Здружение на судиите на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Здружение на судиите на Република Северна Македонија

Здружение на судиите на Република Северна Македонија Официјална страна на Здружението на судиите на Републ?

Здружението на судии на РСМ, со особена чест и задоволство, упатува честитки по повод 31 Март – Денот на правосудството,...
31/03/2026

Здружението на судии на РСМ, со особена чест и задоволство, упатува честитки по повод 31 Март – Денот на правосудството, до сите судии и судски службеници во земјата.

Вашето неизмерно вложување, посветеност и истрајност во секојдневната работа, и покрај сите предизвици со кои се соочуваме, придонесуваат за владеење на правото, зајакнување на правната држава и доследно почитување на правата на граѓаните.
По тој повод, Здружението на судии, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, деновиве организира работилници за одбележување на Националниот ден на судството, посветени на судиската етика, интегритетот и креирањето механизми за управување во кризни состојби, со цел унапредување на судискиот авторитет и градење доверба кај јавноста. На овие работилници, судиите имаат можност да се осврнат и на актуелните предизвици, реформите во судскиот систем, како и на заложбите за подобрување на статусот на судиите и судската служба. Воедно, на работилниците се посветува внимание и на влијанието на дигитализацијата и социјалните медиуми врз работата на судиите, истакнувајќи ги новите можности, но и предизвици за одржување на професионализмот, независноста и јавната доверба. Исто така, беше нагласена улогата на институционалните механизми, како советодавните тела за етика и антикорупциските иницијативи, во зајакнувањето на транспарентноста, отчетноста и високите етички стандарди во судството.

Со почит, Здружение на судии на РСМ

02/03/2026

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Итно одмрзнување на платите на судиите, зголемување на платите на судската администрација и распишување оглас за нови вработувања во судовите, со цел ефикасно и независно функционирање на судскиот систем, бара Здружението на судии на РСМ.

Здружението на судии на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) ја информира јавноста и судиската заедница, дека до Уставниот суд на РСМ поднесе дополнување на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Измените на Законот за плати на судиите. (со дополнувањето се опфатени последните измени на Законот донесени на 25.02.2026 година.)
Со иницијативата, Здружението бара поништување/укинување на неуставно донесените-незаконски измени на Законот со кои платите на судиите остануваат замрзнати веќе трета година по ред.

Сметаме дека ваквиот пристап на пратениците од Собранието на РСМ, кои ги изгласаа овие измени на Законот во брза, неуставна и за жал само популистичка постапка, ќе има далекусежни последици во врска (не)владение на правото бидејки е во спротивност со член 32 од Уставот на РСМ, а дополнително директно го нарушува и достоинството на судиската функција. Пратениците со мандат од 4 години мора да престанат со креирање, менување и укинување на закони кои имаат цел само да купат социјален и политички мир. Наместо да носат штетни и неуставни Закони, кои генерираат правна несигурност, и наместо да се водат само од потребата за зголемување на политичкиот рејтинг, потребно е пратениците да ја согледаат реалната потреба за независно и непристрасно судство, кој ќе биде гарант за Владеење на правото и доследна борба со организираниот криминал и корупција како предуслов за Европски напредок на земјата.
Факт е дека во нашата земја владее општо незадоволство, пред се од политичките структури во земјата (Влада, Собранието и Министерствата), но и од судскиот систем, образованието и здравството, но најповеќе владее незадоволството од економската состојба во државата и куповната моќ на граѓаните.

Појдовна точка и излезна врата од сите напластени проблеми, како во секое демократско општество така и кај нас, треба да биде Владеењето на правото и почитување на Уставно загарантираните права на граѓаните. Затоа и пред гласањето на спорниот Закон, апелиравме до пратениците: НЕ ГО КРШЕТЕ УСТАВОТ, не ги повторувајте грешките на претходните собраниски состави, не купувајте социјален мир со намалување на платите на една мала група на граѓани, напротив зголемете ги платите на сите.

Инаку со „фамозното“ зголемување на функционерските плати од 78%, платите на судиите во прв степен достигнаа до просечни 86.000 денари, а доколку не беше зголемувањето тие ќе беа во рамки на просечната плата во земјата околу 50.000 денари, што е далеку од просекот, како во регионот така и во земјите од Европската унија. Дополнителен проблем создаваат и ниските плати, одливот на кадар на судската администрација и неисплаќањето на додатоците, од што директни последици трпат странките во постапките односно граѓаните.

Заради тоа, децидни сме на ставот дека доколку продолжи „уривањето“ на судскиот систем, ако ваквите неуставни измени на Законот опстојат, и доколку судската администрација се остави на маргините и се продолжи да се деградира, Судиите ќе изнајдат друга форма на покажување на незадоволство и видлив протест, а ја поддржуваме и судската администрација на нови, Законите чекори, за изразување на незадоволството, за кое нешто изминатиот период е добиена поддршка од повеќето Подружници на ЗСРСМ.
Со почит
Здружение на судии на РСМ.

21/01/2026

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Здружението на судии на Република Северна Македонија внимателно ги следи настаните поврзани со притварањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изразува јасна поддршка на надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.
Очекуваме надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, во која ќе се утврдат сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таква постои, без селективност и со целосна почит кон законските процедури.
Во случај на докажана корупција, Здружението на судии јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Таквите појави не смеат и не треба да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои претставуваат огромно мнозинство во судството.
Во таа насока, Здружението бара целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии, како и воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Здружението на судии смета дека ваков принципиелен и одговорен пристап треба да биде применет и кон сите други општествени чинители и функционери кои се склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за губење на довербата на граѓаните во институциите и во системот во целина.
Како здружение остануваме посветени на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите.
Напоменуваме дека при секоја постапка мора доследно да се почитува уставното начело на пресумпција на невиност, како еден од темелните принципи на владеењето на правото и правната држава, во овие моменти на граѓаните не им е потребен сензационализам ниту органите на прогон ниту од политичките структури, напротив потребно е да покажеме достоинство, не селективен пристап и отчетност, со целосно почитување на човековите права и Европските вредности кон кои се стремиме како држава.
Здружение на судии
на Република Северна Македонија

11/01/2026

🟪🟥🟩🟦 11 stycznia 2020 roku tysiące sędziów, prokuratorów i prawników z Polski i innych krajów Europy, przemaszerowało ulicami Warszawy, by wraz obywatelami zamanifestować potrzebę niezależności sądownictwa.

Rocznica “Marszu Tysiąca Tóg” przypomina nam o istocie sędziowskiej niezawisłości, która wymaga nie tylko niezależności w podejmowaniu codziennych decyzji zawodowych, ale także – solidarności i odwagi publicznego sprzeciwu wszędzie tam, gdzie niezależność sędziów jest atakowana systemowo, co zagraża wprost prawom i wolnościom obywateli.

Sędziowska niezawisłość nie jest przecież przywilejem sędziów, lecz właśnie - prawem obywateli.

Stowarzyszenia sędziowskie zabiegają o ustanowienie 11 stycznia dniem niezależnego sądownictwa obchodzonym w rocznicę Marszu Tysiąca Tóg. Wierzymy, że te starania pozostają aktualne i dziś, gdy na całym świecie chwieją się demokratyczne wartości.

Chcemy wzmocnić przekonanie, że niezależność wymiaru sprawiedliwości i niezawisłość sędziów służą nade wszystko bezpieczeństwu i ochronie obywateli. Dlatego Zarząd Stowarzyszenia Sędziów Polskich “Iustitia” wystąpił z inicjatywą, by począwszy od 2026 roku tydzień rozpoczynający się dniem 11 stycznia był obchodzony w Polsce corocznie jako Tydzień Niezależnego Sądownictwa.

Jedynie niezawiśli, legalnie powołani sędziowie oraz niezależne sądy i prokuratura, wolne od politycznych nacisków mogą w pełni chronić interesy ludzi, którzy przynoszą swoje sprawy przed polski wymiar sprawiedliwości. Każdy obywatel ma przy tym prawo, by korzystać w tych sprawach z pomocy adwokatów i radców prawnych, wykonujących swój zawód bez jakiejkolwiek presji ze strony organów władzy.

Marzymy o czasach, w których już nie trzeba będzie podkreślać do znudzenia, nieustannie, że jeśli sądownictwo - to niezależne, a jeśli sędziowie - to niezawiśli. I kiedy żaden polityk nie zdoła wmówić nikomu, że ma prawo decydować o sędziowskich powołaniach i decyzjach zawodowych.

👉Serdecznie zachęcamy do wsparcia naszej inicjatywy poprzez zaangażowanie w wydarzenia związane z rocznicą Marszu Tysiąca Tóg i inne aktywności, o których do 17 stycznia br. będziemy informować na naszej stronie: www.iustitia.pl oraz na portalu w mediach społecznościowych IUSTITIA Stowarzyszenie Sędziów Polskich, x.com/JudgesSsp, instagram.com/iustitiapolska

14/11/2025

Соопштение на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судиите



Господине Премиер,

Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите.

Судскиот систем никогаш не генерирал долгови, па оттаму нејасно е каква е поврзаноста на судството со државниот долг од 2 милијарди евра, кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната власт, во минатото и сега. Сосема спротивно, токму судовите, преку наплата на паушали и парични казни, со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од Буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците и сл.

Последниот извештај на ЕК, јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт. Како круцијален проблем е истакната и финансиската зависност на судството од државниот буџет, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност. Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи, бидејќи истите се суштински за Европската перспектива на земјата.

Со Вашите досегашни коментари го нарушувате демократскиот принцип конципиран на рамноправност на трите власти, судската, законодавната и извршна. Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат.



Судски совет

Врховен суд

Здружение на судиите

Здружение на судиите на РСМ го одржа XVIII – тото Редовно годишно собрание на кое присуствуваа претставници од сите судо...
31/10/2025

Здружение на судиите на РСМ го одржа XVIII – тото Редовно годишно собрание на кое присуствуваа претставници од сите судови во земјата како и членови на Судскиот совет на РСМ.
Покрај усвојување на Годишниот извештај за работа на Управниот одбор и финасискиот извештај на Здржението, средбата беше искористена за истакнување на сите предизвици и проблеми со кои се соочува судството во земјата како и предлози за идни активности и проекти со кои би се унапредила и дигитализирала работата на судовите, би се зголемила ефикасноста во постапките, избор на нови судии и пополнување на недостатокот во стручна служба, а сето тоа во правец на поголема доверба на граѓаните во судскиот систем.
Во тој правец, Претседателот на Здружението на судии на РСМ истакна дека :
„Кратењето на средства од меѓународните донатори во невладиниот сектор, а со тоа и во Здружение на судиите, надополнета со се почестите неосновани и тенденциозни критики и напади упатени кон судската власт, кои неретко доаѓаат од претставниците на другите две власти, кои особено зачестија во предизборниот период, дополнително ги усложнуваат состојбите во судството. Искрено, не можам да разберам зошто некој со деградирање на судиите, манипулирање со јавноста и поткопување на владеењето на правото мисли дека ќе ја зацврсти својата позиција и доверба пред граѓаните, а воедно ќе го унапреди угледот на земјата во нејзините Европски аспирации.

Напротив сметам дека со пристрасните напади и реплики едни на други, како три носечки столба на земјата, единствено си наштетуваме едни на други, ја уништуваме и онака кревката доверба не само во судската туку и во извршната и законодавната власт и земјата ја носиме во ќорсокак.

Мора да бидеме реални, мора да сватиме дека довербата во судството дефакто и дејуре е всушност и доверба во државните институции, тоа е едно те исто. Па од тука не ги разбирам државните претставници кога го напаѓаат судството и пласираат факти за состојбите во судството кои во многу нешта се невистинити.“

Во тоја правец Здружението на судии на РСМ ги повикува сите како судии и како професионалци следниот период да го искористат за заедничка акција, наплив на идеи и проекти и соодветна застапеност на судиите во јавноста, а особено тука се очекува заложба од младите судии.

06/10/2025

Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност.

Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана.

Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија.
Воедно, повикуваме на особена внимателност во јавното коментирање на судските постапки и носителите на судската власт, особено од страна на влијателни поединци и структури, бидејќи неодмерените изјави можат да создадат атмосфера на недоверба и притисок, што индиректно може да поттикне несакани и трагични настани.

Здружението на судии на Република Северна Македонија останува посветено на промовирањето и заштитата на независноста, непристрасноста и безбедноста на судиите, како основа за праведно и демократско општество.

23/09/2025

РЕАКЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ НА РСМ

Основно правно начело согласно домашните и меѓународните правни стандарди е да не се коментира неправосилна судска одлука, се со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен. Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ – донесена врз основа на признание на вина, Здружението на судии на РСМ, ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар.

По однос "вечната тема" платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното „зголемување“ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко!

Со почит Здружение на судии на РСМ.

Средба меѓу Здружение на судиите и претставници на Sustainable Criminal Justice Solutions (SCJS)Во рамки на Програмата з...
19/09/2025

Средба меѓу Здружение на судиите и претставници на Sustainable Criminal Justice Solutions (SCJS)

Во рамки на Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан (DEP), финансирана од Sustainable Criminal Justice Solutions (SCJS), денес се одржа значајна средба помеѓу претставници на оваа британска организација експертите Калум Кокс и Стјуарт Крозиер и претставници на Здружението на судиите на Република Северна Македонија судија Иван Џолев - претседател на ЗСРСМ и судија на Апелационен суд Скопје, судија Џемали Саити - претходен претседател на ЗСРСМ и судија на Врховен суд на РСМ и судија Осман Шабани - член на Управен одбор на ЗСРСМ и судија на Апелационен суд Скопје.

Претседателот на Здружение на судиите, г-дин Иван Џолев, изрази целосна поддршка за целите на програмата. Главна тема на дискусија беа предизвиците и можностите за јакнење на независноста, транспарентноста и одговорноста на судството во државата.

Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан (Democratic Empowerment Programе - DEP), која се спроведува од април 2025 до март 2026 година во пет земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Србија), има за цел да се фокусира на клучните аспекти на владеењето на правото. Поконкретно за Северна Македонија, акцентот е ставен на:

Јакнење на судските институции против политичките влијанија.

Зголемување на транспарентноста во носењето на судските одлуки.

Подобрување на постапките за избор на судии во повисок суд.

Утврдување на одговорност на судиите.

Претставниците на Sustainable Criminal Justice Solutions (SCJS) ја истакнаа важноста од соработка со локални институции и организации, како што е Здружението на судиите, за успешна реализација на програмските цели. Г-дин Џолев ја поздрави иницијативата и изрази подготвеност за активно учество во сите идни активности, потенцирајќи дека јакнењето на судскиот систем е од клучно значење за правдата и демократијата во државата.

Средбата заврши со заеднички заклучок за продлабочување на соработката и продолжување на дијалогот во наредниот период.

Здружението на судии на РСМ и Основниот кривичен суд Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со Приватна високоо...
23/07/2025

Здружението на судии на РСМ и Основниот кривичен суд Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со Приватна високообразовна институција Бреинстер Некст Скопје со цел воведување нови дигиталните алатки во Кривичниот суд, за поголема ефикасност и економичност на постапките и полесен пристап на граѓаните до услугите во надлежност на судовите.
Студентите на Бреинстер Некст, кои ќе посетуваат практична настава во Судот, ќе работат на воведување нови апликации преку кои со помош на Вештачка интелигенција ќе овозможат:
- Алатка за пренесување на аудио записите од главните расправи во текстуална форма ( speech to text ) на македонски јазик,
- Унапредување на технологијата за аудио и видео снимање на главните расправи
- Посебна апликација за директно и брзо анонимизирање на судските пресуди и
- Унапредување на веб страната на судот и поголема достапност на судот преку социјалните мрежи.
Меморандумот опфаќа и соодветна заштита на податоците, па така студентите нема да имаа директен пристап во судскиот систем и увид во не правосилни предмети, а воедно ќе се запазат и сите Законски одредби за заштита на личните податоци на странките и доверливоста на постапките.
Соработката со академијата е иницирана пред се заради олеснување на работата на судиите и судската служба со користење на Вештачката интелигенција, побрз пристап до правдата и ефикасно водење на постапките со целосно почитување на Законските одредби од ЗКП и Законот за судови. Но, воедно е од особен интерес за транспарентноста и отчетноста на судот и збогатување на фондот на објавени пресуди кои ќе бидат од интерес како за медиумите и невладините организации така и за збогатување на судската пракса.

Address

Bul "Krste Misirkov" Br. 1
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на судиите на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение на судиите на Република Северна Македонија:

Share