15/10/2026
📢 Средба на Националната група за застапување (НАГ) со директорот на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Златко Перински.
Денес, 15 октомври 2026 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), се одржа работна средба на претставници на Националната група за застапување (НАГ) со директорот на Фондот.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост при остварување на правата од здравственото осигурување, со посебен акцент на ослободувањето од партиципација, пристапот до неопходни лекови и правото на придружник при користење здравствени услуги.
Посебно внимание беше посветено на практичното спроведување на постојните законски одредби, бидејќи дел од лицата кои имаат право на ослободување од партиципација сè уште се соочуваат со административни и технички пречки при остварувањето на ова право.
Во таа насока, се разговараше и за дигитализацијата и меѓусебното поврзување на информациските системи на надлежните институции, со цел поедноставување на процедурите, подобра размена на податоци и овозможување непречено остварување на правата на граѓаните.
Една од темите беше и можноста за вклучување на потребни лекови на позитивната листа на лекови, при што беа разгледани постапките и условите што треба да се исполнат за нивно вклучување, со цел подобрување на достапноста на потребната терапија.
Во текот на средбата беа разгледани можностите за надминување на овие предизвици, потребата од подобра координација меѓу надлежните институции и следните чекори за обезбедување еднаков пристап до здравствените услуги.
Средбата е дел од активностите на Националната група за застапување во рамки на регионалниот проект CORDIAL, преку кој се работи на унапредување на правата, социјалната вклученост и квалитетот на живот на лицата со попреченост.
🤝 Продолжуваме со застапување и институционален дијалог за доследна примена на законските права и подобар пристап до здравствена заштита за лицата со попреченост.
Националната група за застапување е составена од:
Центар за младински активизам ЦМА КРИК
Центар за поддршка на деца и млади со атипичен развој Балончиња Битола
Здружение на граѓани "Исчекор- Општество за сите" Валандово
Здружение на социјални работници на Македонија
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес
Здружение на родители на деца со пречки во развојот, Надеж, Кичево
Open the Windows/Отворете ги прозорците
Humanost
Здружение Во Мојот Свет
Здружение за лица со посебни потреби Прогрес, Куманово
Порака Неготино - Pоraka Negotino
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е финансиран од Европската Унија, а координиран од Caritas Srbije, во партнерство со Caritas Bosne i Hercegovine, Caritas Kosova, Македонски Каритас, Caritas Crne Gore, Unija organizacija osoba s invaliditetom u BiH, ЦМА КРИК, Forum mladih sa invaliditetom - Youth with Disabilities Forum и Caritas Italiana.