Национална федерација на фармери - National Federation of farmers - NFF

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Национална федерација на фармери - National Federation of farmers - NFF

Национална федерација на фармери - National Federation of farmers  - NFF National Federation of farmers - NFF

Националната федерација на фармери е доброволно, непартиско, невладино здружение на граѓани кое ја обединува работата на сите фармери кои се членови на земјоделски здруженија во Република Македонија за остварување на нивните права и интереси на современ и демократски начин.

Улога на НФФ:
- Лобирање, застапување и стратешко поврзување со сродни организации
- НФФ работи на вмрежување на фармерите

преку директна комуникација и инволвираност и изготвување на предлог финансиска подршка, закони, функлционализација на стратегијата за земјоделство и рурален развој
- Пристап до навремени и точни информации
- Техничка подршка и едукација на членството

12/05/2026

Со цел подобрување на својата видливост, јавна промоција, активности за лобирање и застапување и комуникација со засегнатите страни, медиумите и пошироката јавност, Националната федерација на фармери има потреба од воспоставување рамковен договор со квалификувана ПР и комуникациска агенција за обезбедување комуникациски и медиумски услуги по потреба.

Рамковниот договор ќе биде за периодот 18 јуни 2026 – 31 декември 2027 година.

Целиот повик може да го прочитате 👇
https://nff.org.mk/2026/05/12/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-6-2026-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80-%d0%b8-%d0%ba%d0%be/

12/05/2026

Националната федерација на фармери (НФФ) има потреба од професионални услуги за дизајн и печатење на различни информативни, едукативни и промотивни материјали. Овие материјали вклучуваат публикации како анализи, членското списание Моја Земја, како и брендирани промотивни производи како платнени торби, со цел подобрување на видливоста, досегот и ангажманот на членовите.

Со цел да се обезбеди флексибилност, НФФ има намера да воспостави рамковен договор со квалификуван давател на услуги за периодот 18 јуни 2026 – 31 декември 2027 година. Во рамки на овој аранжман, НФФ ќе бара услуги по потреба и ќе плаќа само за формално побарани и успешно реализирани услуги.

Целиот повик може да го прочитате 👇
https://nff.org.mk/2026/05/12/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-5-2026-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b0/

05/05/2026

Националната федерација на фармери, во рамки на имплементацијата на проектот „Поддршка на малите земјоделци – Core Support to NFF“, поддржан од Шведска и We Effect, објавува повик за ангажирање на квалификувана компанија, образовна институција или граѓанска организација за спроведување на теренска проценка на потреби за подобрување на економскиот статус на младите земјоделци и развој на едукативна програма базирана на курикулум за 30 млади земјоделци. Целиот повик👇https://nff.org.mk/2026/05/05/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-04-2026-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b0/

1 Мај – Ден на трудот, ден на вредните раце што создаваат иднина 🌾Националната федерација на фармери ви го честита празн...
01/05/2026

1 Мај – Ден на трудот, ден на вредните раце што создаваат иднина 🌾

Националната федерација на фармери ви го честита празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и на сите работници, кои со многу труд, посветеност и истрајност создаваат вредност за своите семејства и за општеството им посакува здравје, среќа и вреднување на нивниот труд.

Земјоделството не е само професија, туку начин на живот исполнет со многу работа, одговорност и љубов кон земјата. Земјоделците се тие што секој ден вложуваат труд за на нашите трпези да има домашна и квалитетна храна.

„На 1 Мај оддаваме почит на секој работник, а особено на земјоделците кои често работат без работно време, без пауза и во директна зависност од природата. Трудот на земјоделците мора да биде повеќе ценет, препознаен и поддржан, бидејќи ние сме темелот на безбедното производство на храна и развојот на руралните заедници“, истакна претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски.

Денес споделуваме разгледница од нашето секојдневие – од полињата, градините, овоштарниците и фармите, каде што трудот создава живот.

Среќен 1 Мај!

Информативна сесија во Стрмуца посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Повеќе информации прочит...
29/04/2026

Информативна сесија во Стрмуца посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Повеќе информации прочитајте 👇

28/04/2026

Ја споделуваме владината прес-конференција на која се обрати министерот за земјоделство Цветан Трипуноски, информирајќи дека ИПАРД програмата е одблокирана и ќе започне повторно да функционира.

Ова е значаен чекор за поддршка на земјоделството и развојот на руралните средини.

Отворен повик 03/2026 за ангажирање на Проектен соработник (2 позиции) во Националната федерација на фармериЦелиот повик...
27/04/2026

Отворен повик 03/2026 за ангажирање на Проектен соработник (2 позиции) во Националната федерација на фармери

Целиот повик е објавен 👇

Вовед Националната федерација на фармери (НФФ) ја претставува најголемата мрежа на земјоделци и земјоделски организации во земјата. Наследувајќи ја институционал...

📢 ПОКАНА ЗА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА „ФЕР АНГАЖМАН“📅 28 април 2026🕛 12:00 часот📍 Дом на АРМ (сала на Совет)Доколку сте работо...
24/04/2026

📢 ПОКАНА ЗА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА „ФЕР АНГАЖМАН“

📅 28 април 2026
🕛 12:00 часот
📍 Дом на АРМ (сала на Совет)

Доколку сте работодавач, земјоделец, сезонски работник или лице кое повремено работи во земјоделство, угостителство, туризам или домаќинство – оваа сесија е токму за вас!

👉 Дојдете и информирајте се за примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и за можностите и придобивките што ги нуди и за работниците и за работодавачите.

Сесијата се организира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, со цел навремено и јасно информирање за правата, обврските и новите можности.

🤝Кампањата е дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Center for Research and Policy Making
GIZ North Macedonia

Националната федерација на фармери 🚜, во рамките на мониторинг средбата на We Effect Europe 🤝 за институционалната поддр...
22/04/2026

Националната федерација на фармери 🚜, во рамките на мониторинг средбата на We Effect Europe 🤝 за институционалната поддршка на НФФ преку проектот „Core Support“, реализираше посета на фармата на нашата членка Зорица Димовска 🐄.

Преку овој проект се следи имплементацијата на стратегијата на НФФ, која е насочена кон јакнење на гласот на малите земјоделци 🌾 и градење на земјоделството како професија, а не како социјална категорија.

На средбата присуствуваше и Стеванче Јорданоски, претседател на НФФ, кој истакна дека во овој период НФФ сè поинтензивно работи со малите оператори за храна 🧀 и младите 👩‍🌾👨‍🌾, во насока на создавање на нова земјоделска работна сила, унапредување на секторот и обезбедување одржливост на малите земјоделци.

Зорица Димовска е мал оператор за храна, одгледува 30 крави 🐄 и произведува бурата и страчатела 🧀. Таа претставува позитивен пример за успешна приказна ⭐ – пред 15 години го напушта Скопје и се преселува во с. Ржаничино, каде преку членството во НФФ го унапредува својот бизнис, користејќи едукација 📚, информации и поддршка.

Како корисничка на мерката 115 од Програмата за рурален развој, наменета за жени фармери 👩‍🌾, Зорица инвестираше во опрема за производство на бурата, со што дополнително го развива своето производство 📈.

НФФ преку едукација 📚, информирање ℹ️, создавање пазарни и меѓусебни врски 🤝, како и преку активности за лобирање и застапување 📢, континуирано создава можности за подобрување на економскиот и социјалниот статус на земјоделките и земјоделците.

Воедно, НФФ активно се залагаше за унапредување на мерката 115, со цел отстранување на дискриминаторните критериуми ⚖️ и креирање на поинклузивни можности за економско јакнење на жените фармери, во соработка со МЗШВ.

#НФФ #РураленРазвој #ЖениФармери #Земјоделство #УспешниПриказни 🌱

Националната федерација на фармери (НФФ) гостуваше во земјоделската емисија „Бразди“ на Канал 5, каде ги споделивме свои...
21/04/2026

Националната федерација на фармери (НФФ) гостуваше во земјоделската емисија „Бразди“ на Канал 5, каде ги споделивме своите ставови и препораки во однос на организацијата на производители.

Во разговорот беа отворени клучни прашања поврзани со економското здружување на земјоделците, предизвиците со кои се соочуваат и можностите за подобрување на нивната пазарна позиција. НФФ ја истакна потребата од посилна институционална поддршка, јасни политики и поттикнување на заеднички настап на производителите со цел зголемување на конкурентноста и одржливоста во земјоделството. Ставовите ги презентираа Стеванче Јорданоски, претседател на НФФ и Билјана Петровска - Митревска, проект менаџерка на НФФ.

Видеото може да го погледнате на следниот линк👇

https://youtu.be/jpUIFMEr5qo

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Национална федерација на фармери - National Federation of farmers - NFF posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Национална федерација на фармери - National Federation of farmers - NFF:

Share