05/06/2026
Унапредување на животните вештини
Во Дневниот центар за лица со попреченост „Пролет“ продолжуваат активностите за работна окупација и развој на животните вештини на корисниците. Преку практични кулинарски активности тие стекнуваат нови знаења, навики и поголема самостојност.
Со трпение, посветеност и ентузијазам, корисниците успешно ги извршуваат своите задачи, покажувајќи дека со соодветна поддршка секој може да ги развива своите потенцијали.
Овие активности придонесуваат за зајакнување на самодовербата, чувството на одговорност и социјалната вклученост на корисниците.