од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од 10 члена и била прокламирана мисијата на движењето:
„Да го спречи и ублажи човековото страдање каде да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош како и универзално чувство за солидарност и хуманост.“
Денес меѓународното движење на Црвен крст го сочинуваат три сегменти:
1. Меѓународен Комитет на Црвен крст е со основни задачи:
Помош на жртвите во вооружени судири;
Евакуација и медицинска помош.
2. Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина формирана во 1919 година од повеќе Национални друштва со основни задачи:
Помош на жртвите во катастрофи;
Грижа за бегалците во други земји;
Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.
3. Национални друштва - Црвен Крст на Република Македонија со основни задачи наведени во членот 19 од Законот за Црвен крст на РМ.
Црвен Крст на РМ е формиран 17 Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21 Мај 1992 година;
Црвен Крст на РМ од Меѓународниот Комитет на Црвен крст епризнат на 01 Ноември 1995 година, а во Меѓународната федераци ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 Ноември 1995 година како 169 членка;
Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.