Студентски Парламент на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство - Скопје (СП ФИНКИ - Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студентите, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Студентскиот интеруниверзитетски парламент и органите на Република Македонија, јавноста и јавното мислење.
Мисијата ни е подобар студентски стандард и почитување на нашите студентски права, а целта ни е студентите да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им
следуваат, притоа претставувајќи го студентскиот глас пред професорите на факултетот.
Покрај обезбедување на услови за подобра комуникација и студирање на факултетот,
студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на
своето образование, така и на образовниот процес. СПФИНКИ е посредник и поддржувач
на ваквите идеи и е тука да обезбеди договор со факултетот, а ако е можно и поддршка.
Крајната дестинација на сето ова е распространување на ниво на секој студент за да ги
дознаеме идеите и барањата на кои треба да излеземе во пресрет. Она што сакаме
факултетот да го понуди е поквалитетно образование придружено со уште поквалитетна
практична настава, па со таа цел во претстојниот период ќе воспоставиме контакт и
можен договор со фирмите во Р.Македонија кои нудат (или побаруваат) пракса за секој
студент, согласно законот за високо образование.
Она што ние сме, е отскочна даска за секој кој се труди, но и за
надминување на периодот на прилагодување на новата средина.
Студенти сме, треба да си помагаме!