06/04/2026
На 3ти март, имавме чест да бидеме домаќини на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставници на кабинетот, како и на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кои го посетија Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот свет“.
Како здружение, континуирано се стремиме да обезбедиме сигурна, стручна и поддржувачка средина за лицата со попреченост и нивните семејства. Во рамки на нашето работење го бележиме и отварањето на лиценцираниот Дневен центар за млади на возраст од 14 до 26 години со капацитет од 24 корисници, како и Центар за дневен престој за деца до 14 години со капацитет до 20 корисници.
Во овие центри ќе обезбедуваме индивидуализирана грижа и пристап, прилагоден на специфичните потреби на секој корисник, со цел поттикнување на нивниот развој, самостојност и социјална вклученост..
Овие услуги се воспоставени во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој се реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, преку заем на Светска банка. Поддршката преку проектот на дневниот центар ќе трае во наредните 12 месеци, а потоа ќе следи склучување на управен договор, со што ќе се обезбеди континуитет и долгорочна одржливост на услугите што ги нудиме.
#ВоМојотСвет #СеГрижиме #СоцијалниУслуги #Инклузија #Аутизам #Поддршка #Попреност #ДецаИМлади #Заедница #ОпштинаЃорчеПетров #МинистерствоЗаСоцијалнаПолитика #СветскаБанка #ПроектЗаСоцијалниУслуги #ГрижаСоЉубов #ПодобарЖивот