29/11/2023
МАКЕДОНСКИТЕ РОДОЉУБИ ВЕ ПОЗДРАВУВААТ
Ваша екселенцијо, г-дине Сергеј Лавров, во име на македонскиот народ, жалиме што не можеме да Ви приредиме добредојде, како што доликува за претставник на братска Русија.
Доаѓате во најдлабоко колонијално окупираната земја во Европа, каде што како народ ни се одзема сѐ што може да ни се земе. Но и во овие незамисливи услови, остануваме на страната на слободољубивите народи. Ние Македонците можеме да бидат краткотрајно заблудени, но сме неспособни да ѝ служиме на темнината.
Ве известуваме дека македонскиот народ како слободољубив народ, останува сојузник на братска Русија. Историски посветени на добрината и светлината, независно какви одлуки ќе донесат колонијалните намесници поставени на власт, ние како народ, никогаш нема да се покориме. Никогаш нема да ја избереме страната на темнината и нејзините злосторнички слуги.
Ви ветуваме дека доколку оствариме соработка на рамноправна основа, и доколку во нашата соработка вложите стоти дел од она кое вашите непријатели го вложија во нашите внатрешни непријатели, секогаш кога вие или било кој руски претставник ќе дојде во Македонија, во слободна Македонија, ќе биде пречекан со сета топлина на македонското гостопримство.
Ви посакуваме успешен престој. Понесете сила и љубов од древната македонска земја. Нешто кое сега ни е најпотребно, за заедничко успешно соочување со најтемните сили со кои се соочуваме, рускиот, македонскиот и сите слободољубиви народи во светот.
https://www.facebook.com/100031308981162/posts/1097189518001337/?mibextid=Nif5oz