30/01/2026
Присуствуваме на овој настан посветен на граѓански водената електрификација, каде што фокусот беше ставен на е-мобилноста и улогата на граѓаните во создавање одржливи енергетски решенија.
🚗⚡ „Електрификација водена од граѓаните – од домовите до улиците“
На работилницата што се одржа на 23.01.2026, дискутиравме, учевме и заедно размислувавме за иднината на е-мобилноста и развојот на енергетските заедници.
Со учесниците отворивме важни теми, меѓу кои:
🔹 потребата од е-мобилност
🔹 можности за инвестирање и развој на одржливи бизнис модели
🔹 управувачки и организациски модели
🔹 начини за активно вклучување на граѓаните во енергетските заедници
Имаше многу прашања, различни перспективи и активна дискусија – но сите со една заедничка насока:
👉 да продолжиме напред кон дизајнирање на систем за е-мобилност прилагоден на нашите реални потреби.
🙏 Голема благодарност до сите што беа дел од настанот и со своите идеи придонесоа кон дискусијата.
За оние што не успеаа да присуствуваат – ова е само почеток! Следуваат нови настани и разговори на истата тема.
Во меѓувреме посетете ја https://mobility.innovationlab.mk/ и разгледајте го отворениот повик за е-мобилност предводена од заедница. Ако имате идеја, аплицирајте и придружете се на промената!
📅 Се гледаме наскоро!
#ЕМобилност #ЕнергетскиЗаедници #ЗеленаТранзиција
#ОдржливРазвој #ЗеленаМобилност #ИновативниРешенија
#ГраѓанскоУчество #СмартАП