Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е здружение на професионалните новинари од Република Македонија. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.
„...На седумнаесети февруари 1946 година, во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните нов
инари на Народна република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија.
После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев - Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”. За потпретседатели се избрани Асен Тодоров, уредник на дописништвото на „Танјуг” и др Пиетро Јанура, одговорен уредник на весникот „Фљака е влазримит”, за секретар Дејан Алексиќ, раководител на дописништвото „Танјуг”, а за благајник Тошо Шкартов, член на редакцијата „Нова Македонија”. Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа. За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, др. Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска..". (Извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ“ - Сојуз на новинарите на Југославија)
Претседателство на ЗНМ од основањето до денес:
- 1946 претседател Мито Хаџивасилев – Јасмин
потпретседатели Асен Тодоров и Пјетро Јанура
секретар Дејан Алексиќ
- 1948 претседател Илија Топаловски
- 1949 претседател Ванчо Апостолски
- 1952 претседател Мито Хаџивасилев – Јасмин
потпретседатели Јован Поповски и Ванчо Апостолски
секретар Тахир Ќамуран
- 1954 претседател Веселинка Малинска
потпретседател Јован Поповски
- 1956 претседател Томе Момировски
- 1958 претседател Боро Петковски
- 1960 претседател Тошо Поповски
- 1962 претседател Нешо Марковски
потпретседател Љубен Апостолски
секретар Свето Серафимов
- 1963 претседател Бане Ковач
потпретседател Ружа Бак
секретар Борис Попѓорчев
- 1967 претседател Јован Поповски
потпретседател Борис Попѓорчев
секретар Александар Ачковски
- 1969 претседател Александар Алексиев
потпретседател Муртеза Пеша
секретар Драги Милошевски
- 1970 претседател Илија Зафировски
потпретседател Ристо Шуплински
секретар Јосиф Џочков
- 1973 претседател Благоја Стоилковски
потпретседател Мендух Ајдини
секретар Гроздан Попов
- 1978 претседател Чедо Стојковски
потпретседател Насте Стојкоски
секретар Сталин Лозановски
- 1980 претседател Филип Симоновски
потпретседател Сталин Лозановски
- 1981 претседател Владо Апостолски
секретар Сталин Лозановски
- 1982 претседател Сталин Лозановски
секретар Томе Груевски
- 1984 претседател Насте Стојкоски
секретар Мартин Треневски
- 1985 претседател Насте Стојкоски
потпретседател Фиданка Танаскова
- 1986 претседател Петре Клинкаров
секретар Фиданка Танаскова
- 1989 претседател Фиданка Танаскова
секретар Славе Николовски
- 1992 претседател Стојан Насев
секретар Љубе Профиловски
- 1997 претседател Мирјана Димовска
секретар Љубе Профиловски
- 2001 претседател Иван Андреевски
секретар Сашо Чолаковски
- 2002 претседател Иван Андреевски
секретар Роберт Поповски
- 2006 претседател Роберт Поповски
секретар Газменд Ајдини
- 2010
- 2011 претседател
Насер Селмани
Бесим Небиу / Драган Секуловски
извршен директор
- 2015
Насер Селмани претседател
Томислав Кежаровски потпретседател
Драган Секуловски извршен директор
- 2019
Младен Чадиковски претседател
Фиљана Кока потпретседател
Драган Секуловски извршен директор
- 2022
Младен Чадиковски претседател
Сенат Зулбеари потпретседател
Маја Јовановска потпретседател
Драган Секуловски извршен директор