ може да биде директен и болен удар врз нечие достоинство, самодоверба и чувство на сигурност.

Нашата одговорност не завршува, туку започнува со притискање на „send“. Да дејствуваме со свесност, емпатија и цврст избор: да не дозволиме дигиталното насилство да стане нормален дел од нашето секојдневие. 🚨

Како ти можеш да станеш дел од решението? 🛡️ Помагаме во борбата против дигиталното насилство кога:
🔸Јавно осудуваме онлајн навреди, закани и токсичност.
🔸Пријавуваме злоупотреби и форми на дигитално насилство на платформите.
🔸Стоиме на страната на жртвите, нудејќи им поддршка наместо тишина и вина.

Тоа не е само мал гест, туку неопходна акција за спречување на родово-базирано насилство во онлајн просторот. Тоа е основата на општество во кое жените и девојките можат слободно да зборуваат, да создаваат, да се чувствуваат видени и заштитени. 🔗

🧡 Твојот глас има тежина. Користи го за да заштитиш, да поддржиш и да инспирираш.

👉 Придружи ни се! Поддржи ја иницијативата и придонеси за поголема свесност и побезбедна дигитална средина за сите жени. Сподели го овој пост и помогни да изградиме посигурен дигитален простор за сите. 🌍
#СтопЗаДигиталнотоНасилство #ДигиталнаСигурност

ЕКОНОМСКИ ФОРУМ 2025 - Како да ја разбереме и задржиме Генерацијата Z во македонската економија? 💫 Ротари клуб Скопје Це...
04/12/2025

ЕКОНОМСКИ ФОРУМ 2025 - Како да ја разбереме и задржиме Генерацијата Z во македонската економија?
💫 Ротари клуб Скопје Центар со гордост го организираше традиционалниот Економски форум, кој отвори исклучително важна тема за иднината на македонската економија – улогата, мотивацијата и потенцијалот на Генерацијата Z.
Настанот го поздрави Претседателот на клубот, Јордан Дамчевски, кој ја истакна потребата од системска поддршка и нови модели на соработка меѓу младите, бизнис секторот и образовните институции.
Преку илустративна презентација ги прикажавме алармантните бројки за песимизмот на младите во земјата и вредностите, навиките и очекувањата на оваа генерација која ги редефинира правилата на игра.
А, на динамичната панел-дискусија со истакнати експерти ги отворивме најрелевантните специфики на Gen Z:
👩‍💻👨‍💻 Разбирање на кариерата, авторитетот и работната етика
💵 Пари или смисла? - што навистина ги мотивира младите професионалци
🆓 Фриленсерството како тренд – растечки модел што бара нов пристап од компаниите и државата
🇲🇰 Може ли Македонија да ја задржи Генерација Z? – конкретни препораки за институциите, бизнисот и заедницата
✨ Искрена благодарност до панелистите за нивната експертиза, енергија и подготвеност да ја споделат својата перспектива.
✨ Голема благодарност и до сите присутни гости кои со своето време, идеи и интерес го збогатија овој форум и ја потврдија важноста на вакви отворени платформи за дијалог.
Со овој настан, Ротари клуб Скопје Центар уште еднаш ја потврдува својата мисија: да поттикнува дебата, да отвора важни економски и општествени прашања и да создава средини што носат нови идеи и решенија за подобра иднина.

Секоја жена има право на заштита и почит, online и offline. 🧡 Борбата против дигиталното насилство започнува со информир...
02/12/2025

Секоја жена има право на заштита и почит, online и offline. 🧡 Борбата против дигиталното насилство започнува со информираност.

Дигиталното насилство е сериозна форма на родово засновано насилство што директно влијае врз вашата приватност, безбедност и достоинство.

Како да се заштитите во дигиталниот простор ?👇

🔐 Заштитете ја вашата приватност
✔️Активирајте двофакторска автентикација
✔️Користете силни, уникатни лозинки
✔️Не споделувајте доверливи информации

🚫 Поставете јасни граници
✔️Блокирајте профили што ве вознемируваат
✔️Ограничете кој може да ги гледа или коментира вашите објави

🧾 Зачувајте докази
✔️Screenshots, пораки и други записи
✔️Доказите се важни ако одлучите да пријавите

📣 Пријавете го насилството
✔️Користете ги алатките за пријавување на социјалните мрежи
✔️Обратете се до надлежни институции и линии за поддршка
✔️Споделете со лице во кое имате доверба

🤝 Не сте сами. Поддршката е клучна, затоа разговарајте со пријател или пријателка, член на семејството или надлежна служба или институција. Вашата безбедност е приоритет. 🆘

Ротари клуб Скопје Центар активно се вклучува во подигнување на свесноста за дигиталното насилство и во промовирањето безбеден дигитален простор за жените и девојките.

Преку едукативни активности, партнерства и кампањи насочени кон превенција и дигитална безбедност, придонесуваме за зајакнување на жените и заштита на нивните права.

🧡 Поддржете ја иницијативата и придонесете за поголема свесност и побезбедна дигитална средина за сите жени.

UN Women

Ако сведочиш дигитално насилство, помогни, пријави и побарај поддршка. Секоја реакција спасува нечие достоинство. 🧡Дигит...
28/11/2025

Ако сведочиш дигитално насилство, помогни, пријави и побарај поддршка. Секоја реакција спасува нечие достоинство. 🧡

Дигиталното насилство не се случува само на екранот. Тоа е исто така родово засновано насилство што создава траума и остава длабоки, реални последици врз жените и девојчињата. Се случува секојдневно, често тивко и незабележано како:
🔸 закани, уцени, вознемирување преку пораки
🔸 споделување или закана за споделување интимни фотографии без дозвола
🔸 креирање лажни профили, злоупотреба или крадење дигитален идентитет
🔸 следење, контрола и нарушување на приватноста

Дигиталното насилство ги ограничува движењето и изборот, ја нарушува довербата, ја замолчува жртвата и ги продлабочува стравот и нееднаквоста.

Ротари клуб Скопје Центар застанува против дигиталното насилство врз жени и девојчиња.

Заедно можеме да создадеме онлајн простори каде што почитта, безбедноста и еднаквоста се правило, а не исклучок.

📣 Поддржи ја кампањата
🌐 Сподели, реагирај, пријави.
🔔 Застани на страната на жртвите и не молчи.

UN Women


Address

Marriott Hotel
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 17:30 - 18:30

Telephone

+389 70363627

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotary Club Skopje Centar posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotary Club Skopje Centar:

Share