03/06/2026
💡Во рамки на проектот , беше реализирана студиска посета во Брисел со цел презентација на резултатите и зајакнување на дијалогот и соработката со европските институции, социјални претпријатија, организации и мрежи.
Посетата беше можност за претставување на перспективите на граѓанското општество и отворање на нови можности за соработка во областите на социјалното претприемништво, економското зајакнување на младите и иновациите🚀
Во текот на посетата, делегацијата оствари официјални средби со:
🔹 European Economic and Social Committee (EESC)
🔹 Directorate-General for Education, Youth, Sport and Culture (DG EAC)
🔹 Regional Cooperation Council (RCC)
🔹 Кабинетот на европратеникот Thomas Waitz во Европскиот парламент
🔹 Diesis Network
🔹 Civil Society Europe (CSE)
🔹 Мисијата на Северна Македонија при Европската Унија
🔹 Directorate-General for Enlargement and Eastern Neighbourhood (DG ENEST)
🔹 European Peacebuilding Liaison Office (EPLO)
🔹 Wilfried Martens Centre for European Studies
🔹 The Kvinna till Kvinna Foundation
🌱Покрај институционалните средби, посетата овозможи и директно запознавање со добри примери од областа на социјалната економија и социјалното претприемништво во Брисел, за подобро разбирање на европските модели за поддршка и нивната улога во локалниот економски развој.
---
Оваа активност е реализирана во рамките на проектот „Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, реализиран со поддршка на Европската Унија 🇪🇺 за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество 2022–2023.
#бидигласанеехо #социјалнопретприемништво