Младите Можат - Youth Can

Младите Можат - Youth Can Инспирирај👉🏻 Идентификувај👉🏻 Делувај Young people are not only the leaders of the future, but the leaders of the present!

Со проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ градиме заедници базирани на солидарност, поддр...
22/04/2026

Со проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ градиме заедници базирани на солидарност, поддршка и активно младинско учество. Преку заеднички активности, едукација и вклучување на младите, создаваме простор за раст, отпорност и позитивни промени.

Проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ е реализиран од страна на Младите можат и Support Kocani, а е поддржан од владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Со голема гордост ја претставуваме оваа значајна соработка помеѓу Младите можат и Супортко Кочани – партнерство кое ќе б...
21/04/2026

Со голема гордост ја претставуваме оваа значајна соработка помеѓу Младите можат и Супортко Кочани – партнерство кое ќе биде еден од најважните чекори оваа година.
Обединети околу заедничка визија, ќе работиме на создавање поврзани, подготвени и отпорни заедници.

Истражувањето се спроведува во рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ реализиран од страна на Младите можат и Support Kocani, а поддржан од владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

👨‍👩‍👧 Кога има криза… најмногу мислиме на децата.Дали се безбедни?Дали знаат што да направат?Дали имаат некој кој ќе ги ...
19/03/2026

👨‍👩‍👧 Кога има криза… најмногу мислиме на децата.

Дали се безбедни?
Дали знаат што да направат?
Дали имаат некој кој ќе ги поддржи?

Во време на пожари, поплави или други кризни ситуации, младите често остануваат помеѓу — доволно возрасни да разберат што се случува, но не секогаш доволно поддржани.

👉 Затоа се спроведува истражување за тоа што навистина им е потребно на младите во вакви ситуации и како можеме подобро да ги заштитиме и поддржиме.

Ве покануваме да одвоите 5–7 минути и да го споделите Вашето мислење.

📊 Резултатите ќе помогнат да се креираат подобри услуги и поддршка за младите во кризни ситуации.

🔗 Линк до прашалникот:https://forms.gle/X2Yw2fbJwWTfCD9q6

Истражувањето се спроведува во рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ реализиран од страна на Младите можат и Супортко Кочани, а поддржан од владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Содржината на оваа анкета е единствена одговорност на Младите Можат и Support Kocani и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Дали сакаш твоето мислење да придонесе за подобра поддршка на младите во време на кризи?Во моментов се спроведува истраж...
13/03/2026

Дали сакаш твоето мислење да придонесе за подобра поддршка на младите во време на кризи?

Во моментов се спроведува истражување за потребите на младите во услови на кризи (пожари, поплави, пандемии, екстремни временски услови и други итни ситуации). Целта на истражувањето е да се утврди како младинските центри и младинските организации можат подобро да ги поддржат младите во вакви ситуации.

Истражувањето ќе помогне во изработка на протокол за работа на младинските центри во кризни услови, со конкретни препораки за сервиси, активности и вклучување на младите.

👉 Ги покануваме младите, родителите и професионалците да го споделат своето мислење преку краток анонимен прашалник.

Пополнувањето трае околу 5–7 минути, а вашите одговори ќе придонесат за развој на подобри политики и услуги за младите.

🔗 Линк за млади - https://forms.gle/Vcfumh5m5dN2mSvy7
🔗Линк за родители - https://forms.gle/hW7KA3mxD65JZi218
🔗Линк за инститиции и организации - https://forms.gle/C5fAFTDtobcqMXEe9

Ви благодариме за вашето учество и поддршка!

Истражувањето се спроведува рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ реализиран од страна на Младите можат и Супортко Кочани, а поддржан од владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Содржината на оваа анкета е единствена одговорност на Младите Можат и на Support Kocani и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

23/01/2026
Има ли подобра вест за Светскиот ден на менталното здравје од тоа дека отвораме нови простори за грижа, поддршка и поврз...
10/10/2025

Има ли подобра вест за Светскиот ден на менталното здравје од тоа дека отвораме нови простори за грижа, поддршка и поврзување? 💙

Со голема радост најавуваме отворање на три хабови за ментално здравје во средните училишта во Кочани, Струга и Виница! 🌟

Визијата на хабовите е да бидат иновативни и безбедни простори каде младите ќе можат да побараат поддршка, да се изразат и да се поврзат.

Хабовите нудат различни зони, прилагодени на потребите на младите:
💬 зона за индивидуални 1-на-1 сесии за доверлив разговор и советување,
🎨 арт и креативна зона за изразување емоции и личен раст,
💻 дигитална зона со алатки и ресурси за ментално здравје,
🌿 зелена зона за релаксација и поврзување со природата,
🎲 и зона за друштвени игри која поттикнува пријателство и тимски дух.

Овие хабови се повеќе од простор – тие се современ модел на грижа за менталното здравје кој ги поврзува младите, ги оспособува да се справуваат со предизвиците и создава култура на благосостојба во училиштата. 🌱💫

💰Денови на финансиска независност во Сруга🧩Со средношколците од Струга дискутиравме како да си ја земат финансиската идн...
01/10/2025

💰Денови на финансиска независност во Сруга

🧩Со средношколците од Струга дискутиравме како да си ја земат финансиската иднина во своите раце.

💸Штедење, инвестирање, паметно трошење... беа само дел од темите за кои најмногу се интересираа и прашуваа учесниците.🙌🏻

💡Се радуваме што овој настан беше почеток на новиот начин на размислување за финансиската независност.

29/09/2025

📘✨ Со гордост го претставуваме Прирачникот програмата за ментално здравје во средни училишта – нова алатка создадена специјално за класните раководители!

Прирачникот нуди месечни тематски модули со практични вежби, дискусии и забавни активности, кои им помагаат на наставниците да ја интегрираат грижата за менталното здравје во секојдневната работа со учениците. 🌱💙

Овој прирачник е резултат на четиригодишна посветеност и тимска работа на младински работници и психолози кои веруваат дека секој ученик заслужува поддржувачка и безбедна училишна средина.

Со него, класните часови стануваат повеќе од учење – стануваат простор за разговор, разбирање и заеднички раст. 🌟

📲Сакаш нов телефон или одмор со друштво, а во исто време сакаш и да заштедиш?💰⭐️Трикот е во балансот – да знаеш кога да ...
27/09/2025

📲Сакаш нов телефон или одмор со друштво, а во исто време сакаш и да заштедиш?💰

⭐️Трикот е во балансот – да знаеш кога да потрошиш, а кога да заштедиш.

Балансот меѓу трошење и заштеда не е ограничување – тоа е супермоќ!🚀

🙌🏻Се гледаме на Денови на финансиска независност во Струга.

📅30.09.2025
📍Europe House Struga
⏰12:00 ч.

💸Од Битола се селиме во Струга.🤑Денови на финансиска независност во Струга💥Средношколците од Струга ќе имаат можност да ...
26/09/2025

💸Од Битола се селиме во Струга.

🤑Денови на финансиска независност во Струга

💥Средношколците од Струга ќе имаат можност да научат како паметно да управуваат со пари, да планираат буџет и да донесуваат сигурни одлуки за иднината.

📅30.09.2025
📍Europe House Struga
⏰12:00 ч.

🙌🏻Ова е твојата шанса да стекнеш вештини кои не се учат во училишните клупи, а се клучни за животот после матурата.

🌟 Со огромна радост ја споделуваме веста дека 11 училишта станаа дел од семејството на училишта што ја добија ознаката „...
25/09/2025

🌟 Со огромна радост ја споделуваме веста дека 11 училишта станаа дел од семејството на училишта што ја добија ознаката „Училиште кое се грижи за менталното здравје на учениците“! 💙🌱

Во изминатиот период:
✨ класните раководители беа обучени како на часовите да реализираат активности за ментално здравје,
✨ млади беа подготвени како врснички едукатори кои ја шират пораката за поддршка и разбирање,
✨ беа реализирани низа активности што поттикнаа поголема свесност и грижа за благосостојбата на учениците.

📊 Вкупно 265 класни раководители и 165 млади врснички едукатори се дел од овој процес – со што успеавме да допреме до над 1.000 ученици! 🙌

Овие бројки не се само статистика, туку доказ дека кога заедницата се обединува околу една цел – создава училишта каде секој ученик се чувствува слушнат, поддржан и охрабрен. 💫

Address

BUlica Ilinden N. 47
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Младите Можат - Youth Can posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Младите Можат - Youth Can:

Share