25/04/2026
📍21 - 24.04.2026 г.
Студиска посета во Лион, Франција 🇫🇷
Во рамки на организираната студиска посета, нашата делегација имаше можност да ја посети групација Groupe Lorillard, фабриката во Лион - Plastibaie SARL, со импресивен резултат од 890 дена без повреда при работа.
🔹 Фокусот беше ставен на: – системски пристап кон безбедност и здравје при работа (БЗР)
– култура на превенција и одговорност на сите нивоа
– активно вклучување на вработените во процесите на безбедност
🤝 Посетата овозможи директна размена на искуства и добри практики, со акцент на тоа како континуираната едукација, лидерството и комуникацијата придонесуваат за нула повреди.
Домаќин на посетата беше Marc Dalmais, Директор (Directeur de usine).
💡 Ваквите примери се доказ дека инвестицијата во БЗР не е трошок, туку вредност која создава сигурна и продуктивна работна средина.
👷♀️👷 Во состав на нашата група, присутни беа претставници од: #Витаминка, #МНАВ, #МеѓународенСлавјанскиУниверзитетМСУ, #ПремиумСејфтиСолушн, #ЈЗУУниверзитетскаклиниказаДетскаХитургија, менаџери, претставници на вработени во приватни компании и јавен сектор.
*Поради безбедносни и интерни политики на компанијата, за време на посетата беше ограничено фотографирањето.
#БЗР #БезбедностПриРабота #Лион #РазменаНаИскуства #Превенција