Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија

Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија A non-profit, humanitarian organization that helps poor and hungry citizens in Macedonia. Food BankMK Vision - A society WITHOUT HUNGER and ZERO food losses.

Визија - Општество БЕЗ ГЛАД и НУЛА загуби во храна.

Мисијата на Банката за храна МК се состои во собирање на вишоци храна од сите оператори со храна (производители, дистрибутери и трговци), нивно складирање, евиденција и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозени категории наши сограѓани, во заедништво со сите организации, социјалните установи и институции кои исто така помагаат и се вклу

чени во борбата против сиромаштијата и гладот. The mission of the Food Bank MK consists in collecting surplus food from all food operators (producers, distributors and traders), their storage, records and distribution to the poor and socially disadvantaged categories of our fellow citizens, together with all organizations, social institutions and institutions that also help and are involved in the fight against poverty and hunger.

📣 Почитувани пријатели,✅ 💚  Пред околу еден месец  за прв пат добивме повик и понуда за донација од нашите нови пријател...
28/04/2026

📣 Почитувани пријатели,

✅ 💚 Пред околу еден месец за прв пат добивме повик и понуда за донација од нашите нови пријатели од Осоговски млечни производи. 👏🙏💝

✅ 💚 Така и бидна, огромна донација од нашите нови пријатели пристигна пред некој ден - знаете што нудат на пазарот - кашкавал, сирење, топено сирење, урда, павлака и многу други квалитетни млечни производи.🥛🧀

✅ Првите пакувања ги предадовме на нашите пријатели од Poraka Negotino, а споделивме и со пет семејства во Скопје и околината.

✅ 💚 ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ПОМАГАЧИ КОИ СЕ ПОСТОЈАНИ СО СВОИТЕ ХУМАНИ ЧЕКОРИ ПОМАГАЈЌИ КОЛКУ МОЖАТ И КОГА МОЖАТ, А ВО ОВАА ПРИЛИКА ПОСЕБНА БЛАГОДАРНОСТ ДО Осоговски млечни производи 🙏💝

✅ 💚 Убедени сме дека Осоговски млечни производи знаат да изненадат, затоа велиме БЛАГОДАРИМЕ Осоговски млечни производи 👏🙏💝

✅ Постојан партнер и поддржувач во овие акции секогаш се нашите пријатели од Partnership Macedonia - Updates from the Lees 🙏

✅ Нашето мото е - “Да ги храниме економиите, а НЕ депониите“

✅ Сите заедно во акција прoтив гладот и сиромаштијата!

European Food Banks Federation - FEBA
Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Cooperative Baptist Fellowship
Crveni Križ Osijek
Erasmus+
Civica Mobilitas
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност nuredinoska

@следачи






📣 Почитувани пријатели,https://www.youtube.com/watch?v=8WQILy5ySRs&t=2175shttps://www.facebook.com/reel/1287657332941962...
27/04/2026

📣 Почитувани пријатели,
https://www.youtube.com/watch?v=8WQILy5ySRs&t=2175s

https://www.facebook.com/reel/1287657332941962

✅ Ни тргна неделата со покана од страна на нашите пријатели Марко и Ивана од Utrinska na Telma / Утринска на Телма

✅ Минатата недела бевме гости на Марко и Ивана од TV Telma многу ❓❓❓ прашања, а одговорите ги знаевме бидјеќи повеќе од 15 години сме во овој “бизнис“ и тоа беше доволно да се разговара во една пријатна атмосфера со новинари и водители кои добро се подготвиле за темата отпад од храна, виошци на хрна, сиромаштија и како ние како Банка за храна Македонија се справуваме со сето тоа.

📍 👉 ОГРОМНА Благодарност до Utrinska na Telma / Утринска на Телма за поканата и отстапеното време. 👏🙏

👀 Погледнете го видеото кое е закачено на нивниот YuTube канал.

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
European Food Banks Federation - FEBA
Cooperative Baptist Fellowship
Partnership Macedonia - Updates from the Lees
Crveni Križ Osijek
Erasmus+
Civica Mobilitas
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
TV Telmanuredinoska

@следачи








https://www.youtube.com/watch?v=8WQILy5ySRs&t=2175s

1 like. "Колку храна се фрла во Европа, а колку во Македонија? НАША УТРИНСКА ТЕМА со Душко Христов"

01/04/2026

https://www.facebook.com/reel/931073406300466

📣 Почитувани пријатели,

📍 И DW Македонски ни приреди чест да објави сторија за нашата организација, а по повод Меѓународниот ден за нула отпад во Светот, 30ти март.

✅ Годинава, според програмата на Обединетите Нации, Денот е посветен на борбата против фрлањето здрава храна.

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Erasmus+
European Food Banks Federation - FEBA
Civica Mobilitas
Cooperative Baptist Fellowship
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Partnership Macedonia - Updates from the Lees






Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Crveni Križ Osijek
Crveni krst Vojvodine
@следачи
DW Македонски

📣 Почитувани пријатели,📍  Ириг –  Република Србија | 7 март 2026 📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проектот “Зај...
13/03/2026

📣 Почитувани пријатели,

📍 Ириг – Република Србија | 7 март 2026

📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проектот “Зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот“ ,во рамки на Erasmus+ ЕУ 🇪🇺 програмата со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 💚

✅ Успешно завршен проект Erasmus+ : Во Ириг, беа доделени сертификатите на нас, претставниците на Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија.

✅ Банката за храна Македонија заедно со Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine заврши уште една важна меѓународна соработка со поддршка на Европската Унија

✅ Во Ириг беше одбележано завршувањето на проектните активности во рамките на соработката реализирана со поддршка на Европската Унија преку програмата Erasmus+.

✅ На последниот ден од престојот на претставниците на Банката за храна Македонија, во просториите на Банката за храна на Војводина, се одржа церемонија на доделување сертификати на учесниците кои успешно го завршија целиот проектен процес.

✅ Во текот на претходните денови, преку низа работни состаноци, теренски посети, размена на искуства и презентација на специфични модели на работа, учесниците од Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија имаа можност подетално да се запознаат со функционирањето на Банката за храна Војводина, организацијата на собирање и дистрибуција на донации, соработката со компании, институции и партнерски организации, како и со примери на добра пракса што се применуваат секојдневно во работата.

✅ Последниот ден од проектот беше можност за сумирање на впечатоци, размена на мислења и дополнително потврдување на важноста на ваквите меѓународни партнерства за зајакнување на капацитетите на банките за храна во регионот.

✅ Особено ни е драго 👏 што имавме можност да бидеме гости на нашите домаќини на колегите од Србија и да споделиме со нив искуства, знаења и практични решенија што можат да придонесат за подобрување на нивната и нашата идна работа.

✅ Веруваме дека сè што учесниците од Македонија видоа, научија и искусија за време на престојот во Србија ќе има конкретна примена во понатамошниот развој на активностите на Банката за храна Македонија, но ќе придонесе и за уште посилна поврзаност и соработка на организациите што се занимаваат со борба против сиромаштијата, намалување на отпадот од храна и поддршка на најранливите граѓани.

✅ Доделувањето на сертификатот 📜во Ириг беше симболичен, но многу важен момент што го заокружи успешниот проект и ја потврди вредноста на размената на знаење, солидарноста и заедничката работа за зајакнување на хуманитарните капацитети во регионот.

✅ Сакаме да им се заблагодариме 🙏👏на сите компании, партнери, соработници и пријатели кои учествуваа со нас во реализацијата на овие активности и ни помогнаа да бидеме добри домаќини на нашите гости. Нивната поддршка и отвореност му дадоа посебна вредност на целиот проект и покажаа колку заедништвото може да придонесе за создавање поодржливи и поефикасни модели на помош.

✅ Благодарност до Банката за храна Војводина 🙏која истакнува дека со гордост била домаќин на овој важен проект, што уште еднаш потврди дека соработката, размената на искуства и меѓународните врски играат клучна улога во развојот на посилни и поорганизирани системи.

✅ Оваа посета беше реализирана како дел од проектот Erasmus+, финансиран од Европската Унија 🇪🇺 , со цел зајакнување на капацитетите на банките за храна, размена на знаење и подобрување на моделот на соработка помеѓу организациите и економијата на Балканот.

👉Продолжуваме со нашата работа во Македонија, со научени нови практики, техники и системи на собирање и распредeлба на донациите во храна! 💪

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Erasmus+
European Food Banks Federation - FEBA
Civica Mobilitas
Cooperative Baptist Fellowship
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Partnership Macedonia - Updates from the Lees






Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Crveni Križ Osijek
Crveni krst Vojvodine
@следачи

📣 Почитувани пријатели,  📍Ириг - Белград –  Република Србија | 6 март 2026 📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на про...
12/03/2026

📣 Почитувани пријатели,

📍Ириг - Белград – Република Србија | 6 март 2026

📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проект во рамки на Erasmus+ ЕУ 🇪🇺 програмата за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот, со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

✅ Во рамките на проектот Еразмус+ за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот, претставници на Банката за храна Македонија и Банката за храна Војводина ја посетија компанијата Нестле во Белград, каде што се одржа исклучително квалитетен и конструктивен состанок со тимот на компанијата.

✅ За време на состанокот, разговаравме за успешната соработка што Банката за храна Војводина која ја има со Нестле, како и за можностите за нејзин понатамошен развој и проширување во регионот, особено во Србија и Македонија.

📍 Посебен фокус на разговорот беше ставен на размена на искуства, идентификување на предизвиците со кои се соочуваат банките за храна во нивната секојдневна работа, како и наоѓање нови модели на соработка што можат дополнително да го подобрат системот на донирање храна и поддршка на социјално ранливите граѓани.

📍 ✅ Ваквите средби претставуваат вредна можност за отворен дијалог помеѓу бизнис секторот и хуманитарните организации, со заедничка цел - намалување на отпадот од храна преку одговорно управување со вишоците на храна и зголемување на поддршката за оние на кои им е најпотребна помош.

✅ Особено сакаме да им се заблагодариме на тимот на Нестле, а особено на Милица, Јована и Милан, за нивното топло гостопримство, отворениот разговор и подготвеноста за заедничка работа за подобрување на овие важни иницијативи.

✅Нивната посветеност на корпоративната општествена одговорност и соработката со банките за храна е силен пример за тоа како компаниите можат активно да придонесат за развој на одржливи решенија за заедницата.

✅Веруваме дека ваквите партнерства и размена на знаење ќе придонесат за понатамошен развој на системот за донирање храна во регионот, како и за зајакнување на соработката помеѓу банките за храна и компаниите кои ја препознаваат важноста на општествената одговорност.

✅ Оваа посета беше реализирана како дел од проектот Erasmus+ , финансиран од Европската Унија 🇪🇺 , со цел зајакнување на капацитетите на банките за храна, размена на знаење и подобрување на моделот на соработка помеѓу организациите и економијата на Балканот.

👉Продолжуваме со уште работа наредниот последен ден! 💪

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Erasmus+
European Food Banks Federation - FEBA
Civica Mobilitas
Cooperative Baptist Fellowship
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Partnership Macedonia - Updates from the Lees






Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Crveni Križ Osijek
Crveni krst Vojvodine
@следачи

📣 Почитувани пријатели,  📍Ириг –  Република Србија | 5 март 2026 📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проект во рам...
11/03/2026

📣 Почитувани пријатели,

📍Ириг – Република Србија | 5 март 2026

📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проект во рамки на Erasmus+ ЕУ 🇪🇺 програмата за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот, со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

✅ Во рамките на проектот Еразмус+ за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот, денес делегација на Банката за храна Македонија ја посети Банката за храна Војводина, каде што се одржа работен состанок и практична размена на искуства во канцелариите и магацинот на Банката за храна Војводина.

✅ За време на состанокот беа презентирани методите на работа на Банката за храна на Војводина, организацијата на собирање и дистрибуција на донации во храна, како и моделот на соработка со партнерските организации низ цела Србија.

✅ Посебен дел од состанокот беше посветен на презентацијата на дигиталната платформа и веб-страницата www.bankahrane.rs, која овозможува транспарентно следење на донациите, генерирање на белешки за испраќање и ефикасна комуникација со партнерските организации.

✅ Покрај работниот состанок и презентациите, нашата делегација имаше можност да учествува во секојдневните оперативни активности на Банката за храна Војводина.

✅ Заедно со нашите домаќини работевме на сортирање на донациите и подготовка на пакети со храна наменети за партнерски здруженија и институции кои обезбедуваат поддршка на социјално ранливи граѓани.

✅ Ваквите активности претставуваат важен дел од проектот Еразмус+, кој има за цел зајакнување на капацитетите на банките за храна во регионот, размена на знаења и развивање поефикасни модели за борба против фрлањето храна и помагање на граѓаните во неволја.

✅ Им се заблагодаруваме 🙏на нашите колеги од Банката за храна Војводина за приемот, конструктивната дискусија и заедничката работа. 👩‍🔧🧑‍🔧

👉Продолжуваме со уште повеќе практична работа во наредните денови! 💪

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Erasmus+
European Food Banks Federation - FEBA
Civica Mobilitas
Cooperative Baptist Fellowship
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Partnership Macedonia - Updates from the Lees






Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Crveni Križ Osijek
Crveni krst Vojvodine
@следачи

📣 Почитувани пријатели,  📍Ириг – Белград  Република Србија | 4 март 2026 📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проек...
05/03/2026

📣 Почитувани пријатели,

📍Ириг – Белград Република Србија | 4 март 2026

📍 Веќе знаете дека сме во спроведување на проект во рамки на Еразмус+ ЕУ 🇪🇺 програмата за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот, со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

✅ Четвртиот ден беше посветен на посетата на компанијата Макси како дел од проектот Еразмус+ - размена на искуства и пример за добра пракса

✅ Како дел од проектот Erasmus+ за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот, претставници на Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine го посетија седиштето на компанијата Maxi (Делхајзе Србија) во Белград.

✅ За време на посетата, се одржа исклучително квалитетен и конструктивен состанок со Маја Мандиќ и тимот на компанијата Макси, кој е одговорен за развој и имплементација на општествено одговорни програми и донации на храна.
На состанокот беа презентирани програмите што компанијата Макси ги развива во Србија со години со цел намалување на отпадот од храна и помагање на најранливите граѓани.

📌 Посебен акцент беше ставен на фактот дека Макси континуирано донира храна повеќе од 10 години преку разни општествено одговорни програми, со што стана еден од најважните партнери на хуманитарниот сектор во земјата.

📌 На претставниците на Банката за храна Македонија им беше презентиран и начинот на кој се спроведуваат програми како што се:
1. „Чинија по чинија“
2. „Храна за сите“

📌 Банката за храна во Војводина е горд партнер и дел од пионерската иницијатива на компанијата Макси, преку која вишокот храна од продавниците се собира секојдневно и се насочува кон граѓаните на кои им е најпотребна помош.

📌 Компанијата Макси е еден од најголемите и најважните донатори на храна во Србија, за долгорочна доверба, партнерство и посветеност на развојот на системот за донирање храна.

📌Посебна благодарност 🙏од нас како гости на МАКСИ до Маја Мандиќ и целиот тим на компанијата Макси за топлото добредојде, отворениот разговор и подготвеноста да го споделат своето искуство со партнерите од регионот.

👉Обиколка на проектот „Храна за сите“ 👇

✅ По состанокот во седиштето на компанијата Maxi, делегацијата ја посети и логистичката локација на Вила Вода во Белград, каде што секојдневно се спроведува пионерскиот проект „Храна за сите“.

✅ Волонтерите на Банката за храна Војводина собираат вишок храна од продавниците на Макси секој ден - од понеделник до недела, во текот на целата година, вклучувајќи:
1. овошје и зеленчук 🧄 🥕🍅🍐🍏
2. пекарски производи 🍞🥖🥯
3. сув асортиман 🥫

✅ По собирањето, производите се сортираат и пакуваат во пакети за помош, кои се дистрибуираат секоја вечер од 20 часот на 14 локации низ Србија до граѓаните на кои им е најпотребна помош.

✅ Претставниците на Банката за храна Македонија имаа можност од прва рака да го видат целиот процес на собирање, сортирање и пакување донации, а во текот на денот активно учествуваа во работата заедно со волонтерите на Банката за храна Војводина.

✅ Оваа посета претставува важен чекор во размената на знаење и искуство меѓу банките за храна во регионот, со цел развивање поефикасни модели за заштеда на храна и помагање на заедницата.

✅ Денот помина во исклучително позитивна атмосфера, со многу размена на искуства, идеи и заедничка работа со пријателите од Ириг и Белград.

✅ Со нетрпение ги очекуваме следните денови од проектот и понатамошната соработка во духот на европските вредности, партнерството и солидарноста.

👉Продолжуваме со уште повеќе практична работа во наредните денови! 💪

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Erasmus+
European Food Banks Federation - FEBA
Civica Mobilitas
Cooperative Baptist Fellowship
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Partnership Macedonia - Updates from the Lees






Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Crveni Križ Osijek
Crveni krst Vojvodine
@следачи

📣 Почитувани пријатели,📍 Ириг, Република Србија | 3 март 2026  Трета среќа, и на гости кај пријателите од Црвениот Крст ...
04/03/2026

📣 Почитувани пријатели,
📍 Ириг, Република Србија | 3 март 2026

Трета среќа, и на гости кај пријателите од Црвениот Крст Војводина. Голема благодарност до нашиот домаќин секретарот на Crveni krst Vojvodine, Бошко Митрашиновиќ

https://www.facebook.com/bankahranevojvodine/posts/pfbid022XRTuPJjtcUAYbxKdxVtm8m76fGKY3ncmjcbXVincQYmSU4XfCi5BCncN1BDepZRl?locale=sr_RS

U okviru Erasmus+ projekta jačanja kapaciteta banaka hrane na Balkanu, danas je održan značajan s...

Почитувани пријатели,📍 Ириг, Република Србија | 3 март 2026 ❗️ Веќе знаете дека сме во реализација на проект во рамки на...
04/03/2026

Почитувани пријатели,
📍 Ириг, Република Србија | 3 март 2026

❗️ Веќе знаете дека сме во реализација на проект во рамки на Еразмус+ ЕУ 🇪🇺 програмата за зајакнување на капацитетите на банките за храна на Балканот,🤝 со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, денес се одржа важен состанок во просториите на **Црвениот крст на Војводина** Crveni krst Vojvodine , на кој присуствуваа претставници на Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија и Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine

Делегацијата ја сочинуваа:
📌 Срѓан Будимчиќ, основач и директор на Банката за храна на Војводина
📌Душко Христов, претседател на Банката за храна Македонија со блиски соработници и учесници во проектот од Македонија

✅ Домаќин на состанокот беше секретарот на Црвениот крст на Војводина , Бошко Митрашиновиќ, со кого се одржа отворен и конструктивен разговор за подобрување на соработката, размена на искуства и модели на работа во областа на хуманитарната помош и социјалната заштита.

✅За време на состанокот, се разговараше за:
* организација на системот за собирање и дистрибуција на храна
* логистички капацитети и оперативни процеси
* соработка со локалните заедници и институции
* предизвици и примери на добра пракса во работата со најранливите категории на населението

✅ Оваа посета претставува важен чекор во зајакнувањето на регионалната соработка и размена на знаења меѓу организациите кои се занимаваат со борба против сиромаштијата и обезбедување безбедност на храната.

✅ Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Еразмус+, со цел подобрување на капацитетот и поврзување на банките за храна во регионот.

✅ Со нетрпение ги очекуваме следните денови од проектот и понатамошната соработка во духот на европските вредности, партнерството и солидарноста.

👉Продолжуваме со уште повеќе практична работа во наредните денови! 💪

Banka hrane Vojvodine - Food bank Vojvodine
Erasmus+
European Food Banks Federation - FEBA
Cooperative Baptist Fellowship
Civica Mobilitas
Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
Nestlé
Partnership Macedonia - Updates from the Lees






Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Crveni krst Vojvodine
Crveni Križ Osijek

Address

3ta Makedonska Brigada 48A
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија:

Share