Македонско еколошко друштво

Македонско еколошко друштво Mакедонско еколошко друштво
Маcedonian Ecological Society Mакедонско eколошко друштво
Маcedonian Ecological Society

🌿Македонското еколошко друштво достави коментари и предлози за унапредување на нацрт-законот за природата, објавен на ЕН...
12/06/2026

🌿Македонското еколошко друштво достави коментари и предлози за унапредување на нацрт-законот за природата, објавен на ЕНЕР.

За МЕД, новиот закон е можност да се постави појасен, посовремен и поприменлив систем за заштита на природата, усогласен со реалните потреби за зачувување на биолошката, геолошката и пределската разновидност, меѓународните обврски на државата и европските политики.

Во доставените коментари, укажуваме на точки поврзани со Натура 2000, заштитата на живеалиштата, ревитализацијата, надоместувањето на штетата врз природата, научната основа за носење одлуки и пристапот до генетските ресурси.

Со оглед на значењето на законот, сметаме дека темата заслужува поширока јавна и стручна дискусија, со вклучување на научната заедница, експертите, медиумите и сите засегнати страни.

🔗 Целото соопштение е достапно на линкот: https://mes.org.mk/blog/med-dostavi-predlozi-za-unapreduvawe-na-noviot-zakon-za-prirodata/

Наградната игра по повод Светскиот ден на рисот заврши! Ви благодариме на сите што се вклучивте ! Овојпат наградите одат...
12/06/2026

Наградната игра по повод Светскиот ден на рисот заврши!
Ви благодариме на сите што се вклучивте !

Овојпат наградите одат кај сите учесници во квизот, а добитниците ќе бидат означени во коментар! 🐾
А вие скролнете за да видите дали сте одговориле точно 😉

#балканскирис

🐆 Нам 11 јуни – Светскиот ден на рисот ни е како празник, па за да го одбележиме, ви подготвивме неколку квиз-прашања! 😉...
11/06/2026

🐆 Нам 11 јуни – Светскиот ден на рисот ни е како празник, па за да го одбележиме, ви подготвивме неколку квиз-прашања!

😉 Бараат знаење, ама носат и награди – инспирирани токму од балканскиот рис!

🐾 Пишете ни ги одговорите во коментар најдоцна до утре напладне. Потоа ќе ги објавиме точните одговори, заедно со имињата на добитниците, кои ќе ги извлечеме по случаен избор. Среќно! 😊

#балканскирис

💙 Подари дом за модровраната – донирај денес! 🔗Линк за донација: https://mes.org.mk/product/donacija-za-kukjicki-za-modr...
10/06/2026

💙 Подари дом за модровраната – донирај денес!
🔗Линк за донација: https://mes.org.mk/product/donacija-za-kukjicki-za-modrovranite/

🌳Некогаш широко распространета низ котлините во Македонија, модровраната (Coracias garrulus) денес ја сретнуваме само во Овче Поле, Скопската котлина и низ Повардарието до Демир Капија. Губењето на старите дрвја и на природните дупки за гнездење за оваа птица значи ограничени можности за размножување и поранлива популација.

🐦Освен што е прекрасна птица, модровраната им е важен сојузник на земјоделците. Се храни со големи инсекти и мали глодари и така природно ги регулира штетниците. Нејзиното присуство е показател за здрав и добро зачуван земјоделски предел.

🏡Сакајќи да ја подобриме популацијата на модровраните кај нас, во последните неколку години поставивме куќарки во кои, на наше големо задоволство, успешно се гнездат сè повеќе парови.

Но, за да можеме да обезбедиме сигурен дом за што повеќе модроврани, ни треба твојата поддршка! Ако сакаш да ни помогнеш, донирај толку колку што можеш – малку е потребно за да се направат убави нешта!

Ти благодариме од сè срце! 💙

#Модроврана #ПодариДом #Донирај

👉 Македонско еколошко друштво, преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истр...
09/06/2026

👉 Македонско еколошко друштво, преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај (Sideritis raeseri) на планината Галичица и прилагодување на мониторинг методологиите за иден независен мониторинг.

🌾 Главната цел на оваа задача е да се обезбеди стручна и експертска поддршка во остварување на Програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност во националниот парк Галичица, поточно во мониторингот на охридскиот чај (Sideritis raeseri), но возможно е во снимките да бидат опфатени и други растенија што растат на исти живеалишта и нивната состојба и мониторинг да произлезе при обработката на податоците како колатерална придобивка.

👉 Право да достави понуда има секое заинтересирано лице кое ги исполнува следните критериуми:
− Завршено високо образование од релевантната област за сениор и јуниор експерт
− Професионално работно искуство во мониторинг на охридскиот чај (најмалку 10 години за сениор експерт и соодветно искуство за јуниор експерт)
− Докажана способност за спроведување истражувања, подготовка на анализи и обработка на податоци.

📅 Краен рок за поднесување на понудите е 08.07.2026 година, најдоцна до 16:00 часот.

👉 Понудите и евентуалните прашања поврзани со повикот се поднесуваат по електронски пат на следните адреси: [email protected] и [email protected].

👉 Целосниот Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка е достапен на следниот линк: https://prespa.mes.org.mk/mk/blog/povik-za-pribiranje-na-ponudi-za-ekspertska-poddrshka-za-ispituvanje-na-brojnosta-na-ohridskiot-chaj-sideritis-raeseri-na-planinata-galichica/

🐾 Нова европска студија, во која учествуваат и истражувачи од Македонското еколошко друштво, покажува дека ширењето на ч...
09/06/2026

🐾 Нова европска студија, во која учествуваат и истражувачи од Македонското еколошко друштво, покажува дека ширењето на чакалот низ Европа е тесно поврзано со состојбата на волкот.

„Кога чакалите ќе почнеме да ги среќаваме и на места каде што вообичаено не живееле, вклучително и во повисоките предели, тоа значи дека популацијата на волкот, но и на разни видови плен, како срната, е загрозена“, објаснува Диме Меловски од МЕД.

Во Македонија, чакалот денес ја населува речиси целата територија, но сè уште немаме точни податоци за неговата бројност.

„Чакалот, како и секое друго животно, си има своја функција во екосистемот. Но, популациите на крупни месојади мора да се менаџираат“, смета Александар Стојанов од МЕД.

Целото соопштение можете да го прочитате на следниов линк: https://mes.org.mk/blog/chovekovata-zashtita-od-volci-go-olesnuva-shirenjeto-na-chakalite-niz-evropa/

📢 Отворен повик за набавка на возило!Македонското еколошко друштво објавува јавен повик бр. 03/2026 за набавка на патнич...
08/06/2026

📢 Отворен повик за набавка на возило!

Македонското еколошко друштво објавува јавен повик бр. 03/2026 за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала, преку проектот: „Целосно закрепнување на популацијата на белоглавиот мршојадец на Балканскиот Полуостров и создавање одржливи капацитети за заштита на мршојадците низ целиот регион “ (Проект 101215506 — LIFE24-NAT-NL-LIFE Balkan GriffON).

🗓 Рок за доставување понуди: 08.07.2026 до 15:00 часот.

🔗 Целосната документација и условите за пријавување се достапни на линкот: https://mes.org.mk/blog/javen-povik-br-03-2026/

📩 Контакти за дополнителни информации и прашања: [email protected] или [email protected]

🏆Петгодишниот проект за египетскиот мршојадец  , предводен од Българско дружество за защита на птиците BirdLife Bulgaria...
06/06/2026

🏆Петгодишниот проект за египетскиот мршојадец , предводен од Българско дружество за защита на птиците BirdLife Bulgaria – еден од најамбициозните потфати за заштита на мршојадци некогаш преземен – ја доби Наградата од публиката во рамките на настанот „ЛАЈФ Награди“.

Обединувајќи 22 партнерски организации, меѓу кои беше и Македонското еколошко друштво, овој проект успеа да го запре опаѓањето на балканската популација на египетскиот мршојадец и да ја подигне јавната свест кај неверојатни 25 милиони луѓе од 14 држави во Европа, Азија и Африка.

Организиран како дел од Европската зелена недела, настанот „ЛАЈФ Награди“ се одржува еднаш годишно и веќе 20 години им оддава признание на најиновативните, најинспиративните и најефективните проекти финансирани од LIFE Programme Програмата „ЛАЈФ“ на Европската Унија, во три категории: заштита на природата, циркуларна економија и квалитет на живот и климатска акција.

Браво и да се множат! 👏

Ова не е ден за славење, туку ден за кревање аларм. 🌍🟢Светскиот ден на животната средина е воспоставен од Обединетите на...
05/06/2026

Ова не е ден за славење, туку ден за кревање аларм. 🌍

🟢Светскиот ден на животната средина е воспоставен од Обединетите нации во 1972 година, по големата конференција за животна средина во Стокхолм, а првпат е одбележан на 5 јуни 1973 година. Денес, овој ден сè уште нè потсетува дека природата не смееме да ја земаме здраво за готово, но и дека ако не ја зачуваме, го загрозуваме, пред сè, нашиот опстанок како вид.

🟢„Животната средина не е нешто одвоено од нас – водата, воздухот и почвата директно влијаат врз квалитетот на нашиот живот. Секој забрзан развој без правилно планирање може да остави сериозни последици врз природата, но и врз здравјето на граѓаните“, изјави нашиот Лазар Николов во емисијата на Канал 5, по повод денешниот Светски ден на животната средина.

Слушнете што друго кажа на следниот линк: https://youtube.com/watch?v=J_8Bz-uqZcI&si=gviTCXv5Xoy5RnAH

Address

Todor Skalovski 9A
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:30 - 16:00
Tuesday 09:30 - 16:00
Wednesday 09:30 - 16:00
Thursday 09:30 - 16:00
Friday 09:30 - 16:00

Telephone

+389 (0)2 2402 773

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонско еколошко друштво posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Македонско еколошко друштво:

Share