16/05/2026
Во пресрет на одбележувањето на 25-годишнината од дипломирањето на VII класа питомци на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје (1997–2001), во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода, на 14.05.2026 година во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје беше организирана крводарителна акција.
На акцијата учество зедоа питомци, вработени во Министерството за одбрана и Армијата, како и хумани крводарители, при што беа собрани вкупно 76 единици крв.
Со оваа акција уште еднаш се потврди дека хуманоста, солидарноста и дарувањето живот треба да бидат вредности што сите заедно ги негуваме.