27/08/2024
Текстот е преземен од Мајсторот на *ЗБОРОТ* БОШКО НАЦЕВСКИ:
**************************
ДИВЕРЗАНТИ
Замислете еден ваков, за нормални средини, би се рекло, непоимлив круг од Пеколот на Данте. На Русите да им ја оспоруваш генијалноста на Толстој, Пушкин, или на Достоевски. На Англичаните да им го негираш писателското божество Шекспир, на Французите Зола, Балзак, или Бодлер, на Шпанците феномените Лорка или Пикасо, на Србите Змај, Андриќ... Тоа неможно, неспоиво со човечко здраворазумие, би се доживеало како цивилизациски духовен катаклизам.
Е па драги мои, ние, во ова тридецениско политчко и какво се не колективно бунило и лудило, минавме и низ таков пеколен, би се рекло, катаклизмичен круг. Војници на злото, ментално отпадна структура, од позиција на политичка или финснсиска моќ, се обиде од пиедесталот на нашата национална култура, да засени, та дури и да симне мноштво значајни, та дури и стожерни преродбенички фигури - Браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Кирил Пејчиновиќ, Константин Џинот, Крсте Петков Мисирков... Да ја сквернават стаменитоста и на македонската научна и литетарна икона, Блаже Конески. Го нарекуваа тие монструми тој наш столбник, "џуџето од Небрегово". Со сиот нивни болен сарказам и идиотизам, настојуваада ја бербатат неговата национална гранитна грандиозност. Да го проблематизираат, та дури и на столбот на срамот да ја распнуваат духовната величина на неимарот, писателот Славко Јаневски. Да се разжалува и громи уметничкиот колос, скулпторот Томе Серафимовски... Изроди, профилирани со туѓински национен код, го проблематизираа нашиот етно знак. Нашата национална генетска, историска, јазична, културна и фолклорна, па и милениумската црковна аавтентичност. Некои од тие типови, кои исцртуваа сомнежни и негаторски слики во најчувствителниот сегмет на духовниот опстој на Македонецот, за чудо на иронијата, денес, повторно на полтичката сцена им ги гледам омјазите. Суратите. Тие се рожби на туѓински, антимскедонски структуриран продукт. Диверзантска фаланга, вовлечена во нашата кревка и ранлива политичка и духовна архитектоника. Тие типови треба, како вирусна закана, да бидат исфрлени од овпј простор, заедно со отровниот смет што ја загадува до труеж нашата животна средина. Оваа влада треба да се ослободи од присуството на задоените со супстанцата на туѓинскиот проект, антимакедонизмот. Тие настојуваат од светскиот цивилизациски небесвод да го избришат знакот за посебноста на нашето духовно, та дури и физичко постоење.
*************************
ЕДНОСТАВНО .....ВЕЛЕЛЕПНО!
БРАВО ЗА * #МАЈСТОРОТ*!