12/05/2026
Како да обезбедиме дека лицата кои бараат меѓународна заштита имаат ефективен пристап до правда? 💡
Еден од клучните одговори е континуираното јакнење на знаењата и практичните вештини на правните професионалци кои имаат важна улога во постапките за азил и бегалска заштита.
UNHCR ја поддржува Адвокатската комора на РСМ и Академијата за судии и јавни обвинители во спроведувањето на Модулот за бегалско право, кои се дел од нивните редовни програми за континуирана обука.
Модулот е наменет за адвокати, судии, јавни обвинители и нивни соработници, со посебен фокус на нивната улога во постапувањето во индивидуални случаи на азил и бегалска заштита, како и во обезбедувањето на ефективна судска заштита.
Преку оваа иницијатива, UNHCR придонесува кон одржливо градење на капацитетите, квалитетна правна заштита и подобар пристап до права за лицата на кои им е потребна меѓународна заштита и лицата во ризик од бездржавјанство.