Проектот “Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ почна со реализација како плод на успешната соработка меѓу здружението за поддршка на маргинализирани групи - Ромски Ресурсен Центар од Скопје, Македонија во партнерство со Центарот за грижи за семејства и деца (Family and Childcare Centre (KMOP) од Атина, Грција. Официј
ално, проектот стартуваше на 16 јануари 2017 година и ќе трае две години, финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА програмата „Civil Society Facility and Media Programe 2015 (Reference: EuropeAid/151569/DD/ACT/MK)“, менаџирана од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.
Главна цел на проектот е поттикнување погодна средина за граѓанското општество преку кое подобро ќе се промовираат правата на децата Роми, особено правото на еднаков пристап до квалитетно образование и еднаков пристап до пазарот на труд. Исто така, проектот се фокусира и на подобра заштита на детските права преку формалниот образовен систем. Односно, проектот ќе работи на конкретни интервенции на пет области:
• Јакнење на дијалогот и соработката меѓу власта и локалните организации во полето на инклузија на децата Роми во редовното образование;
• Зголемување на постоечка база на знаење за прашања кои се однесуваат на вклучување на Ромите во образованието и во општеството и предлагање напредна политичка рамка со која се олеснуваат идните патишта на ромските деца кон пазарот на трудот преку зголемено учество во редовното образование;
• Поттик на имплементацијата на постоечката регулатива за инклузија на Ромите преку градење организациски и човечки капацитети на невладините организации, кои работат со ромското население во 9 општини;
• Подобрување на капацитетити на локалните власти за остварување на програми и мерки за инклузија на Ромите;
• Зголемување на свеста за улогата на невладините организации во промоција на еднаквиот пристап до образование на Ромите.
Проектот “Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ се имплементира во вкупно 9 општини во Македонија (Шуто Оризари, Чаир, Топаана, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Тетово и Виница) каде што има поголем број ромско население.
ОЧЕКУВАНИ ПРОЕКТНИ РЕЗУЛТАТИ
Со овој проект ќе се создаде „Мапа на Ромите“ (Romani Map) во Македонија како база за развој и имплементација на програма за сеопфатна инклузија во воспитно-образовниот процес и на пазарот на трудот на децата Роми. Секако, тоа зависи од нивото на разбирање на нивните карактеристики, потреби и предизвици. Оваа мапа ќе обезбеди и ќе ги надгради постоечките информации за моменталната состојба во однос на населеност на Ромите во секој регион во Македонија, потоа процентот на ромска популација (посебно децата) кои се исклучени од процесот на формално образование (деца кои не се запишани во образованието или се запишале, но се осипале) во 9 општини, утврдување на карактеристиките на таргетираната група, нивните потреби и предизвици (недостаток на пари, дискриминација, јазични бариери, социо-економска инклузија и слично) што ја спречува нивната инклузија во процесот на образование и перцепција на општеството за Ромската инклузија (стереотипите, дискиминаторските квалификации).
Проектот “Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ ќе направи и мапа за невладини организации (NGO MAP) во Македонија кои се занимаваат со промоција на правата на Ромите, со фокус на децата Роми и нивното право за квалитетно образование.
Преглед, евалуација и препораки на законодавните и политичките рамки е третата цел на проектот преку која се обезбедува квалитативна анализа на перспективите, детерминирање на моменталните прашања и слабости и идентификување на одржливи начини на промоција на развојот.
По завршување на оваа фаза, Проектот, во рамките на своите задачи, ќе дизајнира Програма за инклузија на Ромите во образованието, односно одржлив и адаптибилен модел на Грант шема. Таа ќе финансира/суб-грантира проекти за промоција на инклузивното образование на децата Роми, превенција, идентификување и реакција на знаци за осипување, како и превенција и/или намалување на радикализмот во школското опкружување и другите поврзани области.
Грантистите на проектот ќе добиваат и поддршка преку активности за градење капацитети, односно обука за ефикасно спроведување и управување со грантовите. Ќе се организираат три главни активности: проценка на потребите за обука и развој на програми за градење капацитети, групни тренинзи - работилници со под-грантови и обука на работно место и менторство.
Проектот ќе работи на промоција на Програмата за образовна инклузија на Ромите пред поддржувачите: институциите, владините организации и невладиниот сектор, а ќе реализира и кампања за дисеминација и зголемување на свесноста кај целокупното население преку интернет страницава, промотивни материјали и преку социјалните медиуми. Исто така, ќе се организираат изложби во секоја општина каде се имплементира проектот и ќе се покажат и креативните потенцијали на децата Роми.
ПАРТНЕРИ
РОМСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР(http://www.rrc.org.mk/mk/)
Ромски Ресурсен Центар е невладина и непрофитна организација основана во 2010 година. РРЦ е насочена кон поддршка за одржлив развој на младите, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и локалната самоуправа, како и поголема мобилизација на сите структури во локалната заедница кои може да придонесат кон побрза интеграција на заедницата и интеграција на Македонија во Европската унија. Организацијата, преку своето делување, придонесува во локалниот развој, развојот на млади лидери и на граѓанското општество на национално ниво преку понуда на професионални обуки, консултации, едукација и спроведување проекти. РРЦ работи на програми за поттикнување на образование и личен развој, Институционален развој, Транспарантно и партиципативно одлучување и Мултикултурализам и меѓуетнички дијалог. KMOP/КМОП (https://kmop.gr/)
КМОП е непрофитна организација, основана во 1977 година. Таа е една од најстарите невладини организации во Грција со повеќе од 40 години акумулирано искуство во поддршка на маргинализирани групи. Организацијата е посветена на подобар свет, кој се заснова на одржлив развој, социјален раст и благосостојба. Нејзините членови веруваат дека предуслов за градење подобар свет е решавање на основните причини за ранливост со градење флексибилност кај поединците и кај заедниците да предвидат, да се спротивстават и да се опорават од ризиците кога постојат општествени, технолошки и еколошки промени. Ваквата флексибилност не е можна доколку не се работи на градење мостови меѓу луѓето, групите и заедниците.
КМОП работи со јавниот и со приватниот сектор, исто и со граѓанското општество ориентирано кон решенија, базирани на знаење и интервенции кои се од клучно значење за флексибилноста и создавање на светот како подобро место за живеење. Главни области на експертиза во кои работи организацијата се социјална заштита и здравство, вработување и заштита на човековите права, научни истражувања и развој на знаења во социјалната политика.