Алпинистички клуб 8 - АК 8

Алпинистички клуб 8 - АК 8 АЛПИНИСТИЧКИ КЛУБ 8 - АК 8 Скопје

Алпинистичкиот клуб 8 - АК 8 Скопје е оформен во почетокот на 2013-та година од група ентузијасти со цел промовирање и унапредување на алпинизмот во Македонија.

Алпинистичката обука се спроведува на ниво на алпинистички клубови и на ниво на Македонската алпинистичка федерација.
Во рамките на клубовите обуката се спроведува преку организирани алпинистички училишта кои се раководени од страна на Ин

структори по алпинизам кои поседуваат важечка инструкторска лиценца.

Обуката во рамките на Македонската алпинистичка федерација се спроведува преку курсеви и семинари. Курсевите и семинарите најчесто се од тематски карактер и на нив се обработуваат структурирани содржини кои се наменети за одреден алпинистички назив или пак за одреден сегмент од алпинистичката проблематика.

Секоја година Македонската алпинистичка федерација организира најмалку по еден семинар и курс за ‘‘зимски‘‘ и за ‘‘летен‘‘ алпинизам.

Сите што се заинтересирани за овој спорт може да станат членови на клубот, односно на Македонската алпинистичка федерација.
За да се стане член во АК 8 потребно е да се поседува соодветен лекарски преглед и животно осигурување.

07/10/2024

Минатата недела во Скопје се одржа генералното Собрание на Македонската алпинистичка федерација (МАФ), на кое беше избран нов претседател.

За нов претседател е избран Александар Зарапчиев, досегашниот генерален секретар и претседател на Алпинистичкиот клуб 8, кој зад себе има речиси 20 годишно искуство во алпинизмот и во активностите на МАФ.

Зарапчиев беше едногласно избран од присутните претставници на клубовите, кои му ја дадоа својата целосна поддршка да ја води Федерацијата. За генерален секретар беше именуван Илија Циривири, претставник од АК Матка Скопје, а технички секретар ќе биде Раде Набаков од АК Скопје. На Собранието, исто така, беа реизбрани членовите на Управниот одбор, во кој влегоа Илија Циривири, Александар Зарапчиев, Бобан Стојанов, Константин Циривири и Александар Дончев, а беа предложени и избрани нови членови на Управниот одбор, Слободан Димовски и Мартин Пејоски.

Во Надзорниот одбор беа избрани Антонио Додевски, Игор Талевски и Ристе Калинов. За време на собранието, формирани се нови работни групи кои ќе работат на изработка на нова долгорочна стратегија на федерацијата.

Со почит,
Македонската алпинистичка федерација

27/02/2023

Веќе две години просторот во подножјето на карпата е узурпиран од страна на непознати лица што изградија трло за кози, кои се пуштени слободно да пасат по терените ....

АЛПИНИСТИЧКИ КАМП - Нежилови стени 2022
17/10/2022

АЛПИНИСТИЧКИ КАМП - Нежилови стени 2022

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Алпинистички клуб 8 - АК 8 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Алпинистички клуб 8 - АК 8:

Share