AGORA

AGORA АГОРА е здружение за развој на демократското општество преку унапредување на локалните заедници и граѓанскиот сектор.

Здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје е доброволна, невладина, непартиска и непрофитна организација која работи на национално ниво во Македонија. Основана е во 2001 година со седиште во Скопје, а во 2015 година беше извршена пререгистрација со цел проширување на нејзината мисија и дејност.

Визијата на здружението е напредок на луѓето и заедниците засн

ован на родова еднаквост, економски просперитет и демократски принципи.

Неговата мисија е јакнење на капацитетите на сите општествени чинители и промовирање партиципативни и одржливи процеси кои ќе доведат до развој на заедниците.

Стратешки цели на Агора се:
- Принципот на родовата еднаквост е прифатен и практикуван на локално ниво,
- Подобрена клима за започнување на бизниси кај млади и жени,
- Ефективно, ефикасно, транспарентно и отчетно работење на општините,
- Просперитетни и економски развиени локални заедници,
- Агора е активна членка на релевантни национални и регионални меѓународни мрежи,
- Приходите во организацијата се обезбедуваат од повеќе различни донатори.

Своите цели здружението ги остварува преку утврдена програма за работа, односно преку следните активности:

- Спроведување анализи и мониторинг на релевантните политики,
- Зајакнување на локалните чинители за активно учество во донесување одлуки,
- Застапување за донесување соодветни мерки и политики на локално ниво,
- Јакнење на свеста на сите засегнати страни и на јавноста,
- Зголемување на знаењето и вештините кај своите целни групи
- Вмрежување и поврзување на чинителите, вклучително соработка со други организации и институции,
- Подготовка на проектни апликации со цел обезбедување доволно фондови за остварување на планираните цели.

❗Само уште 6 дена до затворање на повикот за учество во програмата за јакнење на капацитетите за следење, застапување и ...
25/08/2026

❗Само уште 6 дена до затворање на повикот за учество во програмата за јакнење на капацитетите за следење, застапување и јавен дијалог во процесот на 🇪🇺 европска интеграција наменет за граѓански организации водени од жени!
✨ Зашто да се пријавите?
• Обука и менторска поддршка
• Вештини за следење и застапување за политики за економска и дигитална инклузија на жените во контекст на интеграцијата во ЕУ
• Вмрежување со сродни организации од целата земја 💜

🗓 Краен рок за пријавување: 31 август 2026

Не ја пропуштајте можноста!
За повеќе информации за условите, очекуваните резултати и начинот на аплицирање погледенете го целосниот повик на нашата веб страна: https://agora.org.mk/tag/oglasi-povici/

Повикот се објавува во рамки на иницијативата „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“ којашто е финансирана од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“.

🔗Рокот за аплицирање на повикот за ангажирање на тројца експерти/-ки или експертски тим за подготовка и реализација на п...
17/08/2026

🔗Рокот за аплицирање на повикот за ангажирање на тројца експерти/-ки или експертски тим за подготовка и реализација на програма за обука и менторство на граѓанските организации истекува утре во 17.00 часот.

🎯Бараме професионалци кои ќе придонесат кон јакнење на капацитетите на организациите и 20 жени активистки за следење политики, застапување и јавен дијалог на теми поврзани со ЕУ интеграција и родова еднаквост, економско јакнење на жените и дигитална инклузија.

Не ја пропуштајте можноста!

▶ За повеќе информации за условите, очекуваните резултати и начинот на аплицирање погледенете го целосниот повик на нашата веб страна: https://agora.org.mk

Повикот се објавува во рамки на иницијативата „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“ којашто е финансирана од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“.

🌱 15 години во служба на почиста животна срединаВо 🇲🇰 Пакомак  веќе 15 години развива и унапредува систем за управување ...
13/08/2026

🌱 15 години во служба на почиста животна средина

Во 🇲🇰 Пакомак веќе 15 години развива и унапредува систем за управување со пакување и отпад од пакување, придонесувајќи кон развојот на кружната економија и заштитата на животната средина.

♻️ Преку соработка со компании, институции и граѓани, Пакомак организира системи за селекција и рециклирање на отпадот од пакување, намалувајќи ја количината отпад што завршува на депониите и во природата.

🌍 Со континуирани инвестиции во инфраструктура, едукација и подигнување на јавната свест, компанијата помага во создавање одговорни навики за управување со отпад и градење на почисти и поодржливи заедници.

📖 Повеќе за добрата практика прочитајте во Студијата на добри практики од локален бизнис сектор -https://konekt.org.mk/wp-content/uploads/2026/01/Konekt-Studija-na-dobri-praktiki-od-lokalen-biznis-sektor-Eko-dijalog-kon-EU-A5-30.12.2025-2-1.pdf

Студијата е изработена во рамки на проектот „„Еко Дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“, ко-финансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница - Штип (ФРЛЗ) во партнерство со здружението Конект и здружението „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје. “ AGORA

Delegation of the European Union to North Macedonia
#ЕУсоТебе

📢 Сѐ уште е отворен Повикот за учество на женски граѓански организации во програмата за јакнење на капацитетите за следе...
11/08/2026

📢 Сѐ уште е отворен Повикот за учество на женски граѓански организации во програмата за јакнење на капацитетите за следење, застапување и јавен дијалог во процесот на европска интеграција.

Пријавете се и добијте можност да:
✅ Стекнете практични вештини за анализа на политики и застапување
✅ Придонесете во подготовка на препораки за јавни политики
✅ Станете дел од национална мрежа на женски организации и активистки

Краен рок за пријавување: 31 август 2026 година, до 00:00 часот

❓ Имате прашања или ви се потребни дополнителни појаснувања?
Испратете ги најдоцна до 19 август 2026 година на: [email protected]
📌 Одговорите на сите пристигнати прашања ќе бидат објавени на 22 август 2026 година.
⏳ Не чекајте до последен момент! Поднесете ја вашата апликација навреме и искористете ја оваа можност.

Повикот се објавува во рамки на иницијативата „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“ којашто е финансирана од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“.

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности ги поканува заинтересираните женски граѓански организации да достават пријава за учество во програма за јакне....

📢 Сè уште е отворен повикот за ангажирање на експерти/ки или експертски тим за обука и менторство на граѓански организац...
05/08/2026

📢 Сè уште е отворен повикот за ангажирање на експерти/ки или експертски тим за обука и менторство на граѓански организации и жени активистки.

Не го пропуштајте рокот за аплицирање: 18.08.2026 до 17:00 часот.

🔗 Прочитајте ги деталните информации на нашата веб страница 👇

Повикот се реализира во рамки на иницијативата „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“, финансиски поддржана од Шведска, преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“.
#Повик #Експерти #ЕУИнтеграција #РодоваЕднаквост #ДигиталнаИнклузија

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности ги поканува сите заинтересирани лица да достават понуда за подготовка и реализација на програма за јакнење на к...

📣АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности објавува повик за ангажирање на тројца експерти/-ки или експертски т...
28/07/2026

📣АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности објавува повик за ангажирање на тројца експерти/-ки или експертски тим за подготовка и реализација на програма за обука и менторство на граѓанските организации.

🎯 Бараме професионалци кои ќе придонесат кон 💪јакнење на капацитетите на организациите и 20 жени активистки за 🧐следење политики, застапување и јавен дијалог на теми поврзани со 🇪🇺 ЕУ интеграција и родова еднаквост, економско јакнење на жените и дигитална инклузија.

📩 Краен рок за доставување на понуди: 18.08.2026 година, до 17:00 часот.

🔗 За повеќе информации за условите, очекуваните резултати и начинот на аплицирање погледенете го целосниот повик👇

Повикот се објавува во рамки на иницијативата „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“ којашто е финансирана од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“.

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности ги поканува сите заинтересирани лица да достават понуда за подготовка и реализација на програма за јакнење на к...

📌Дали вашата организација се залага за родова еднаквост, економско зајакнување и дигитална инклузија на жените?Ако одгов...
27/07/2026

📌Дали вашата организација се залага за родова еднаквост, економско зајакнување и дигитална инклузија на жените?

Ако одговорот е ДА, 📩приjaвете се на програмата за обука и менторство на АГОРА и станете дел од мрежата на граѓански организации кои активно придонесуваат кон унапредување на политиките и реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ.

Искористете ја можноста да ги 💪зајакнете вашите капацитети за 🧐следење, застапување и јавен дијалог и претворете го вашиот глас во двигател на промени.

⏳Краен рок за пријавување: 31 август 2026 година, 00:00 часот.

За повеќе детали за пријавувањето, погледнете го целосниот повик.👇

Повикот се објавува во рамки на иницијативата „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“ којашто е финансирана од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“ спроведувана од UNOPS North Macedonia.

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности ги поканува заинтересираните женски граѓански организации да достават пријава за учество во програма за јакне....

📢 АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности го продолжува рокот на повикот за доставување понуди за тим од двај...
21/07/2026

📢 АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности го продолжува рокот на повикот за доставување понуди за тим од двајца експерти за подготовка и реализација на обуки за средношколци на тема „Циркуларна економија и заштита на животната средина“.

📩Пријавите се доставуваат најдоцна до 27 јули 2026 година до 17:00 часот.
✅Ангажманот опфаќа 4-5 месеци и треба да се реализира во периодот август – декември, 2026 година.
🧐За повеќе детали, условите и начинот на пријавување, погледнете го целосниот повик👇

📌 Повикот се објавува во рамки на акцијата „Од отпад до уметност: Младите ја кројат иднината“ поддржана од Европската унија во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“.
#зеленамладиназеленраст #ЕУсоТебе

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности ги поканува сите заинтересирани лица да достават понуда за подготовка и реализација на обукa на тема „Циркулар....

Address

Ристо Шишков 12-1/4
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when AGORA posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to AGORA:

Shortcuts

Share