Fondacija Nikola Kljusev

🖌️🖼️Во рамки на проектот „Artistic journey to green future" кој Фондацијата го спроведува веќе втора година и преку кој ...
04/06/2026

🖌️🖼️Во рамки на проектот „Artistic journey to green future" кој Фондацијата го спроведува веќе втора година и преку кој се учат различни начини за заштита на животната средина, најмалите ќе направат Фестивал на тема „Малите за природата".
👉Овој фестивал ќе се одржи во ООУ „Љубен Лапе“ на 5ти јуни со почеток во 12часот. Во рамки на фестивалот ќе учествуваат и деца од предучилишна возраст од детската градинка „Мини фини буџетчиња“.
♻️На овој фестивал учениците ќе презентираат како ги рециклираат и ре-употребуваат материјалите во текот на образованиот процес и ќе дадат свој придонес и поттик кај другите, за заштита на животната средина.
ООУ "Љубен Лапе" Аеродром

🇦🇿Фондацијата „Никола Кљусев“ беше домаќин на Меѓународен форум за вмрежување на жени претприемачки од Македонија и Азер...
03/06/2026

🇦🇿Фондацијата „Никола Кљусев“ беше домаќин на Меѓународен форум за вмрежување на жени претприемачки од Македонија и Азербејџан.
✍️Форумот беше предводен од професорката Јорданка Галева од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Нена Неновска Ѓорѓиевска од Фондацијата „Никола Кљусев“, кои преку оваа иницијатива имаат заедничка цел – поттикнување на соработка, размена на искуства и создавање нови деловни можности помеѓу двете држави.
✔️На форумот беше истакната важноста на економското поврзување и зајакнувањето на улогата на жените во претприемништвото и меѓународната соработка.
👉Во рамките на настанот, жените претприемачки од Азербејџан, предводени од Ајѓун Ахмадова, основачка на Унијата за поддршка на развојот и образованието на жените од Баку, ги претставија своите компании, деловни активности и визии пред македонските претприемачки, отворајќи простор за дијалог, размена на идеи и воспоставување нови партнерства.
✔️Овој форум, кој нема да остане единствена иницијатива, претставува значаен чекор кон развивање на заеднички проекти и долгорочна соработка меѓу жените претприемачки од Македонија и Азербејџан. Се очекува воспоставените контакти и дискусии да прераснат во конкретни деловни иницијативи кои ќе придонесат за економско поврзување, меѓусебна поддршка и заеднички развој.
Фондацијата „Никола Кљусев“ и понатаму останува посветена на создавање платформи кои го поддржуваат женското лидерство, претприемништвото и меѓународното вмрежување, како и на градење мостови за соработка, особено со Унијата за поддршка на развојот и образованието на жените од Азербејџан.

📢 ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ТРУДОВИ ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА✍️Во рамки на ЕУ проектот GEM (Gender Eq...
21/05/2026

📢 ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ТРУДОВИ ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА
✍️Во рамки на ЕУ проектот GEM (Gender Equality in Mobilization), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад распишува конкурс за студентски/младински трудови со фокус на теми како:
✔️родова еднаквост и политичко учество,
✔️демократски процеси и граѓански активизам,
✔️младинско учество во јавниот живот,
✔️инклузивно лидерство и општествени промени.

🔝Најдобрите десет автор(к)и ќе имаат можност да ги презентираат своите трудови и идеи на Меѓународниот младински симпозиум (GEM Youth Summit), кој ќе се одржи од 14-17 септември 2026 година на Универзитетот во Нови Сад. Исто така, дел од трудовите ќе бидат објавени во соодветни научни списанија во регионот.

👉Кој може да се јави на повикот?
• студент(к)и
• средношколци/ки
• млади истражувачи
• активисти (до 35 години)

🔊Посебен акцент во трудовите треба да се стави на:
• оригиналноста во размислување,
• граѓанската релевантност,
• младинската и женска перспектива

✍️Селекцијата на најдобрите трудови ќе го изврши стручно тело составено од научен кадар, експерти за младински прашања и граѓански активисти. Избраните трудови ќе бидат дел од официјалната програма на Самитот.

📚Рокот за пријавување на конкурсот е 15 јуни 2026 година на следниот линк
https://forms.gle/aUKA7A9ifL8ci4eY9
Рок за доставување на куси апстракти (до 400 зборови) е 1 август на следниот линк
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdgLLC-f5yKyRGNMa0tE7t3rfMLCLo0LvqAw3JLhbV5Urqvkw/viewform
а одлуката за прифаќање ќе биде донесена не подоцна од 15 август 2026.

💻За повеќе информации и пријавување на овој повик контактирајте нè на [email protected]

🇭🇷Од 27-ми април до 1-ви мај 2026, 6 претставници од градинки, основни и средни училишта посетуваа обука во Метковиќ, Хр...
06/05/2026

🇭🇷Од 27-ми април до 1-ви мај 2026, 6 претставници од градинки, основни и средни училишта посетуваа обука во Метковиќ, Хрватска во рамки на проектот "Artistic journey to green future".
👉Фондацијата „Никола Кљусев“ е партнерска организација во проектот кој е финансиран во рамки на програмата Еразмус+, а чиј носител е Основното училиште CEIP Mata Linares од San Vicente de la Barquera, Шпанија.
✍️Во рамки на обуката, учесниците имаа многу интересни активности кои понатаму можат да ги применат во наставата со своите ученици:
- Набљудување и идентификување на птици со помош на телескопи и двогледи на реката Неретва,
- посета на Археолошки музеј на Нарона, каде учесниците имаа можност да пишуваат на папирус,
- посета на работилница за рециклирање на пластика и производство на очила за сонце од рециклирана пластика во Дубровник.

📣 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО GEM SHADOWING PROGRAMMEДали сакаш да видиш како навистина функционираат институциите?Како се носат од...
30/04/2026

📣 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО GEM SHADOWING PROGRAMME

Дали сакаш да видиш како навистина функционираат институциите?
Како се носат одлуки?
И како изгледа еден работен ден на жена лидер?

Проектот Gender Equality in Mobilization (GEM), поддржан од Европската Унија објавува повик за учество во GEM Shadowing Programme – единствена можност за млади девојки да поминат еден ден во институција и директно да ја следат работата на жена лидер.

👩🏻‍💻Што добиваш?
• присуство во институција/граѓански сектор/образовни установи/медиуми
• можност да следиш реални состаноци и процеси
• разговор 1-на-1 со жена лидер
• увид во тоа како изгледа јавниот и политичкиот живот одвнатре
• искуство што може да ти ја насочи иднината

👩‍🏫Кој може да аплицира?
• ученички во средно образование/студентки на високо-образовни институции/ девојки и млади жени на возраст од 15 до 30 години
• мотивирани и љубопитни
• заинтересирани за општествени теми и лидерство

💻Како да аплицираш?
Пополнете ја пријавата на следниот линк:
👉 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe-tJunTsZJhtrr2RPwCvDYhSDV6y1VonqT9kUr_NtaZbilvA/viewform

📅 Рок за пријавување: 20.05.2026 година

📌 Бројот на учеснички е ограничен.

📢 Избраните кандидатки ќе бидат контактирани дополнително.

Ова не е обука.
Ова е реално искуство.

Биди таму каде што се носат одлуките.

Пријави се тука👇👇

Овој формулар е наменет за пријавување за учество во GEM Shadowing Programme. Програмата нуди единствена можност за ученички во средно образование/студентки и млади девојки ....

На 23-ти април 2026, во просториите на Фондацијата се одржа GEM Incubator, активност во рамки на проектот Gender Equalit...
23/04/2026

На 23-ти април 2026, во просториите на Фондацијата се одржа GEM Incubator, активност во рамки на проектот Gender Equality in Mobilization - GEM. На оваа активност активно учество земаа ученици од средните училишта:
✔️Васил Антевски - Дрен
✔️Јосип Броз - Тито
✔️ПСУ САБА и
✔️Шаип Јусуф
✍️Активноста е наменета за обука на обучувачи, со која млади средношколки понатаму ќе треба да ги пренесат искуствата на своите соученици.
👉Темата на GEM Incubator-от беше јакнење на младите за и во политиката - противречности и предизвици.

💻Два дена исполнети со многу интересни теми и размислувања за вештачката интелигенција, што да очекуваме од неа, колку м...
27/03/2026

💻Два дена исполнети со многу интересни теми и размислувања за вештачката интелигенција, што да очекуваме од неа, колку може да ни помогне во образованието и во кој правец го движи светот?
✍️На конференцијата “AI in education” која се одржа вчера и денес присуствуваа професори од основни и средни училишта од Скопје.
👉Конференцијата е завршен настан на проектот “AI4Good” кој училиштето САБА во соработка со Фондација “Никола Кљусев” и партнерите University of Economics Katowice од Полска и меѓународната компанија за професионална едукација ISACA од Ирска, го спроведуваа во текот на изминатата година.

✍️На 6-ти и 12-ти март се одржаа ко креативните работилници составени од ученички од средни училишта во рамки на проекто...
14/03/2026

✍️На 6-ти и 12-ти март се одржаа ко креативните работилници составени од ученички од средни училишта во рамки на проектот GEM (Gender Equality in Mobilization).
👉Овие работилници се насочени кон поттикнување на граѓанското и политичкото учество кај младите жени.
👩‍🏫👩‍🎓Во текот на сесиите, учесничките дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените при вклучувањето во јавниот простор, особено во контекст на општествените очекувања, стереотипите итн.
🏫Особен акцент беше ставен на важноста од поддршката што доаѓа од семејството, училиштето, институциите и пошироката заедница, како и на потребата од создавање безбедни и охрабрувачки простори каде младите девојки ќе можат слободно да ги споделуваат своите ставови.

✍️Меморијалниот центар Фондација „Никола Кљусев“ започна со спроведување на активностите на проектот GEM - Gender Equali...
05/03/2026

✍️Меморијалниот центар Фондација „Никола Кљусев“ започна со спроведување на активностите на проектот GEM - Gender Equality in Mobilization преку формирање на фокус групи.
👉На 4 март се одржаа две ко-креативни работилници на тема „Јакнење на жените за и во политиката“, а присутните дебатираа за тоа кои се бариери, но и предизвици да се биде политички активна жена, кои се системи за поддршка во нашето општество, дали постојат стереотипи и предрасуди спрема жените итн. Овие фокус групи беа составени од млади жени. Активноста ќе продолжи да се спроведува со уште две други фокус групи составени од ученички во средни училишта.

Address

Skopje
1000SKOPJE

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38925119953

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Fondacija Nikola Kljusev posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Fondacija Nikola Kljusev:

Share