28/10/2025
Во саботата (25.10.2025) се одржа четвртиот, есенски еднодневен терен во С. Серменин по повод Денот за отстранување на браните, во соработка со Македонското еколошко друштво и организацијата Dam Removal Europe. 🦫⛰️
Серменинска Река е единствената река во Македонија во која има седра, која е мономинерална карпа (од групите на карбонатни карпи) изградена од калцит. Карактеристично е овде што pH вредноста овде изнесува над 8, а тоа го евидентираа и младите истражувачи кои успешно ги мереа параметрите долж текот на реката. 🏞️
Крајречната вегетација овде е претставена со асоцијацијата 𝘊𝘰𝘭𝘶𝘳𝘯𝘰-𝘖𝘴𝘵𝘳𝘺𝘦𝘵𝘶𝘮 исполнета и со букови и црноборови состоини, како и крајречен појас со чинар и орев (𝘈𝘴. 𝘑𝘶𝘨𝘭𝘢𝘯𝘥𝘰-𝘗𝘭𝘢𝘵𝘢𝘯𝘦𝘵𝘶𝘮 𝘰𝘳𝘪𝘦𝘯𝘵𝘢𝘭𝘪𝘴), понатаму присутни се белата и црната топола (𝘗𝘰𝘱𝘶𝘭𝘶𝘴 𝘢𝘭𝘣𝘢, 𝘗𝘰𝘱𝘶𝘭𝘶𝘴 𝘯𝘪𝘨𝘳𝘢). Меѓу другото во овој предел се наоѓа и еден сериозно инвазивен вид, 𝘈𝘮𝘰𝘳𝘧𝘢 𝘧𝘳𝘶𝘵𝘪𝘤𝘰𝘴𝘦.🍀🌿🌱🍁🍃🌳
Покрај евидентирање на флората, истражувачите имаа можност да заловат и макроинвертебрати. Еден од поважните пронајдоци во текот на денот беше поточниот рак, 𝘈𝘶𝘴𝘵𝘳𝘰𝘱𝘰𝘵𝘢𝘮𝘰𝘣𝘪𝘶𝘴 𝘵𝘰𝘳𝘳𝘦𝘯𝘵𝘪𝘶𝘮 𝘮𝘢𝘤𝘦𝘥𝘰𝘯𝘪𝘤𝘶𝘴 кој е индикатор за чисти води, сиромашни со азот и фосфор. 🦀🦐
Овие наоди укажуваат на важноста на Серменинска Река како екосистем на широк вариетет на видови, и секое човечко влијание, дали преку изградба на брани, хидроцентрали, понатаму загадување на и околу реката директно го засегнува целиот жив свет овде, а со тоа ја нарушува веќе поставената хомеостаза и хармонија во природата. ⚠️‼️☢️⛔️
Во текот на теренот имавме кратки предавања од страна на проф. д-р Драган Колчаковски за гео и хидроморфолошките особини на пределот, м-р Деспина Китанова од биолошки аспект, а денот се заврши со предавање за природните убавини на Македонија со акцент на планината Кожуф и Серменинска Река од проф. д-р Митко Караделев во Пионерскиот дом Јосип Броз Тито во Гевгелија. 👨🏫👩🏫📕📝
Благодарност до Dam Removal Europe и Македонско еколошко друштво за реализација на овој терен!