Во рамки на Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“, Центарот за еколошка демократија Флорозон го изработи порталот ekologist.mk. Целта на креирањето на веб порталот е да се информира јавноста за теми поврзани со животната средина и да се зголеми присутноста на еколошките теми во медиумскиот простор.
Порталот е поставен на неколку столба кои покриваат различни вести кои се од интер
ес на пошироката јавност, а се однесуваат на прашања поврзани со загадувањето на воздухот, квалитетот на водите, но ќе прикажува и позитивни примери на однесување од страна на индустријата и јавноста, како во нашата земја така и во регионот и пошироко.
На порталот секојдневно се објавуваат вести и новости од областа на екологијата во категориите Скопје,Македонија, Балкан и Свет и истовремено служи за размена на информации помеѓу различните општествени чинители во полето на заштита на животната средина. Покрај ова, порталот ќе служи и како платформа преку која граѓанските организации ќе можат да вршат објави за активностите коишто се спроведуваат во рамките на нивните програмски планови.