17/12/2025
👉 Млади, подготвени ли сте да ја засадите малата парцела земјичка, да развиете сопствен зелен агро бизнис или да застапувате и вклучите во проекти и активности унапредувањето на секторите храна, земејоделие, животна средина?
Еко Логик ве повикува да им се приклучите на интереснa ROOTED работилницa коja ќе ви ги смени гледиштата за храна, земјоделство и претприемништво. Доколку ве привлекуваат паметните фарми, локалната храна, животот на село, животот без отпад од храна или едноставно идејата да содадете нешто свое и зелено, повелете и пријави се!
КОГА?
👉 Среда, 24 декември 2025 во Граѓански ресурсен центар - Скопје (10:00 - 14:00)
ЗА КОГО Е ПОВИКОТ?
- Млади до 40 г.
- Млади што имаат сопствена фарма или агро-бизнис;
- Млади кои се интересираат од темите земјоделие, производство на храна, екологија;
- Млади кои сакаат да се застапуваат за одржливи земјоделски практики;
- Идни претприемачи во земјоделскиот сектор и секторот храна.
Што да очекувате?
Кратка и интересна дружба и разговар со Душко и Зоки за ситуацијата со храната во Македонија, за фрлањето и вишок храна; како да ги искористиме, за банкарство со храна и можностите за грантови и самовработување.
Пријави се, затоа што бројот на учесници е ограничен: https://forms.gle/vi2iJveXAEAdPG2W9
За повеќе информации: 076-669-565 или [email protected]