06/06/2026
🎓 **Нов бесплатен дигитален курс на ЕдуЛаб: „Превенција и заштита од насилство“**
Доколку сè уште не сте започнале, ова е потсетување дека курсот е достапен бесплатно и може да го следите во време кое вам ви одговара.
Наменет е за наставници, стручни соработници, образовен кадар и сите кои сакаат да стекнат знаења за препознавање, превенција и заштита од насилство.
Што ве очекува во курсот?
🎥 кратки и практични видео лекции
📝 квизови за проверка на знаењето
📚 дополнителни материјали за работа и учење
⏰ можност за следење во време кое вам ви одговара
По успешно завршување, добивате **дигитален сертификат**, достапен директно на вашиот профил.
Курсот е целосно бесплатен. За пристап потребно е само да креирате бесплатен профил на ЕдуЛаб.
👉 Започнете го курсот на:
edu.innovationlab.mk
📌 Оваа активност се имплементира од **СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје**, во рамките на проектот **„Промоција на безбедна училишна средина“**.
Овој проект е возможен благодарение на стратешкото партнерство со Детската Фондација Песталоци /Kinderdorf Pestalozzi , која обезбедува не само финансиска поддршка, туку и стратегиско водство и поддршка во управувањето со проекти, и исто така го поддржува развојот на организациските капацитети на нашата организација.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, First Children's Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје.
#ПревенцијаОдНасилство #БезбедноУчилиште #УчилиштеБезНасилство #ПрофесионаленРазвој #ДигиталенКурс #ЕдуЛаб #Наставници #СтручниСоработници
EдуЛаб нуди дигитални курсеви кои овозможуваат надградување на постоечките вештини и знаења прилагодени на вашето темпо и вашето време.