02/10/2026
ЧЕТИРИ РАБОТНИ ГРУПИ ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ – МЛАДИНСКО УЧЕСТВО - ТЕМАТСКИ ФОРУМ ЗА ДИЈАЛОГ
На 22 септември, во Големата сала на Општина Македонски Брод, одржавме тематски форум „Функционални механизми за младинско учество“ – простор за отворен разговор, размена на искуства и заедничко размислување за тоа како младите можат посуштински да учествуваат во животот и одлучувањето во локалната заедница.
Форумот обедини млади и членови на Локалниот младински совет, претставници на локалната самоуправа – службеничката за млади, советник од Советот на Општината и претставници од релевантни сектори – како и претставници на граѓанскиот сектор .
🤝 Преку работа во 4 работни групи, учесниците разговараа за постојните можности и механизми за младинско учество, предизвиците со кои се соочуваат младите и начините за нивно унапредување.
💬 Работата продолжи и низ отворена и богата дискусија, во која младите, институциите, училиштето, граѓанскиот сектор и членовите на ЛМС имаа можност директно да ги споделат своите ставови, искуства и предлози.
📌 Форумот не беше само разговор. Идеите и препораките произлезени од заедничката работа претставуваат важна основа за понатамошно унапредување на механизмите за младинско учество и за подготовка на јавен документ кој ќе ги опфати потребите и предлозите на младите во Македонски Брод.
✨ Дијалогот е првиот чекор. Заедничката работа е патот до промена.
#МладинскоУчество #МакедонскиБрод #Млади #ЛМС #ЛокалнаЗаедница #МладинскиГлас