13/11/2025
Натпревар по противпожарна заштита на општинско ниво – Кисела Вода
Во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ се одржа општинскиот натпревар по противпожарна заштита за средните училишта од Општина Кисела Вода. Целта на натпреварот беше да се подигне свеста кај младите за значењето на превенцијата, безбедноста и правилното постапување во случај на пожар.
На натпреварот учествуваа екипи од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Богословското училиште, и Средното училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“.
По одличната и фер натпреварувачка атмосфера, првото место го освои тимот од гимназијата „Браќа Миладиновци“, второто место му припадна на тимот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, а третото место го освои Богословското училиште.
Настанот помина во дух на другарство, соработка и спортски дух. Организаторите ја нагласија важноста од ваквите активности кои ги поттикнуваат младите кон одговорно однесување, подготвеност и знаење за заштита од пожари.
Честитки за победниците и натпреварувачите