22/10/2026
9 соништа за нов поубав свет... Ве молиме, бидете дел од нивните соништа.
Ве молиме донирајте. Ве молиме споделувајте.
Во текот на изминатите неколку месеци, презедовме одговорност за ветеринарен третман, привременото сместување и вдомувањето на девет прекрасни мачиња со посебни потреби, сите спасени од улица:
1. Виви (Скопје, 5 месеци) – Оштетен вид
2. Павле (Охрид, 5 месеци) – Слепо
3. Пиа (Битола, 5 месеци) – Слепа
4. Еви (Струга, 5 месеци) – Скршено колено; потребна е ампутација на ногата (5.000 денари)
5. Мило (Скопје, 5 месеци) – Делумно слепо; потребна е операција на окото (3.000 денари)
6. Јинг (Скопје, 5 месеци) – Слепо; потребна е операција на очите (6.000 денари)
7. Јанг (Скопје, 5 месеци) – Делумно слепо; потребна е операција на окото (3.000 денари)
8. Петра (Скопје, 5 месеци) - Делумно слепа
9. Кико од (Охрид, 10 месеци) - со цереберална хипоплазија
❎ Сите најдени на улица во катастрофална состојба,
❎ Сите мали и беспомошни, болни и/или повредени
❎ Сите лекувани и третирани.
❎ Сите згрижени во домашни услови и/или по ветеринари.
❎ Сите ПОСЕБНИ и ПРЕКРАСНИ и сите му се радуваат на ЖИВОТОТ!
❎ ЗА СИТЕ НИВ НИ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ПОМОШ!
Помогнете ни да завршиме тоа што сме почнале и на овие ПОСЕБНИ И ПРЕКРАСНИ мачиња да им дадеме шанса за нов живот и иднина каква што заслужуваат. За жал искуството ни кажува дека има многу мал интерес за вдомување на мачиња со посебни потреби во Македонија и за сите сме приморани да им бараме дом надвор од Македонија).
Ве молиме, бидете дел од нивните соништа. Без разлика дали е голем или мал, вашиот придонес може да го направи светот подобро место за нив. Секоја донација па и најмалата е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕНА! Донирајте колку можете- 50, 100, 250 МКД! Можеби не можете да донирате но сигурно ќе можете да споделете и така помогнете апелот да патува и стигне до оние кои можат да помогнат.
Денарска сметка: 240090002006130
Депонент: Уни Банка АД - Скопје
Назнака: 9 сништа
Доброволен прилог по Ваша желба online на: https://shorturl.at/paM2g
назнака: 9 сништа
За помош од странство: PayPal [email protected]
Назнака: 9 dreams
Задолжително изберете опција - family & friends, не барајте purchase protection бидејќи не купувате, туку донирате