25/06/2026
Денес беше одржана тркалезна маса на тема „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните службеници“.
Со овој настан го заокружуваме проектот „Поддршка за воспоставување на академија за стручно усовршување и обука на административните службеници“, кој ЦУП го спроведуваше во соработка со Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration и со поддршка од Ambassade de France à Skopje (Амбасадата на Република Франција).
Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска, го отвори настанот и ги претстави активностите кои беа спроведени во рамки на проектот, резултатите кои беа остварени, препораките за следните чекори и потенцијалните предизвици при воспоставување на Академијата.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја истакна важноста од воспоставување на Академијата во рамки на реформата на јавната администрација и изрази задоволство од спроведените активности и остварени резултати во рамки на проектот. Министерот се осврна и на потенцијалните предизвици кои следат во процесот на воспоставување на Академијата, како и на важноста од одржување на отворени, транспарентни и инклузивни процеси во наредните чекори од процесот.
Амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Christopher Lе Rigoleur, ги поздрави присутните и посочи дека соработката во областа на јавната администрација и доброто управување ќе продолжи и понатаму, особено на регионално ниво преку заеднички активности.
Анета Иванова Стојаноски, проектната координаторка во ЦУП, се осврна на потенцијалната организациска структура на Академијата и потребната екипираност за ефикасно остварување на своите функции.
Правните експерти, Оља Петрушевска и Југослав Ѓоргиевски се осврнаа на законската и подзаконската рамка за системот на обука и стручно усовршување на административните службеници.
Ирена Бојаџиевска, истражувачката во ЦУП, се осврна на дилемите поврзани со развојот на програми за обуките во рамки на Академијата, како и за потребата од поврзување на теоријата со праксата за постигнување на оптимален резултат.
На настанот присуствуваа членовите на работната група имаа плодна дискусија во врска со предизвиците за спроведување на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, темите за обуките, развојот на програми и наставен план за обуките и предизвиците кои следат во иднина.
Нашата соработка продолжува и понатаму во насока на зајакнување на капацитетите на јавната администрација, со цел испорака на повеќе и подобри политики и услуги за граѓаните.
#ЦУП #ДоброУправување #ЈавнаАдминистрација #ЈавниПолитики #Обука #Образование #Развој