26/05/2026
https://www.facebook.com/share/p/18UT9aWHwQ/
Општина Македонска Каменица стана дел од семејството на ОSS HABITAT кое вклучува проектантски фирми, градежни компании, финансиски институции, управители на згради, заедници на станари, општини, национални институции и поединци во заедничките заложби за подобрување на енергетската ефикасност во домувањето. Со потпишување на Меморандум за соработка со Хабитат Македонија, општината се вклучи во активностите за подобрување на условите за домување преку реконструкција на станбени згради, со примена на мерки за енергетска ефикасност. Во понатамошниот период, Општина Македонска Каменица заедно со тимот на проектот OSS HABITAT ќе работи на утврдување на приоритетите како и моделите на поддршка на домаќинствата во реконструкцијата и подобрувањето на енергетската ефикасност во нивните домови.