08/06/2026
Дечки, за 2 дена стартувамее🥳🙌🥰
Нашите простории во Аеродром и Центар се подготвени, реквизитите се наместени, а тимот на Хесед едвај чека да ја пречека најдобрата детска дружина. 🎒✨
Од овој четврток, 11 јуни, го започнуваме патувањето низ летната школа „Тропски Горештини“!
Ги пакуваме ранците и се спремаме за:
🚣♂️ Авантури со чамче низ магичниот Кањон Матка и посети на мештаните.
🐎 Незаборавни излети и јавање коњи во природа.
🏛️ Истражување на градските музеи и тајните на Старата скопска чаршија.
🍣 Правење вистинско суши во кујната на Sushi Co.
🧠 И секако – паметно повторување на материјалот низ игра, за во септември да влеземе како вистински шампиони!
Доколку во секојдневното брзање заборавивте или сè уште не го осигуравте местото на вашето дете, свртете го нашиот број веднаш и фатете го последниот воз за летната авантура: 📞070 881 192.
📍 Локации на кои ве очекуваме од четврток:
1️⃣ Аеродром – ул. „Владимир Комаров” бр. 18А (над слаткарница Палма).
2️⃣ Центар – ул. „Петар Поп Арсов“ бр. 30 (позади Католичка црква).
⏰ Секој работен ден од 07:00 до 17:30 часот.
#ЛетнаШкола2026 #ТропскиГорештини #Уште2Дена #Одбројување ЛетоБезЕкрани ДетскаРадост Скопје Аеродром Центар